Ознака: СВр

kuce-maska

СВР Охрид со мерки против несовесни сопственици на кучиња

Post Views: 15 Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основниот Суд во Охрид поднесе  барања за поведување прекршочна постапка против шест лица кои, своите домашни миленици односно кучиња, невнимателно и без заштитни маски ги шетале своите кучиња на јавно место. Пријавите се поднесени против Е.М.(18) С.С.(29) И.Р.(29) М.Г.(26) П.С.(24) и Д.М.(48) сите од Охрид кои во текот на минатиот месец се затекнати на различни места  на подрачјето на Општините Охрид и Дебрца. Тие ги воделе односно невнимателно и без надзор ги имале пуштено своите домашни   кучиња од расите „Пит бул,, „Доберман„...

Continue reading

СВР

Погина градежен работник

Post Views: 0 Фадил В. роден 1952 год. почина денеска при изведување на градежни работи на ул.„Кирил и Методиj“ во Охрид. Од СВР велат дека се работи за несреќен случај при изведување на градежни работи. Имено настанот се случил при качување по дрвени скали кога работникот изгубил рамнотежа и паднал од висина од 5 метри. Фадил В. починал на лице место. Увид е направен од полициски службеници и доктор од општата болница. За случајот бил известен и дежурниот судија при основниот суд во Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

semafori Hristo

Побезбедно без семафори ?

Post Views: 2 Раскрсницата кај основното училиште Христо Узунов се регулира само со сообраќајни знаци. Граѓаните загрижени за својата безбедност. Од секторот за сообраќај и улици велат, тоа е во нивна полза. Ова можеби ви изгледа малку нелогично, но е дел од објаснувањето што го добивме од Локалната на прашањето зошто овие семафори веќе години наназад не функционираат. Раскрсницата на која поминуваат голем број  деца, е регулирана само со сообраќајни знаци. Зоран Шикалески, од секторот за сообраќај и улици вели дека безбедноста на граѓаните се загрозувала ако работат семафорите. ...

Continue reading

svr

Се исклале поради забраната за пушење

Post Views: 0 Утрово околу 00.50  во кафе-барот „Респект„ во близина на Градскиот плоштад  во Охрид се случи тепачка во која учествувале 5 лица од Охрид. Еден од нив се здобил со  убодни рани од остар предмет кој по укажаната лекарска помош во Охрид и Струга е префрлен во болницата „Систина„ во Скопје. На тепачката и претходела вербална расправија која ја започнале Н.М.(25) и Љ.К.(27) кои биле под дејство на алкохол.Тие, од страна на З.Т.(48) и С.Л.(22) кои извршувале обезбедување на објектот, биле предупредени да не пушат внатре во локалот. Револтирани поради тоа, започнале расправија,...

Continue reading

zgradi

Охридските домови мета на крадците

Post Views: 4 Охридските домови сеуште мета на крадците. Злосторниците не бираат, дали станува збор за викенд станови и куќи или пак за постојани живеалишта. И покрај тоа, охриѓани, се чувствуваат безбедни и веруваат во работата на полицијата. По пријавите на граѓаните за зачестени кражби во нашиот град, го исконтактиравме портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој не информира дека објекти кои најчесто се предмет на грабеж се куќите и становите, без разлика дали станува збор за викенд или постојани живеалишта. Се почесто, на мета на провалниците се и продавниците. Според начинот...

Continue reading

peshacki

Сообраќајната култура во Охрид

Post Views: 19 Почитувањето на сообраќајните правила во Охрид, сеуште далеку од потребното ниво. Сообраќајната сигнализација се почитува селективно и покрај фактот што казните за такво однесување се доста високи. Се спроведуваат активности од надлежните за да се подобри сообраќајната култура кај граѓаните.„ СВР-Охрид во континиутет, преку цела година презема мерки, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, во делот на почитување на поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Паралелно со тоа, СВР-Охрид спроведува и повеќе кампањи и проекти кои се насочени...

Continue reading

den na prevencija

Ден на превенција

Post Views: 6 Денес сите полициски станици кои се во рамките на СВР Охрид, со пригодна свеченост го одбележаа Денот на превенцијата. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски направи една ретроспектива на сите нивни активности од 2008  година кога е формирано одделението за превенција. Како што е добро познато тоа има задача да делува исклучиво на превенција во сите сегменти на полициското работење.Димоски посебно е задоволен од реализацијата на проектите кои се однесуваат на делувањето на превенција со дрога, трговија со деца како и проектот „Дрога, превенција и заблуда“. Димоски...

Continue reading

petardi

Започнува сезоната на празници, но и на петарди

Post Views: 4 Овој период од годината посебно деновите пред новогодишните празници, се карактеризира со зголемена злоупотреба на пиртехничките средства. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека само во минатата година,  СВР Охрид на подрачјето на општината пронајде и одзеде околу 20.000 парчиња петарди како и други пиротехнички средства. Исто така против  две лица била поднесена и кривична пријава. Што се однесува до поседувањето и користењето на нелегалното оружје, Димоски информира дека се прават огромни напори за легализација на оружјето од Б,Ц,Д, категорија како...

Continue reading

parkiranje

СВР не простува, постојано крева автомобили

Post Views: 11 Пајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори. Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури...

Continue reading

Stefan Dimoski

Фатен разбојник

Post Views: 6 Расветлени две кривични дела разбојиштво.  Предраг П. осомничен дека е сторител на две кривични дела „Разбојништво“. СВР против овој (39) годишен охриѓанец поднесе кривична пријава. Пријавениот, кривичните дела ги сторил синоќа во киоскот „Кенгур-пром„ на улицата „Галичица„ и на 17-ти овој месец во Аптека „Виола„ на улицата „Сирма Војвода„ Тој го искористил моментот кога во објектите немало други луѓе и маскиран со плетена капа и шал, влегувал во објектот и под закана со нож, од вработените барал и одземал пари. „Имено вчера околу 18.10 минути извршено е разбојништво...

Continue reading

crven krst

Започна третата сезона од проектот „Дрога, вистини, заблуди“

Post Views: 2 СВР, Црвениот крст, познати лица од Охрид и локалните самоуправи кои ги покрива секторот, од денеска ја започнаа третата фаза од проктот „Дрога, вистини, заблуди“.Станува збор за проект во кој како целни групи се вклучени учениците од основните, средните училишта и црвен крст. Во контекст на овие целни групи овој проект е најголем од ваков вид во Р Македонија“, изјави портпаролот на СВР Стефан Димовски. Тој додаде дека оваа сезона ја започнаваат со нова кампања во која се вклучени повеќе лица од Охрид – од светот на музиката, естрадата, култура…. „ Сметаме...

Continue reading

sdsm

Инцидент во ОО на СДСМ Охрид

Post Views: 0 Познат изнудувач од Охрид, вчера околу 20 часот, во просториите на ОО на СДСМ, вербално и физички го нападнал претседателот на огранокот, Науме Јованоски. Ова за ТВМ го потврди портпаролот на СВР, Стефан Димоски, каде случајот бил пријавен. Портпаролот рече дека во текот на денешниот ден, стручните екипи на СВР работат на пронаоѓање и повикување на лицата кои се пријавени, со цел да се изврши разговор со нив, како би се утврдиле сите наведени искази од страна на пријавувачот. Димоски додаде дека доколку се потврдат исказите, ќе следуваат соодветни пријави против сторителите. ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top