Родители водете сметка дали вашите деца се на училиште !

Наместо во училиште, седум малолетници  завршиле во сомнителен објект, познат кај влашакамалци како собиралиште на зависници  од дрога.

 |  Валентина Неловска  | 
narkomansko duvlo
наркоманско дувло

narkomansko duvloНаместо во училиште, седум малолетници  завршиле во сомнителен објект, познат кај влашакамалци како собиралиште на зависници  од дрога. Четирите малолетнички  самоволно ја напуштиле наставата и околу 16 часот биле  затекнати   во објектот, од страна на полициските инспектори. Како што  стои во полицискиот извештај, малолетничките се ученички  во едно основно училиште, додека тројцата малолетници, од кои еден познат на службите како наркозависник, се вонобразовниот процес.
Опасниот објект e затскриен од очите на обичните минувачи, собиралиште на наркозависници и место каде што на љубопитните малолетници им е достапно најголемото зло, дрогата.
Околните жители  укажуваат дека во објектот покрај наркозависниците,  често се присутни  некои ученици од основното училиште кое се наоѓа во непосредна близина. Влашкамаалци  велат, живееме во страв од однесувањето на сомнителните луѓе, а застрашувачки делува и просторот преполн со шприцеви и игли. Пред два месеци жителите преку граѓанска иницијатива побараа од градоначлникот Александар Петрески,  просторот кај Чинарот, некогашното култно место на маалско живеење, да се среди. Апелираа да се дислоцираат нелегално изградените објекти кај Чинарот, да се сруши распаднатата куќа и хортикултурно да се уреди просторот. По два месеци велат не добиле никаков одговор од локалната самоуправа. Резултатите од  последната полициска акција се сериозен сигнал дека заедницата мора брзо да делува. ТВМ ги контактираше надлежните институции за да дознаеме како се одвиваат работите. Од секторот за урбанизам информираат дека решението за рушење на куќата е изготвено и  доставено до соспствениците. Доколку тие до крајот на оваа недела не го срушат сами објектот, тогаш тоа ќе го стори општинскиот комунален инспекторат, а фактурата ќе им биде доставена на сопствениците,  нагласи раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање Бранко Арнаудов.
ТВМ и понатака ќе го следи случувањето со овој објект.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top