Тепачка, закани, пронајдени пиротехнички средства : СВР Билтен

Охриѓанец нападнал сограѓанин со остар предмет, тепачка во деловна просторија на улицата „Новопроектирана“ во Охрид, пронајдени пиротехнички средства, малолетничка касната од куче скитник. Погледнете го најновиот СВР билтен !

 |   | 

На 22.02.2022 година околу 20 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и закани со остар предмет упатени од С.Б.(35) кон А.П.С., двајцата од Охрид. По целосно документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 22.02.2022 година околу 08.30 часот во СВР Охрид пријавено е дека во деловна просторија на улица „Новопроектирана” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.П. врз Г.К.(67), двајцата од Охрид. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 22.02.2022 година околу 15.30 часот на улица „Карпош Војвода” во Охрид, полициски службеници извршија преглед врз А.А.(25) од Охрид и притоа, кај него биле пронајдоа и одзедоа пиротехнички средства. Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.02.2022 година, З.Ј.(49) од охридското село Велгошти во СВР Охрид пријави дека на 21.02.2022 година на улица „15 корпус” во Охрид неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top