Се исклале поради забраната за пушење

Утрово околу 00.50  во кафе-барот „Респект„ во близина на Градскиот плоштад  во Охрид се случи тепачка во која учествувале 5 лица од Охрид. Еден од нив се здобил со  убодни рани од остар предмет кој по укажаната лекарска помош во Охрид и Струга е префрлен во болницата „Систина„ во Скопје.

 |   | 
svr
СВР

kaficУтрово околу 00.50  во кафе-барот „Респект„ во близина на Градскиот плоштад  во Охрид се случи тепачка во која учествувале 5 лица од Охрид. Еден од нив се здобил со  убодни рани од остар предмет кој по укажаната лекарска помош во Охрид и Струга е префрлен во болницата „Систина„ во Скопје.

На тепачката и претходела вербална расправија која ја започнале Н.М.(25) и Љ.К.(27) кои биле под дејство на алкохол.Тие, од страна на З.Т.(48) и С.Л.(22) кои извршувале обезбедување на објектот, биле предупредени да не пушат внатре во локалот.

Револтирани поради тоа, започнале расправија, викање и недолично однесување кое набрзо прераснало во туркање и тепачка. Тепачка продолжила надвор од објектот каде, се вмешал и А.В.(30) од Охрид.

Понатамошниот тек на нарушувањето е спречено со брза интервенција на полициските службеници од СВР Охрид кон кои Н.М. се обидел да се спротивстави. Истиот набрзо бил пренесен во Општата болница во Охрид каде продолжил со агресивното однесување и силно викање оневозможувајки им на медицинските лица да му укажат медицинска помош а во еден момент својата агресивност ја манифестирал и со обид да го одтурне полицискиот службеник тргајки го за полициската униформа. На излегување од хируршкото оделение во Охрид и негово носење во болницата во Струга, Н.М. со тупаница го скршил прозорското стакло од влезната врата на болничката просторија.

Кај Н.М. констатирани се убодни рани во пределот на градниот кош но поради дополнителни прегледи истиот со медицинско возило е пренесен во болницата „Систина „ во Скопје.

СВР Охрид презема засилени мерки за целосно расчистување на овој настан и утврдување на степенот на инволвираност на учесниците во тепачката по што ке биде поднесена кривична пријава.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top