Ознака: пронајден

Пронајден фрагмент од фреска од 13 век во „Св Ѓорѓи “ во Струга

Post Views: 0 Во скриените депоа на црквата „Св Ѓорги“ во Струга, пронајден фрагмент од фреската на Успение на Богородица. Станува збор за поголем фрагмент од средновековна фреска, која, како што информираше проф Сашо Цветковски од Центар за проучување на културно наследство при МАНУ, најверојатно припаѓала на најстарата црква што постоела тука уште од 13 век. Цветкоски вели дека тоа за науката претставува големо откритие за кое допрва ќе се подготвуваат сите научни анализи. „Во наредните денови следува нејзино конзервирање, комплетно санирање и за извесно време ќе биде изложена во...

Continue reading

napis

Пронајден украдениот натпис од Аушвиц

Post Views: 0 Полската полиција по спроведената голема истрага го пронајде натписот „Работата ослободува“ кој беше украден од влезната порта на поранешниот германски концентрационен логор Аушвиц. Во акцијата, спроведена во северниот дел на земјата, уапсени се пет лица, на возраст меѓу 25 и 39 години, јавуваат локалните медиуми.Натписот  со букви направени од челик долг пет метри и тежок 40 килограми бил пронајден во три дела. Тој важи за циничен симбол за злосторствата на национал-социјалистите. {loadposition content9}

Continue reading

Tomaz Humar

Словенечкиот алпинист Томаж Хумар пронајден мртов на Хималаите

Post Views: 0 Словенечкиот алпинист Томаж Хумар (40) кој од понеделникот немаше воспоставено никаков контакт со базата, денеска е пронајден мртов на Хималаите. Според словенечките медиуми, телото на Хумар на 5 600 м надморска височина го пронашле швајцарски спасувачи и со хеликоптер го префрлиле во базата на подножјето на Лангтанг Луринг.„Спасувачите утврдија дека Хумар починал наскоро по јавувањето во базата во понеделник или вторник„ изјави словенечкиот алпинист Вики Грошељ кој беше и координатор на акцијата за спасување. Првичниот преглед покажал дека Хумар имал скршена нога, но...

Continue reading

A330

Пронајден францускиот Ербас

Post Views: 0 Остатоците, кои се пронајдени во Атлантскиот океан, без сомнение се од „Ербасот’ што исчезна на летот од Рио де Женеиро до Париз, со 228 патници во леталото. Веста синоќа ја потврди бразилскиот министер за одбрана Нелсон Жоабим, на прес конференција, пренесуваат светските агенции. Авион на бразилските воено – воздухопловни сили ги открил остатоците на „Ербасот“во радиус од пет километри во Атлантикот. „Откритието потврдува дека авионот се урнал во тоа подрачје,неколку стотина километри од бразилскиот архипелаг Фернандо де Нороња“, изјави министерот за одбрана на Бразил. Тој...

Continue reading

policija

Пронајден леш во близинa на струшкото с. Драслајца

Post Views: 0 Пронајдено безживотно тело во атарот на струшкото село  Драслајца. Случаен минувач, вчера околу 17 часот, во месноста викана Дупки пронашол леш  во напредна фаза на распаѓање. Телото е пронајдено во близина  на реката Сатеска.   Случајот е веднаш пријавен во полиција. На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид и Полициската станица Струга. По наредба на Јавен обвинител безживотното тело е испратено на обдукција на Судска медицина во Скопје за да се утврди идентитетот , информираат од СВР Охрид.    {loadposition...

Continue reading

Boris Strel

Почина скијачката легенда, Борис Стрел

Post Views: 24 Првиот Словенец освојувач на златниот медал во Светскиот куп, Борис Стрел е пронајден мртов во четвртокот. Словенечката полиција соопшти дека смртта на 53-годишниот Стрел не била насилна.Стрел беше специјалист за велеслалом. Во Светскиот куп во велеслалом победи во Кортина Д Ампецо во декември 1981. година. На Светското првенство во Шладминг во 1982 година го освои бронзениот медал, што беше прв медал на СП во скијање во југословенската историја.На Олимписките игри во Сараево во 1984. година заврши на петтата позиција. Со скијањето престана по крајот на сезоната 1984/85,...

Continue reading

Милионер близок на Путин пронајден мртов

Post Views: 1 Милионер близок на рускиот претседател Владимир Путин пронајден е мртов во хотел во Вашингтон, извести ABC News, повикувајќи се на американски и руски официјални лица. Поранешниот руски министер за комуникации Михаил Лесин, кој опозицијата го обвинуваше дека ги замолчува медиумите, пронајден е мртов во хотелот The Dupont Circle. Американските власти ја известиле за ова руската амбасада во Вашингтон и властите на двете земји се обидуваат да ги расчистат околностите во кои Лесин умрел. Полицијата во Вашингтон известила само за смртниот случај во хотелот не сакајќи да открива...

Continue reading

Пронајден канабис кај жител на Лескоец

Post Views: 1 На 15.09.2021 година, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е М.Л.(38) од охридското село Лескоец, кај кого, при претрес извршен по судска наредба во неговиот дом, пронајдени и одземени се седум стебла растенија Канабис, засадени во саксија. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР.

Continue reading

Починат маж пронајден во близина на Лескоец

Post Views: 0 На 3-ти септември 2021 година, во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селото Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција – информираат од МВР. 

Continue reading

Пронајден одамна исчезнатиот нацистички воз преполн со злато?

Post Views: 1 Двајца мажи од Полска тврдат дека го пронашле одамна исчезнатиот воз кој е наводно полн со злато, скапоцени камења и оружје. Возот исчезнал недалеку од градот Вроцлав во 1945 година во момент кога му се приближувале советските сили, пишува The Guardian Една адвокатска компанија вели дека и порано се обратиле споменатите двајца мажи и дека сакаат 10% од вкупната вредност која се наоѓа во возот. Возот наводно исчезнал недалеку од замокот Ксиаз во Валбрцих чии локални функционери велат дека се скептични, но и дека ќе проверат за што се работи. На ова потенцијално откритие...

Continue reading

Phillip Seymour Hoffman

Почина оскаровецот Филип Сејмур Хофман

Post Views: 9 Актерот е пронајден мртов во неговиот апартман во Њујорк. Светските медиуми пренесоа дека телото на 46-годишниот актер било пронајдено во бањата вчера наутро од страна на неговиот личен асистент. Според неофицијални информации актерот веројатно умрел од последиците на предозирање со дрога, со оглед на тоа што во неговата рака имало забодена игла. Тој веќе подолго време се борел со зависноста. Сепак причината за смртта дополнително ќе се утврдува. Актерот Филип Сејмур Хофман беше добитник на наградата Оскар за главна улога во филмот “Капоти” од 2005 година во кој го толкуваше...

Continue reading

meteor

Русите го извлекоа најголемиот метор кој паднал на Земјата

Post Views: 9 Руските нуркачи од езерото во регионот Челабинск го извлекле можеби најголемиот метеор откриен на Земјата.Каменот од 570 килограми најверојатно припаѓа на метеорот што годинава експлодираше и се распадна на тоа подрачје, при што направи дупка во замрзнатото езеро Чебаркул, со пречник од околу шест метри. Се чека потврда од експертите дали тоа е најголемиот метеор пронајден на Земјата. Повеќе од илјада луѓе беа повредени кога 17-метарскиот камен влезе во атмосферата, и се распадна во Русија на 15 февруари. Научниците предупредуваат дека ќе биде потребно извесно време...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top