Пронајден францускиот Ербас

Остатоците, кои се пронајдени во Атлантскиот океан, без сомнение се од „Ербасот’ што исчезна на летот од Рио де Женеиро до Париз, со 228 патници во леталото.

 |  Крсте Голабовски  | 
A330
А330

Остатоците, кои се пронајдени во Атлантскиот океан, без сомнение се од „Ербасот’ што исчезна на летот од Рио де Женеиро до Париз, со 228 патници во леталото.

Веста синоќа ја потврди бразилскиот министер за одбрана Нелсон Жоабим, на прес конференција, пренесуваат светските агенции.

A330Авион на бразилските воено – воздухопловни сили ги открил остатоците на „Ербасот“во радиус од пет километри во Атлантикот.

„Откритието потврдува дека авионот се урнал во тоа подрачје,неколку стотина километри од бразилскиот архипелаг Фернандо де Нороња“, изјави министерот за одбрана на Бразил.

Тој додаде дека меѓу остатоците има метални и неметални делови. Меѓу откриените предмети имало седиште од авион и портокалов појас за спасување.

Не се забележани тела на настрадани, но се верува дека загинале сите 228 патници и членови на екипажот во авионот на француската авиокомпанија.

Потрагата во која се вклучени бразилски, француски и американски авиони продолжува.

Се очекува бродовите кои се упатени кон местото, каде од воздух се забележани остатоците на авионот, денеска да пристигнат на локацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top