Ознака: соработка

Стојаноски: Прекуграничната соработка со Грција ќе донесе реални вработувања на младите од Охрид

Post Views: 13 Реални вработувања посебно за младите од Охрид, ќе биде бенефитот од реализација на проектот за основање на нови претпријатија и зајакнување на постоечките, истакна првиот човек на градот проф. Јован Стојаноски. Тој денес во хотел Тино Охрид ја отвори Конференцијата за размена на искуства и Саемот за вработување Градоначалникот Стојаноски нагласи дека општина Охрид со овој проект покажала сериозна заинтересираност за зголемување на бројот на работни места во нашиот град, појаснувајќи во каква состојба се нашите претпријатија. „Постоечките претпријатија во моментот се...

Continue reading

Двајца кандидати за градоначалник од Охрид потпишаа договор за соработка со граѓанските организации

Post Views: 2 Денес во Охрид се одржа настанот „ОБВРСКА СЕГА! ЗА ДЕНОТ ПОТОА“. Како што информираше координаторот на граѓанскиот сектор на Охрид Елена Михајловска, иако времето било многу кратко, тие успеале да ги повикаат и консултираат организациите од граѓанскиот сектор со цел креирање на барања во различни области кои ќе бидат претставени пред кандидатите за градоначалници во нашата општина. „Со потпишување на барањето од граѓанскиот сектор кандидатите за градоначалник прифаќаат штом ја добијат довербата од граѓаните да се формираат мешани работни групи од општинската администрација...

Continue reading

ХОЛАНЃАНИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ОХРИД ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА

Post Views: 3 Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, оствари средба со претставници на Холандската организација АЛЕСКОН, од градот Асен, која е специјализирана во областа на социјалната политика. Средбата се реализира на големата заложба на Ели Младеновиќ Поцеста, охриѓанка која долги години живее и работи во Холандија.Гостите од Холандија без запознати со социјалните политики на Општина Охрид и проектитие кои општината ги спроведува во оваа област. На средбата се зборуваше за искористување на холандските искуства и нивната примена кај нас, како и заедничко...

Continue reading

Потпишан договор за соработка помеѓу ветеринарните комори од земјите во регионов

Post Views: 2 Потребна е интензивна соработка помеѓу ветеринарите од регионов. Регионов не само што дели иста историска судбина туку дели иста епидемиолошка судбина. Ветеринарната професија не само што се грижи за здравјето на животните, туку за здравјето на човештвото воопшто. Појавата на болести карактеристични за тропските предели што досега не се забележани во овој регион, како синиот јазик кај овците и козите, јазлестата кожа кај говедата, афричка чума кај свињите се актуелните предизвици исправени пред ветеринарните служби во земјава и соседните земји. „Претходните две години...

Continue reading

Само со добра едукација и заедничка соработка до позитивни резултати во борбата со аутизмот

Post Views: 4 Родителите на деца со аутизам имаат ретка можност да се едуцираат како да се однесуваат со своите најмили кои се во ваква состојба. Во рамки на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство, дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, денес и утре, во Охрид, во општинската зграда, се одржува петтата по ред бесплатна обука наменета за родители или членови на семејствата на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам. Но, иако овој проблем станува се поголем и поприсутен во државава, а и во нашава...

Continue reading

LAR Struga

Македонска и грчка младина заедно против бариерите

Post Views: 6 Уметност, индустрија, претприемништво, стопанство. Еве неколку поими кои имаат заедничко значење за Македонија и Грција. Но не на државно туку на општинско ниво. Младите од двете земји преку проектот „Контакти за заедничка иднина“ ќе ги рушат бариерите кои меѓу нас ги поставува политиката. Како дел од овој проект се одржале неколку подготвителни семинари во четири македонски и четири грчки градови во кои се споделиле искуства од најразлични области. А ова е заклучокот на претставниците од Грција. „Луѓето се многу отворени за соработка. Овој ѕид кој понекогаш го создаваат...

Continue reading

gimnazija

Преку медијација до соживот

Post Views: 5 Струшките гимназии мирно ја заокружуваат учебната година. Она што беше Средното Општинско Стручно Училиште „Нико Нестор“ од пред три години, извор на инциденти,  веќе не е, тврди директорот Васил Максимоски. Тој смета дека со добра организација и соработка со сите кадровски структури на училиштата, скоро и да не се остава простор за инцидент. Годинава се случиле само два помали инциденти кои благовремено биле расчистени. Максимоски вели дека како одговорни ги презеле сите мерки за безбедност но за тоа допринеле и работилниците за мултиетничка култура и медијација кои...

Continue reading

Агенцијата за филм за прв пат остварува соработка со престижната професионална програма „Мидпоинт“

Post Views: 2 Агенцијата за филм за прв пат остварува соработка со престижната професионална програма „Мидпоинт“, која што е една од водечките програми за развој на филмски проекти. Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска вели дека голем предизвик е тоа што токму во Македонија се одвива една ваква значајна програма. „Навистина се надевам дека ова ќе биде едно големо и значајно искуство за сите филмски професионалци кои се дел од работилницата. Ова ги потврдува нашите заложби, пред се заложбите на Агенцијата за филм, континуирано, покрај поддршката во однос на финансирањето...

Continue reading

Пензионерите од Охрид и Дебрца воспоставија соработка со колегите од Костур

Post Views: 5 Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца воспоставија контакт за соработка со пензионерите од Костур, Р. Грција. Делегација од здружението во состав од претседателот Ѓорѓи Трпчески, секретарот Стефан Владимиров и претседателот на Собранието Димитар Спасески се сретна со своите колеги од Костур. Станува збор за прва официјална средба на пензионери од двете соседни земји. Македонските и грчите колеги разменаа искуства околу поставеноста, структурата на органите и телата, начинот на финансирање, пензиските примања, животниот стандард и социјалната заштита, активностите...

Continue reading

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива

Post Views: 4 ЈНУ Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива од Јапонија денес потпишаа договор за соработка во научната област. Охридското Езеро и езерото Бива од Јапонија се едни од најстарите езера во светот и имаат голем број заеднички карактеристики. Со потпишувањето на овој меморандум локалните власти и научните експертски тимови ќе можат да разменуваат искуства за заштита на овие еко системи. Двете институции во иднина ќе иницираат реализација на заеднички проекти. Соработката меѓу двете институции ќе се одвива на две нивоа, во научно – истражувачката дејност и на ниво...

Continue reading

biznismenka

Жената столб за успешен бизнис

Post Views: 0 Фирмите кои ги предводат жените од пограничната област на Р. Македонија и Р,Албанија, ставени на ДВД. 40 фирми од Струга и Поградец, со кои директоруваат жените претприемачки, веќе си го најдоа своето место за понатамошна промоција. Глигор Михајловски, од Македонската развојна фондација за претпријатија, вели дека на ДВД – то застапени се бизнисите на сите претприемечки, кои до нив ги доставиле основните податоци за дејноста која ја вршат. Тој кажа дека ова е само успешен почеток на проектот за промоција на женско претприемништво кое се спроведува во рамките на...

Continue reading

Дримската конференција: Одличен моментум за процесот на прекуграничната соработка за управување со басенот на река Дрим

Post Views: 1 На петтата годишнина од потпишувањето на Маморандумот за заедничка визија на Дримскиот басен и првата година од отпочнувањето на ГЕФ Дримскиот Проект , повеќе од 120 преставници се собраа во Приштина како индикатор на силен моментум за дримскиот процес во оваа година. Операционализацијата на ГЕФ Дримскиот проект и имплементацијата која во насредните 4 години тежи 5.5 милиони долари, овозможува критичен напредок на прекуграничната соработка за управување со дримскиот басен. Во духот нс позитивниот моментум г-дин Стево Темеловски , заменик министер за живтна средина и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top