Post Views: 6
40 претприемачки од пограничната зона Струга и Поградец, добро се покажаа. Имаше што да се погледне во холот на струшкиот хотел „Дрим“, на поставените штандови полни со, ткаени, везени, плетени шиени ракотворби, штандови со флаери од областа на угостителство, како и производи од најразлични индустриски гранки. Јасмина Попоска од Македонската развојна фондација, рече дека се сублимираат искуствата на жените од Струга и Поградец. Додаде дека веќе се покажуваат позитивните ефекти од нивните бизниси.Претставникот од Албанија, Ариола Аголи, упати благодарност до организаторите...
Post Views: 6
Невладината „Еврофорум“, под менторство на Локалната агенција за развој од Струга го промовира проектот „Зајакнување на капацитетите на Комисијата за односи меѓу заедниците“. На промоцијата на проектот присуствуваше висока делегација од Програмата за развој на Обединетите Нации предводена од Алесандро Фракасети.
Колку добро функционираат Комисиите за односи меѓу заедниците во мултиетничките заедници? Невладината „Еврофорум“, под менторство на Локалната агенција за развој од Струга, промовира проект за зајакнување на капацитетите на Комисијата за односи меѓу заедниците...
Post Views: 1
Од 3ти до 8ми август, на Кејот на Охридското езеро, се спроведе проектот „Играме шах на Кеј“. Проектот се спроведе во рамки на годишната програма на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, а со цел промоција на шахот како игра во која може да се вклучат најразлични возрасни категории. На настанот учествуваа охриѓани и туристи од земјава, како и од државите Србија, Хрватска, Англија, Швајцарија, Данска, Германија и други.
Посетителите одиграа партии шах со членови на шаховскиот клуб „Ласкер“ и со шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Скопје. На сите учесници им беа доделени ваучери...
Post Views: 2
Подготвен проектот кој треба да и стави крај на еколошката катастрофа во Велешта. За овој проблем кој се провлекува веќе десет години и резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се небезбедни и незаштитени, излезот го пронајде фирмата „Хидро Градежен инжињеринг“ од Скопје. Директорот Љубе Ѓоршоски вели дека според нивното решение ќе се искористи секундарниот колектор од Велешта до прочистителната станица кој е веќе изведен, а ќе понуди решавање на проблемот за сите населби во овој дел на Југозапдниот плански регион. „Единствено неможе да се...
Post Views: 13
Жените од Струга и Поградец подготвени за соработка во претприемништвото. 17 жени претприемачи од Струга го почуствуваа бизнис пулсот на Поградец, а денес пак, беше остварена возвратна посета. Глигор Михајловски од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), истакна дека целта на пограничниот проект за соработка, е да се презентираат досегашните резултати од спроведување на проектот, негова промоција, како и можноста да се зголеми трговската соработка меѓу жените претприемачи.Импресиите на првиот човек од Партнерство Албанија Ариола Голи, во поглед на организација...
Post Views: 3
Центарот на југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со секундарна канализација во струшкото село Велешта. Проблемот кој се провлекува веќе десет години, резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени. Жителите стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив. Жителите на Велешта години наназад од надлежните бараат да се реши проблемот со канализациониот систем, стравувајќи од последиците кои можат да настанат поради овој нерешен проблем.
Центарот за развој...
Post Views: 2
Младите осмооделенци од струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“, заедно со своите пријатели од Словенија, ги прават првите чекори во волонтерската работа, соочувајќи се со првите предизвици но и задоволства од оваа работа.
Основците од Струга и Словенија заедно учат за предизвиците на волонтерската работа. Волонтерите на виножито, според името на самиот проект, во следните неколку дена, ќе учат како да работат со децата со посебни потреби, како да се грижат за својата најблиска околина,а и за многу други вештини, вели Маргарита Рувинова Ническа – координатор на...
Post Views: 3
Денес претставници од „Синергија плус“, агенцијата за финансиска писменост учесничките ги запознаваа со начините, како подобро да се менаџира со финансиите.Односно како откако ќе ја пронајдат работата, да се менаџираат приходите кои ќе се стекнат, зошто денес не е доволно само да имаш приходи треба да се знае што да се прави со нив, вели Коста Мицкоски – генерален менаџер на. „Синергија плус“.
„Сето тоа би требало да претставува еден коктел на корисна практична применлива обука која посетителките ќе можат да ја искористат лично за себе и со истото да си ја надградат,...
Post Views: 9
Враништани ќе добијат канализациона мрежа. Долгоочекуваниот сон на жителите од струшкото село Враништа, конечно се исполни. Тие после повеќе од две децении конечно ја дочекаа изградбата на канализационата мрежа. Мештаните исполнети со најразлични чуства на радост и задоволство, го кажаа значењето од отпочнување на изградба на овој голем зафат и упатија пофални зборови кон реализаторите на проектот.Никола Затуроски советникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е жител на оваа месност, вели чест е да се дочека реализацијата на проектот за изградба на канализационата мрежа. Тој...
Post Views: 9
Започна проектот за стерилизација на бездомните кучиња. Овој проект го спроведува општина Охрид, во соработка со здружението за заштита на животни „Анималиа“ и ветеринарната амбуланта „Маја Тамара вет“. Целта секако е намалување на бројката на бездомни кучиња во општината. Проектот се реализира со буџетски средства на општината во висина од 80 000 ден. и опфаќа стерилизација на бездомните кучиња, нивно привремено сместување во простор за таа намена со секојдневна грижа од волонтерите на „Анималиа“, активности за нивно вдомување, а доколку не бидат вдомени враќање на...
Post Views: 5
Започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина Охрид. Во тек е изградбата на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити. Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога.Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид.
Идејата за изградба на вакви повеќенаменски игралишта е на градоначалникот Никола Бакрачески и неговите средби со жителите на Урбаните заедници...
Post Views: 1
Со низа поволности за вработување во евиденцијата на охридската Агенција за вработување стапката на невработеност од лани досега се намалила за 15 проценти. Минатата година од 4800 активни баратели на работа годинава бројката се намалила за над 600. Со проектот Македонија вработува од минатата година до сега се вработиле поголем број охриѓани од најразлични профили, степен на образование и возраст, информира директорот на Агенцијата за вработување Јован Баткоски.
„Сакам да потенцирам дека во минатата година овој бенефит го искористиле повеќе од 630 лица во центарот...