Ознака: претпријатие

MJP Proakva

Дали ќе испилива МЈП „Проаква“?

Post Views: 4 Сега, надеж за спас на МЈП „Проаква“, влева шпанската фирма „Аквалија“. Според најавите на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој неодамна заедно со охридскиот градоначалник Александар Петрески остварија работна посета во Шпанија, индиции за влез на оваа фирма во ЈП постојат.Во условите за јавно приватно партнерство се дефинирани и останати критериуми кои треба да ги запази хипотетичкиот победник на тендерот. Интересот на Проаква, функционирањето и јавниот сервис према граѓаните на Охрид и Струга, согласно законските регулативи никој нема мандат да го смени и да презема...

Continue reading

grobishta

Ќе се преиспитува висината на надоместокот за гробарина

Post Views: 3 Повторно ќе се разгледува висината на надоместокот за гробарина. Износот од 1200 денари годишно за одржување на гробните места, како гром од ведро небо ги погоди Охриѓани. Сепак според координаторот на Јавното претпријатие „Градски гробишта“, Драган Пандески иако надоместокот е висок, сепак е реален. Пандески вели: Нашата анализа вели дека одржувањето на гробиштата не е само одржување на тие два метри квадратни, туку одржување на цела инфраструктура и на целата површина од 140.000 метри квадратни и 8350 гробни места.“ По многуте реакции од страна на граѓаните, проблемот...

Continue reading

Komunalec

Пораст на сметките за ѓубретарина

Post Views: 1 Давачката за ѓубретарина може да се зголеми, најавува Комуналец по најновата одлука за зголемување на цената на струјата. Растот на цената на  нафтата  исто така се рефлектира  и ја отежнува работата на ЈП „Охридски Комуналец“, истакнува првиот човек Сашо Алчев. Дадов иницијатива до еснафското здружение АТКОМ и Сојузот на стопанските комори да побараат од Владата да се откаже од акцизата и давачките кои јавните комунални претпријатија ги имаат во делот на бензинот и дизел горивото ама и по три месеци  одговор сеуште нема, кажува Алчев. Првиот човек на Комуналец вели...

Continue reading

korita

На санкање и скијање на „Корита“

Post Views: 7 Години наназад Локалната самоуправа и граѓаните на Охрид, бараат патниот правец од Трпејца до Отешево, преку планината Галичица да биде отворен за сообраќај, бидејќи станува збор за висококвалитетно туристичко место и една од ретките уредени излетнички локации за уживање и одмор во зима, велат од Општина  Охрид. Оттаму уште на почетокот на годинава беше најавуван и еден голем проект за изградбата на жичарница од Корита до врвот на Галичица кој требаше на планината Галичица да го донесе и првиот зимски рекреативен центар во Охрид. „Ставот на Локалната и понатаму останува...

Continue reading

MJP Proakva

Старкоски конечно стана директор

Post Views: 8 После 7 дневна неизвесност Златко Старкоски и официјално стана директор на МЈП „Проаква“. Денес својата согласност и потпис на документот за назначување на директор го стави и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на кој всушност се чекаше цело време. На што се должи задоцнетата реакција и каква ќе биде понатамошната судбина на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“,и дали од Шпанија ќе пристигне инфузија, која ќе го извади од колапс, ќе покаже времето. {loadposition content9}

Continue reading

Kuratica

Месната заедница Куратица со ултиматум до ЈП „Охридски комуналец“

Post Views: 1 Месната заедница од Куратица му откажува послушност на Охридски комуналец. Доаѓа зимскиот период, па повторно на површина испливаа несогласувањата помеѓу Куратица и јавното претпријатие. Деновиве на официјалната веб страна на Куратица, се појави јавно соопштение во кое се бара од ЈП Охридски комуналец да ја поништи ставката за јавна чистота, за овој дел од Охрид. Претседателот на месната заедница Куратица, Горан Ангелоски предупредува дека доколку до 26 овој месец Комуналец не се произнесе по ова барање, веќе од 1ви Јануари иднава година тие нема да ги користат услугите...

Continue reading

parking

Повеќе или помалку успешна година за ЈП „Биљанини извори“

Post Views: 7 „Договорот со концесионерот веќе завршува во феруари месец 2012 година, кога ние треба да ги преземеме централните паркинзи, односно оние со кои сега стопанисува концесионерот, но мислам дека освен тие, ќе имаме и други паркинзи во градот, вели директорката. Годината која е пред нас, додава таа, ќе ја одбележат и неколку проекти со кои ќе се унапреди развојот на спортскиот туризам. Поради тоа, посебно внимание ќе се посвети на работата на базенот, потенцира Јованоска. „Сето тоа не доведе да размислуваме и за базенот повеќе. Оваа година како ЈП размилсуваме за годината...

Continue reading

krvodaritelska

Охридски комуналец со полна агенда го одбележа Денот на Ослободувањето

Post Views: 2 Денот на ослободувањето на Охрид, но и патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец“, вработените во ова претпријатие го одбележаа со серија активности. Прва во редот беше крводарителската акција во која учествуваа вработените на претпријатието. Оваа хумана акција „Охридски комуналец“ ја спроведе со помош на општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Од Црвен крст изразија голема благодарност за овој хуман гест. Крводарителската акција беше спроведена во административните простории на „Охридски комуналец“. „Активностите ги започнавме со крводарителската акција....

Continue reading

dup

Нема пренамена на локацијата на Факултетот за туризам и угостителство

Post Views: 0 Советникот Дејан Паноски од Вмро Дпмне стави  забелешка на овој урбанистички план со кој се предвидени високи градби во првата езерска  линија, а  кои ја загрозуваат сликата на Охрид.Советниците не дадоа зелено светло и за формирање на ново јавно претпријатие Водовод  за собирање, обработка и  снабдување со  вода. Нема ни измени во ценовникот на ЈП Градски гробишта иако советникот Драган Пандески ја образложи  потребата од одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид. Засега трите  погребални оператори во Охрид ја избегнаа...

Continue reading

sednica na sovet

Исцрпен дневниот ред од 39-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 Заврши продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид. Дневниот ред вклучуваше девет точки меѓу кои: предлог одлуката за утврдување Нацрт Урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани дел од блок 1-опфат 1 општина Охрид 2011-2016, предлог одлука за условите и начинот на одведување на урбани отпадни води, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит, како и предлог одлуките за разрешување и именување на членови на училишен одбор во основните училишта „Кочо Рацин“...

Continue reading

komunalec

Конкурс за директор на ЈП „Охридски комуналец“

Post Views: 24 Општина Охрид објави ЈАВЕН КОНКУРС за избор на директор на ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“.Рокот за доставување на пријавите изнесува десет работни дена сметано од денот на објавување на конкурсот, односно истиот е отворен до 6-ти октомври  2011год. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од дваесет дена од денот на завршувањето на конкурсот. Дали ова значи дека досегашниот ВД Директор Сашо Алчев конечно ќе стане директор, или пак прв човек на ова ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ќе биде некое ново име. {loadposition content9}

Continue reading

jp gradski grobishta

ЈП „Градски гробишта“ бара долгорочен кредит

Post Views: 4 Едно од најинтересните прашања на денешната 39 седница на Советот на општина Охрид беше секако предлог одлуката за кредитно задолжување на јавното претпријатие „Градски гробишта“. Кредитот во висина од 60.000 евра наменет за тековни инвестиции не наиде на одобрување кај советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.  Како и кај сите досегашни предлози за задолжувања на јавните претпријатија, советниците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тие се непотребни и неоправдани и дека се резултат на избрзани одлуки на локалната самоуправа. „Мислам дека како претпријатија што имаат монополска позиција...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top