Ознака: ракометари

rakomet

Струга во знакот на ракометот

Post Views: 4 Јубилејно одбележување на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 година. После 40 години од постоење на овој турнир во Струга, тој има свое име на спортската и туристичката карта во Европа и светот. За целта, деталите, програмата и важноста на овој турнир како за Струга, така и за РМ, кажа годинешниот  претседател на турнирот, пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ од Струга Лилјана Затуроска. „Изникнат во далечната 1973 година, како желба на група струшки ентузијасти овој турнир прераснува во реномиран, респектабилен меѓународен спортски настан во кој низа години наназат...

Continue reading

Средба на Бакрачески со охридските ракометари

Post Views: 4 Ракометна Македонија и Балканот, на Охрид и ракометот кој тука се игра, од вчера гледаат со поинакви очи. Охридскиот ракометен клуб не е екипа чиишто успеси се случајни, туку се плод на макотрпната работа, талентот и искуството кое охридските ракометни момчиња го вложија во овој период, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на денешната средба со „гладијаторите“. „Да ви се заблагодарам на вас кој што направивте охриѓани да бидат горди на успехот кој го постигнавте и да направите победнички дух меѓу охриѓани не само во ракометот и не само во спортот. Успесите...

Continue reading

ЛАЗАРОВ, ЕДЕН ОД ДЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ВО ЕВРОПА

Post Views: 0 Кире Лазаров доби уште едно значајно признание во својата кариера, откако беше избран меѓу десетте најдобри ракометари за 2018 година. Македонскиот капитен имаше одлични настапи во дресот на националниот тим во првата фаза на ЕП во Хрватска, предводејќи го Нант и до место во големото финале од Лигата на шампионите. Воедно, Лазаров во Келн стана најдобар стрелец во историјата на фајналфор турнирите, па апсолутно заслужено се најде на списокот што европската куќа на ракометот го објави утрово. Покрај Лазаров, место во Топ 10 има за уште еден член на Нант, и тоа голманот...

Continue reading

Охридските ракометари ветуваат елитна утакмица со победа

Post Views: 7 Викендов, поточно сабота на домашен терен со почеток во 19 часот и 30 ракометарите од Охрид ќе го играат последниот меч во СРЦ „Билјанини Извори“ во регуларниот дел од Супер лигата, против „Тинекс Пролет“. Охридските ракометари очекуваат победа која ќе ги доближи на меч од првата позиција во елитната ракометна лига. „Мислам дека сме фаворизирана екипа по табела и сметам дека тоа на терен и ќе го докажеме во сабота. За тоа се подготвувавме цела недела, ќе бидеме можеби во еден тренинг меч за плејофот кој ни следува“ – вели Адамовиќ. Ракометарот Дарко Јанев ги повика...

Continue reading

Вистински тест за охридските ракометари

Post Views: 0 Денес на домашен терен нивен противник ќе биде екипата на Еурофарм Работник, единствената екипа која му нанесе пораз на охридскиот ракометен клуб оваа сезона. После првите одиграни девет кола охридските ракометари се први на табелата. После рутинската победа врз младата екипа на Работнички, вечерва, во рамките од 11-та рунда од Супер лигата, ги очекува противник од кој досега гладијаторите го имаат единствениот пораз во оваа сезона. Капитенот Крсте Андоновски знае дека станува збор за искусна екипа, но уверен е дека со помош на охридската публика мислам дека ќе го добијат...

Continue reading

Охридските ракометари пред нов предизвик

Post Views: 4 Охридските ракометари интензивно се подготвуваат за натпреварот со екипата на Радовиш кој треба да се одигра во недела. Тие атакуваат на победа за која како што велат ќе треба максимално да се потрудат бидејќи ќе играат со една искусна и силна екипа. Во оваа наша лига сите екипи се рамноправни и сите се борат за плеј оф така и екипата на Радовиш која има доста искусни играчи па не смееме да дозволиме никаков кикс бидејќи тие знаат тоа да го искористат. Ние максимално треба да играме од првата минута за да победиме, вели ракометарот Бобан Блажески. Атмосферата во клубот...

Continue reading

Отпишаните охридски ракометари освоија трето место на меморијалниот куп во Прилеп

Post Views: 6 Охридските ракометари го освоија третото место на меморијалниот куп Миле Нешкоски во Прилеп. Ги победија Борец од Велес и Прилеп, а загубија од битолскиот Еурофарм Работник. Тимот на РК Охрид за кратко време се консолидира по заминувањето од клубот на неколку врвни ракометари. Со тоа отпишаните охридски ракометари покажаа квалитет со кој ќе се борат во новата сезона, посочува тренерот на РК  Охрид, Горан Андоноски. „Покажавме дека и покрај тоа што бевме прежалани оваа година, направивме конкурентна екипа. Во Охрид повторно ќе гледаме конкурентен ракомет во Супер лигата....

Continue reading

Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички

Post Views: 8 Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички во 5-тата рунда од плејофот во Супер лигата.  После поразите со Макс Струмица и Прилеп ова ќе биде можност нашите ракометари да си ја вратат самодовербата и да се закитат со победа  освојувајќи го првиот бод во плејофот. После двата неочакувани порази од Макс Струмица и Прилеп против Работнички немаме право за грешка. Не треба да се навраќаме на мечевите со Струмица и Прилеп, но мора да извлечеме позитивни поуки. Очекувам победа со Работнички и дека од овој натпревар ќе почнеме да играме онака како што знаеме....

Continue reading

Охридските ракометари на гости во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 0   Голманот на РК Охрид 2013, Колев денес не успеа да одбрани ниту еден удар од учениците од ОУ „Христо Узунов“. Локалните херои, охридските ракометари денес беа во посета на ова училиште. Директорот Тони Симоноски вели дека многу имиња од репрезентативци се потпишале на влезот од нивната спортска сала и нагласи дека нивна интенција во иднина ќе биде спортистите да бидат нивни почести гости дури да одржат тренинг на некој од часовите по физичка култура. „Ова за нас претставува сериозна работа од повеќе аспекти, пред се од воспитно образовен карактер, бидејќи многу значи...

Continue reading

Охридските ракометари очекуваат поддршка од публиката за победа

Post Views: 1   Утре со почеток во 20 часот и 15 минути во Спортско Рекреативниот центар „Билјанини Извори“, охриѓани ќе ги одмерат силите со Тинекс Пролет, ретка екипа која во минатите сезони славеше над гладијаторите во Охрид. И покрај лошата историја охриѓани се фаворити на овој дуел бидејќи во првиот дел од шампионатот славеа на гостувањето во Скопје. Иван Тасески, кажа збор два околу нивните очекувања. „Ни доаѓа една незгодна екипа која две години со ред губиме на домашен терен. Во зимскиот преоден рок се појача со неколку играчи , но ќе го дадеме ние максимумот за да ја оствариме...

Continue reading

rakometari

Пораз на македонските ракометари

Post Views: 10 Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во Ставангер е поразена од Норвешка со 36:30 со што шансите за пласман на Европското првенство во Австрија 2010 ги сведе на минимум. Нашите ракометари само во одредени моменти од играта прикажуваа добар ракомет но, во целина тоа не беше ни приближно доволно за да се постигне поволен резултат. За да го задржи континуитетот на големите натпреварувања потребна е победа на гости против Исланд и на преостанатите натпревари на домашен терен, но и резултатите на дуелите на нашите противници да одат во прилог на Македонија.   {loadposition...

Continue reading

Тројца охридски ракометари дел од Б репрезентацијата на Лазаров

Post Views: 5 Ракометната селекција на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија, а селекторот Кирил Лазаров за овие натпревари реши да повика млади таленти и играчи од домашниот шампионат. На поширокиот состав на Лазаров се најдоа и тројца охридски ракометари кои ќе имаат шанса да се покажат и докажат на контролните средби. Станува збор за играчи на ГРК Охрид, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ и Мартин Ивановски. Натпреварите ќе се одиграат на 19-ти и 20-ти јуни во Ниш. За потсетување, Македонија обезбеди настап на следното Европското првенство...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top