СВР Охрид за малиот Кирил

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на единаесет месечниот Кирил Митрески од Охрид кој боледува од редок вид на рак на примарниот мозок.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

stefan dimoskiПосакувајќи нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно детство, здрав и среќен живот, полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата хуманост ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства за лекување како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/143-153 и 075/077/143-462.
Собраната хуманитарна финансиска помош, СВР Охрид како општествено одговорна институција ќе ја достави на денарската сметка – Кирил Митрески: 370006305464561 при Еуростандард банка АД Скопје.

Искрено сакаме да го дадеме својот придонес кон побрзо собирање на потребните парични средства за нашиот млад охриѓанец на кого, од срце му посакуваме успешна операција, добро здравје, да има среќно детство и долг живот и заедно со неговото семејство да им се радува на убавините на животот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top