Ознака: СВ

Литургии и настани по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“

Post Views: 10 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2019 година (понеделник), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие). Во понеделник, 30-ти септември, во...

Continue reading

Средношколци од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски на Macedonia Manufacturing Expo 2019

Post Views: 1 Во среда, ученици од Општинскиот електромашински училишен центар Св Наум Охридски ќе присуствуваат на настанот „ Macedonia Manufacturing Expo – 2019“ во Скопје. Над триесетина средношколци од овој центар ќе имаат можност да слушнат повеќе информации за значењето на дуалнот стручно образование, а исто така да земат учество и во дискусија. Настанот и поканата се во организација на делегацијата Германското стопанство во Република Северна Македонија. Покрај, средношколците од прва година, на настанот ќе бидат и неколкумина ученици од втора година, информира директорoт...

Continue reading

Осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“

Post Views: 4 Речиси осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“. Години наназад ова училиште мака мачеше со запишувањето на првачиња, но оваа година бројката потсетува на некои златни времиња кога таму учеле и по повеќе од 100 првачиња. Причини за ваквата драстична промена има повеќе. Пред се тоа се условите кои ги нуди училиштето, како што е едносменското работење и функционирањето на продолжниот престој до 17 часот. Но зголемениот број на првачиња создаде нов проблем. Училиштето бара од Министерството за образование да му се одобри да формира...

Continue reading

Денес праволавните христијани го слават „Св.Константин и Елена“

Post Views: 1 Денес 3-ти јуни, православните христијани го одбележуваат големиот христијански празник Свети Константин и Елена кои црквата ги прогласила за светци и рамноапостолни. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година и е син на висок римски старешина. По смртта на татко му во 306 година станал цар. Мајка му Елена многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зошто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка во душата гледал како царските војници ги мачат и убиваат христијаните. Подоцна...

Continue reading

Градежните активности околу спортската сала што се наоѓа во склоп на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се во завршна фаза

Post Views: 2 Денес, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со директорот на средното училиште, Сашо Недески, извршија увид за текот на активностите. Привршуваат работите околу изградбата на спортската сала во Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“. Најголемиот дел од активностите за изградба на салата, која се протега на 650 м2, се завршени, а во наредниот период следува финализирање на зафатите и опремување со сите потребни спортски реквизит. Изградбата на салата е дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование...

Continue reading

hor

Вечерва во црвквата Св. Софија, настап на филхармониската хорска капела „Јарославија“

Post Views: 6 Вечерва со почеток во 18 часот во Црквата „Света Софија“ ќе се одржи концерт на хорот „Јарославија“ на Јарославската државна филхармонија Станува збор за настан кој е дел од програмата на „Деновите на духовна култура на Русија во Македонија“. Филхармониска хорска капела „Јарославија“ од древниот руски град Јарослављ има многу настапи во Русија и во странство. Оваа капела ги продолжува најдобрите традиции на руската хорска изведувачка школа. Уметнички раководител и диригент е Владимир Контарев. На концертот ќе се слушнат класични хорски нумери од руски композитори, како...

Continue reading

Традиционалната крводарителска акција за празникот Св. Климент

Post Views: 2 Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (четврток) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (петок) во периодот од 9-13 ч. Ги покануваме нашите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

Continue reading

Светски познатиот сопран Инва Мула настапува вечерва во Св. Софија

Post Views: 1 Почестена сум што повторно имам покана за настап на Фестивалот Охридско лето , фестивал со 59 годишна долга традиција, рече оперската ѕвезда Инва Мула пред вечерашното гостување. Тоа значи дека станува збор за сериозна институција која се грижи за уметницте и уметонсота . Сум настапувала на овој фестивал 2-3 пати и се сеќавам на прекрасниот магичен амбиент во црквата Св. Софија ,а се надевам дека вечерва уште повеќе тоа ќе го потенцираме . „ Среќна сум што не настапувам сама туку со колегита Дешира Ахмети и Ѓорѓи Цуцкоски. Добро е да не се настапува сам. Кога пеете добро...

Continue reading

logo

Св. Кирил и Методиј Солунски

Post Views: 2 Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја, почнувајќи од деветти век. Наречени се сесловенски просветители и рамноапостолни (еднакви на апостолите). Се почитуваат во сите словенски земји. Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија...

Continue reading

Зградата на ОУ Св. Климент Охридски ќе добие нови врати и прозори

Post Views: 0 ОУ Св. Климент Охридски ќе биде реновирано до почетокот на новата учебна година. Старата дотраена дограма ќе биде заменета со нови врати и прозорци со што зградата ќе добие енергетска ефикасност. Овој проект е еден од 8 -те одобрени преку Центарот за Југозападен плански регион во вредност од 62 милинони денари или 1 милион евра за 7 општини, информира Мирјана Лозаноска директор на Центарот за Југозападен плански регион. Некои проекти се почнати со реализација, за други се во тек тендерски постапки, за некои постапките се завршени, а за други се при крај, укажува Лозаноска. „Улицата...

Continue reading

Најголеми штети има во автокампот Љубаништа и во Св. Наум

Post Views: 5 Оштетени коли од откорнати дрвја, превртени и искршени камп приколки, како и оштетувања на кровни конструкции од станбени објекти е епилогот од 20 минуитното невреме кое го зафати охридското крабржје пред неколку дена. Претставници од локалната самоуправа го посетија погодениот реон на потегот од Градиште до Св Наум. За среќа, констатирале помали оштетувања од ветерот кој дувал со брзина од 140 до 150 км, информира Томе Нанески од Фондот за комунален развој. „ Констатирано е дека најголеми штети има на дел од кампот Љубаништа и кампот Св. Наум и за среќа нема повредени....

Continue reading

Новиот болнички блок во „Св. Еразмо“ ќе биде завршен до септември

Post Views: 4 Според збровите на министерот за здравство Венко Филипче, специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, ќе го добие новото болничко крило до крајот на летото. Првиот човек за задравство ова го најави при неговиот неодамнешен работен престој во Струга. Филипче кажа дека на почетокот на 2018 година наследена е ситуација во која имало целосен застој на работите на новото крило на болницата, но после интензивните разговори со менаџментот на болницата и изведувачот работите продолжиле. Филипче додаде дека во текот на градежните работи дошло до...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top