Ознака: СВр

Кај охридски средношколци пронајдена марихуана

Post Views: 3 Настанот кој фрли црна дамка врз охридската Гимназија денеска го потвридија и од СВР и од училиштето. Директорот на средното училиште Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски кој денеска службено беше во Скопје, во телефонскиот разговор истакна дека вакви постапки на учениците никако нема да бидат толерирани, туку напротив децата ќе бидат санкционирани. Рилковски потврди дека деновиве се разговарало и со родителите и со пет од децата инволвирани во случајот, а за утре била закажана средба со уште едното дете и неговите родители.  Директрот уште кажа дека за случајот ќе се...

Continue reading

crtezi

Како децата го гледаат оружјето

Post Views: 6 Финиширан проектот „Акција против огненото насилство“. Како треба да изгледа светот против оружјето, беше насликан од страна на учениците од ОУ во регионот. Нивните дела беа експонирани во СВР Охрид а истовремено беа наградени најдобрите слики. Портпаролот на СВР –Охрид Стефан Димоски, ја пофали работата на одделението за превенција од секторот, кои во соработка со НВО „Цивил“ и мисијата на ОБСЕ одиграле главана улога во подигање на степенот на јавната свест во оваа сфера. Претставничката на мисијата на ОБСЕ Јана Напа, рече дека погледнале вкупно 2900 цртежи од цела...

Continue reading

SVR

Илегален влез за незаконски лов

Post Views: 5 Утрово во 6 часот и 30 минути се случи вооружена престрелка, во близина на граничниот премин Св. Наум во Охрид, на македонска територија. Оваа информација ја потврдија и од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски според првичните информации кои ги имале, кажа дека пукотниците настанале кога македонската полиција при патролирање пресретнала 10 члена група албански државјани. Тој додаде дека имале сознанија за делувањето на илегални групи на територијата на НП „Галичица“ од македонска страна, кои незаконски ловеле дивеч. Димоски потенцира дека утрово биле поставени неколку...

Continue reading

Brod Sileks

Опожарен бродот Силекс, спречена поголема катастрофа

Post Views: 0 Се потврдуваат констатациите на граѓаните дека пловните објекти во Охрид се оставени на милост и немилост. Нивното моментално засолниште воопшто не е решение, а последните настани кои се случија потврдуваат дека чамците, глисерите и бродовите се мета на крадци и бездомници. Ова го потврдува и синоќешниот настан, во кој благодарение на брзата интервенција на против пожарната служба, СВР и итната медицинска помош, спасен е еден човек и спречена е поголема катастрофа.   Имено синоќа околу 21 часот беше опожарен бродот Силекс кој подoлг временски период е укотвен во каналот...

Continue reading

doktor

„Лажни доктори“ хараат во Охрид

Post Views: 6 Во Охрид деновиве се појавија „лажни доктори“ чии жртви се повозрасни лица. Дознавaмe дека нуделе  медицински услуги, влегувајќи во домовите на охриѓани. „Најверојтно прават списоци на пациенти кои биле оперирани во Скопје во Филип II и одат по домовите се легитимираат со лажни легитимации се преправаат дека се лекари и за тоа им земаат големи суми на пари. Пацинтите веруваат, а средствата кои ги даваат за прегледи се помеѓу 3 и 6000 денари“, вели портпарол на општа болница д-р Сашо Василески. Василески апелира до граѓаните да не им веруваат на таканаречените „Лажни...

Continue reading

policija

Охриѓани спијте мирно

Post Views: 32 Полициските службени возила не возат со гориво на вересија. Иако вчера претседателот на СДСМ Науме Јованоски рече дека немањето доволно гориво за службениоте возила е причина за зголемениот број сообраќајни незгоди се покажа спротивното. Охридската полиција будно ја следи состојбата во градот. Обвинувањата на ОО на СДСМ дека полициските возила во градов кубурат со гориво за службените возила се покажаа како неточни. Имено на вчерашниот прес на охридските Социјалдемократи претседателот на партијата Науме Јовановски излезе со информација дека според нивните сознанија...

Continue reading

sveki

Безбедносната слика на градот

Post Views: 8 Охридската јавност сеуште во шок по убиството  на српскиот турист. Јавноста исплашена, градоначалникот се оградува од одговорност, а министерот за внатрешни работи молчи. Најпоставувано прашање деновиве во Охрид е колку сме сите ние безбедни. Крвавите тепачки низ охридските локали, како и бројните фатални сообраќајни несреќи по охридските улици, сигурно не одат во прилог на безбедносната слика на градот. Последното свирепо убиство на туристот од Белград, крвничкото претепување на Дејан Новаковиќ, ја прели чашата  и отвори многу дилеми. Колку сме сите  ние безбедни во...

Continue reading

Svr ekologija

СВР го одбележа Светскиот ден на екологијата

Post Views: 0 СВР Охрид со низа активности го одбележа светскиот ден на екологијата. Годинава во соработка со ЈП Охридски Комуналец, се уредуваше паркот пред зградата на СВР, а пред Авто мото друштвото Васил Стефоски и Здружнието на возачи Охрид, се спроведе акција во која се контролираат патничките и товарни возила, за издувни гасови. „ Во координирани активности станицата за безбедност во патниот сообраќај спроведува активности насочени на контрола на патничките товарни моторни возила, пред се за издувни гасови.Поставени се два пункта во соработка со надлежните во здруженијата...

Continue reading

narkomansko duvlo

Родители водете сметка дали вашите деца се на училиште !

Post Views: 1 Наместо во училиште, седум малолетници  завршиле во сомнителен објект, познат кај влашакамалци како собиралиште на зависници  од дрога. Четирите малолетнички  самоволно ја напуштиле наставата и околу 16 часот биле  затекнати   во објектот, од страна на полициските инспектори. Како што  стои во полицискиот извештај, малолетничките се ученички  во едно основно училиште, додека тројцата малолетници, од кои еден познат на службите како наркозависник, се вонобразовниот процес. Опасниот објект e затскриен од очите на обичните минувачи, собиралиште на наркозависници и место...

Continue reading

policija

Причина за радост…или стрес?

Post Views: 0 СВР Охрид заедно со претставници на  релевантните фактори од градов одржа работен состанок на тема безбедни матурски вечери. СВР повторно ги собра преставниците на релевантните фактори од градов, со цел да имаме побезбедни матурски вечери. Целта на овој работен состанок е запознавање со превентивните мерки  кои ќе се преземат и нивно координирано применување. Ова ќе придонесе за намалување на асоцијативното однесување кај младите за време на матурските прослави. „Ова е втора година како се одржува оваа средба во ваков состав, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан...

Continue reading

kasarna

Охридската касарна ќе прерасне во образовен центар

Post Views: 26 Охридската касарна ќе прерасне во образовен центар. Дознаваме дека за еден месец, таму треба да се дислоцираат универзитетите, но и да се изгради кампус за студенти. Градоначалникот Петрески вели дека покрај студентите, на овој простор ќе бидат сместени и Секторот за Внатрешни Работи и Противпожарната станица. По одлуката на владата касарните во градовите да преминат во сопственост на општините, ќе се трансформира и Охридската касарна. Градоначалникот Александар Петрески вели дека планот на локалната самоуправа е таа да прерасне во образовен центар, каде ќе бидат сместени...

Continue reading

Изнуда за еден милион евра по СМС порака

Post Views: 2 Кривична пријава и мерка притвор од 30 дена за 45 годишниот Ж.Н од Струга, поради  постоење на основано сомнение дека  сторил кривично дело „ИЗНУДА“ по член 258 од КЗ на Р.Македонија. Согласно поднесената кривична пријава лицето против кого е понесена пријавата имало цел за себе да присвои противправна имотна корист. Имено Ж.Н на 4 февруари годинава на лице од  Охрид, преку мобилен телефон му испратил порака со заканувачка содржина, во која биле упатени сериозни закани по неговиот живот и животот на членовите на неговото потесно семејство, со цел да изнуди парични средства...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top