Словенечкиот алпинист Томаж Хумар пронајден мртов на Хималаите

Словенечкиот алпинист Томаж Хумар (40) кој од понеделникот немаше воспоставено никаков контакт со базата, денеска е пронајден мртов на Хималаите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tomaz Humar
Томаж Хумар

Словенечкиот алпинист Томаж Хумар (40) кој од понеделникот немаше воспоставено никаков контакт со базата, денеска е пронајден мртов на Хималаите.

HimalaiСпоред словенечките медиуми, телото на Хумар на 5 600 м надморска височина го пронашле швајцарски спасувачи и со хеликоптер го префрлиле во базата на подножјето на Лангтанг Луринг.
„Спасувачите утврдија дека Хумар починал наскоро по јавувањето во базата во понеделник или вторник„ изјави словенечкиот алпинист Вики Грошељ кој беше и координатор на акцијата за спасување.

Првичниот преглед покажал дека Хумар имал скршена нога, но и можни други повреди и засега не се знае дали настрадал поради пад, лавина или под други околности. Хумар се сметаше за еден од најдобрите светски алпинисти, кој во освојувањето на врвовите одел сам, но учествувал и во спасувачки акции на планинитеВо 2005 година беше спасен на хималајската планина Нанга Прабат каде без храна и никаква залиха преживеа шест денови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top