Ознака: СВр

droga

Пронајдена голема количина дрога во Враништа

Post Views: 6 „Веднаш после добивањето на оваа информација од страна на полициските службеници од СВР-Охрид и полициската станица од Струга излезено е на лице место, извршено е фотодокументирање на пронајдената опојна дрога како и нејзино одземање. Веднаш непосредно потоа дрогата е испратена на вештачење во МВР. Според сознанијата на црниот нарко-пазар оваа количина на опојна дрога значи околу 114 килограми би изнесувала од 120.000 до 150.000 евра.“-рече Стефан Димоски-Портпарол на СВР-Охрид Од СВР-Охрид велат дека ги преземаат сите оперативни мерки за целосно расветлување на овој...

Continue reading

Тешка сообраќајна незгода кај Подмоље

Post Views: 8 Утово некаде околу 7 часот и 35 минути на патниот правец Охрид – Кичево, се случи тешка сообраќајна незгода, во која настрада едно лице, К.К. 58 год, а возачот М.К. е во животна опасност. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, до сообраќајката дошло кога тешко повредениот М.К. управувајќи го своето патничко моторно возило „Ауди“, со охридски регистарски таблички кое се движело во правец према Охрид, од засега непознати причини, скршнал на спротивната коловозна лента од каде во правец на Кичево, се движел автобус со ученици  на Јахја Кемал. Лицата веднаш биле...

Continue reading

Запленето оружје и дрога во Велешта

Post Views: 8 Над 400 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловна пушка од Руско производство без соодветни документи, неколку куршуми за огнено оружје пиштол, повеке патрони за ловна пушка, помала количина опојна дрога Хероин како и рачни часовници Ролекс и Кварт, мобилни, се пронајдени  при два одвоени претреси извршени вчера кај две лица во струшкото село Велешта. По претходно добиена судска наредба, СВР Охрид реализира претреси во Велешта. Претресите се извршени во содејство со криминалистичката полиција при Полициската станица Струга при што во домовите на овие две лица, дополнително...

Continue reading

Како до побезбедни матурски и полуматурски вечери?

Post Views: 2 Организирањето на матурска вечер без инциденти станува се поголем предизвик. Состојбите се такви какви што се, а сега останува само да се минимизира колатералната штета. Во таа насока беше и денешниот дваесетти по ред состанок на советодавната група на граѓани од Охрид. СВР-Охрид ќе ги запознава родителите и нивните деца-матуранти за нивните права и обврски за време на матурските прослави. Овој проект се спроведува трета година по ред и бележи добри резултати. Состанокот на советодавната група на граѓани заврши со неколку заклучоци. „Од присутните беше пред се побарано...

Continue reading

svr

СВР Охрид за малиот Кирил

Post Views: 2 На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на единаесет месечниот Кирил Митрески од Охрид кој боледува од редок вид на рак на примарниот мозок. Посакувајќи нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно детство, здрав и среќен живот, полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата хуманост ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства за лекување како и со...

Continue reading

свр

СВР Охрид во контрола на охридските и струшките кафулиња

Post Views: 1 Повеќе акциски контроли реализира викендов Секторот за внатрешни работи во угостителски објекти во Охрид и Струга. Во дваесеттина кафе барови и ноќни клубови беа извршени контроли согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за заштита од пушење, законот за угостителска дејност, законот за туристичка дејност како и по други законски основи од кривичниот законик. Акцент беше ставен на присуство на малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот и точење алкохол на малолетни лица. Контролите во Охрид и Струга, Секторот за внатрешни работи ги реализира...

Continue reading

Охриѓанец ја нападнал сопругата, 83-годишна жена касната од куче скитник-СВР БИЛТЕН

Post Views: 12 На 19.07.2021 година во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир со физички напад извршен на 18.07.2021 година во 20.30 часот од А.А. врз неговата сопруга, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 19.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен е помор на риби од рибник, лоциран кај месноста „Речица” на пат кон охридското село Куратица. Од извршениот увид, констатирано е дека поради прекин на електрична енергија во рибникот дошло до помор на 260 парчиња риба Охридска пастрмка. На 19.07.2021 година во 16.30 часот на улицата „Стив...

Continue reading

„Соседска патрола“ на СВР во Охрид и Струга

Post Views: 2 Притоа, мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа во Охрид, извршија превентивна обиколка на повеќе угостителски објекти во централното градско  подрачје, но и на периферијата од градот, како и на други јавни места на отворен простор каде, во ноќните часови младите најчесто се собираат и задржуваат. Целта на кампањата е родителите да видат каде нивните деца излегуваат, како и во каков амбиент младите се забавуваат во ноќните...

Continue reading

Сопствениците на менувачниците и златарите на средба со преставници од СВР

Post Views: 4 Васил Маркоски, сопственикот на менувачницата „Васко М“ која неодамна беше цел на крадци, денес заедно со остнатите сопственици на менувачници и на златари од Охрид, на заедничка средба со полицијата. Маркоски раскажа за неговиот случај кога во менувачницата на сред бел ден било извршено разбојништво, а неговата сопруга која се наоѓала на благајната била преплашена. За среќа тој навреме интервенирал па крадците избегале без плен. Со полицијата соработката треба да биде на едно повисоко ниво и службениците да се поприсутни во чаршијата и тоа во униформи а не во цивилна...

Continue reading

svr merki

СВР Охрид со безбедносни мерки од копно и вода за големиот празник Водици

Post Views: 8 СВР Охрид со последни подготвителни мерки во пресрет големиот празник Водици како би се овозможило безбедно одвивање на истиот. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој воедно е и дел од координативното организационо тело за празникот, вели дека ќе се преземаат широк спектар на безбедносни мерки но карактеристични и редовни за еден ваков настан, без посебни зголемување на безбедносните мерки. Ова според него е доста важно бидејќи податоците говорат за многу малку нарушувања на јавниот ред и мир на овој ден во изминатите години, или без никакви нарушувања во последните...

Continue reading

Казнети повеќе возачи на подрачјето на СВР Охрид

Post Views: 2 При сообраќајни контроли извршени на подрачјето на СВР Охрид на 15/16.07.2021 година, полициските службеници затекнале и санкционирале 5 возачи на моторни возила кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-03) и 26 возачи кои во населено место ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-05, Струга-12, Кичево-07, Дебар-02). -Сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, зголемување на безбедноста во сообраќајот и смалување на можностите за сообраќајни незгоди.-се вели во соопштението на...

Continue reading

Тепачка, закани, пронајдени пиротехнички средства : СВР Билтен

Post Views: 1 На 22.02.2022 година околу 20 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и закани со остар предмет упатени од С.Б.(35) кон А.П.С., двајцата од Охрид. По целосно документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. На 22.02.2022 година околу 08.30 часот во СВР Охрид пријавено е дека во деловна просторија на улица „Новопроектирана” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.П. врз Г.К.(67), двајцата од Охрид. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. На...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top