Ознака: празник

Gjorgoski kum Vodici

Избран новиот кум на „Водици“

Post Views: 6 Стојан Ѓоргоски е новиот кум на „Водици“. Оваа најмасовна верска манифестација со огромна традиција, години наназад собира огромна толпа на верници, почитувачи, туристи, и од државава, но и од соседството. На свечената седница на Здружението за целосна афирмација на МПЦ, „Богојавление“, едногласно беше избрана апликацијата на нашиот сограѓанин Стојан Ѓоргоски за кум на „Водици 2013“. Ѓоргоски е познат бизнисмен и претприемач од Охрид, сопственик на претпријатието за сателитски антени „Зора“. При соопштувањето за добиеното кумство, Ѓоргоски и неговата сопруга, беа очигледно...

Continue reading

akademija SV. Kliment Ohridski

Општина Охрид се подготвува за својот патронен празник

Post Views: 12 Општина Охрид се подготвува за достојно одбележување на Св. Климент Охридски – патронот на градот. Свечени програми по повод Св. Климент Охридски подготвуваат локалната самоуправа во соработка со Средното училиште кое го носи името на заштитникот на Охрид, но и основното училиште Св Климент Охридски кое свечената програма ја подготвува ден пред одбележување на овие активности е и паркот на пријателството во кој парк дрва ќе посадат претставници на градовите кои ќе не посетат. Претставници на училиштата бидејќи тие имаат гости од поранешните ЈУ простори така да овој...

Continue reading

sv. kliment

Дваесетина деца од земјите на поранешна Југославија доаѓаат на гости во Охрид

Post Views: 7 За прв пат во градов се организира повеќедневен камп на деца од неколку градови од поранешните ЈУ простори. Основното училиште Св. Климент Охридски интензивно работи на подготовките на овј камп кој треба да се одржи од 4 до 8 декември, во неделата кога се одбележува и патрониот празник на ова училиште, но и на градот. Кампот го носи името  Боите на светлината, а на него ќе учествуваат деца од четири градови и тоа Пиран од Р. Словенија, Котор Р. Црна Гора и Кикинда и Белград, Р. Србија. Се очекува да пристигнат околу 20 деца заедно со своите ментори. Учениците ќе бидат...

Continue reading

kurban bajram

Муслиманите празнуваат

Post Views: 1 Верниците од исламска вероисповест го слават Курбан бајрам или празникот на жртвата. На првиот ден од 4-дневниот празник се изведува молитвата за Бајрам – бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. Колењето на курбанот и годинава во Охрид го спроведе здружението Атлас.   „Денеска се колат 18 големи глави,...

Continue reading

spomenik park

Охрид им оддаде почит на охридските илинденци Узунов и Патче

Post Views: 17 23 Октомври е денот кога државата празнува и го одбележува почетокот на организираната револуционерна борба. И Охрид како и останатите општини ја оддаде својата почит кон македонските револуционери. Претставници од Локалната самоуправа, заедно со охридските советници и претставниците од Сојузот на борци од општините Охрид и Дебрца, положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на охридските илинденци, Христо Узунов и Методи Патче. Потпретседателот на Сојузот на борци, Никола Стефаноски, смета дека убаво е што се одбележува овој празник, но дека треба да се стори многу...

Continue reading

вера

Утре се слават мудроста, љубовта, верата и надежта

Post Views: 5  Тринаесет година по ред , голем број верници  се собираат  во Лагадин за да го одбележат верскиот празник  Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.Со молитва и свеќа верниците се молат за  здравје, љубов и благосостојба во малата црквичка изградена во 2000 година.   Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред тринаесет години на  иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. По повод 2.000 години од христијанството, Патче како ктитор,  ја изгради малата црква на самиот брег на Охридското езеро. Традиционално  собраните пари од верниците...

Continue reading

centar za kultura

Богата културна понуда по повод 8-ми септември

Post Views: 15   Центарот за култура Григор Прличев се подготвува достојно да го одбележи 8-ми септември, денот на независноста на Македонија. Програмата започнува вечерва во 20 часот со отварањето на светската изложба на Битолскиот монмартр. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека соработката со оваа ликовна колонија е од многу одамна па затоа одлучиле чествувањето по повод овој голем државен празник да го почнат токму со нивната изложба. Нејзина идеа е делата на малите уметници од светот барем еднаш годишно да бидат ставени пред очите на охридската јавност. Боцевска...

Continue reading

Kamensko

Денес се слави Успение на Пресвета Богородица

Post Views: 11 Православните христијани денес го слават празникот Успение на Богородица или Голема Богородица. По две недели пост, синоќа со вечерни богослужби во сите храмови на Македонската православна црква почна одбележувањето на празникот. Уште од раните утрински часови, река луѓе се упатија кон најблиските храмови, да се помолат за здравје и среќа за себе и за своите најблиски. Верници од сите краишта на земјава и странство денес ги посетија храмовите во Охрид кои го носат името на мајката божја. Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се...

Continue reading

Nikoloski UIST

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ го прослави својот патрон

Post Views: 2 Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен...

Continue reading

Duhovden

Духовден- ден за симболична средба со починатите

Post Views: 3 Духовден или дуовден е државен празник во Македонија. Овој христијански празник е посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. Духовден оваа година се слави во понеделник, на 4 Јуни. Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во Македонија и во остантите земји со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на  Св. Троица. Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите...

Continue reading

vodici

Документарниот филм „Богојавление Охрид-2012“ премиерно на Телевизија ТВМ

Post Views: 2 На Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно на Телевизија ТВМ, ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици. Филмот е документиран, видео запис за славењето на Христовото крштевање во Охрид и приказ на најатрактивната и најмасовна прослава на Водици во овој дел од православниот свет со доловување на многувековната традиција, богатство на обичаи и култот на охриѓани за празникот. Со кумството на Чифлиганец, првиот кум за Водици во Охрид, кој нема...

Continue reading

vino

Што и да изберете во секој случај ќе биде црвено

Post Views: 17 Денес е 14ти Февруари, православен Свети Трифун, денот кога лозарите закројуваат три пенушки од своето лозје со надеж дека тоа ќе им донесе бериќет, многу грозје и многу вино. Истовремено овој датум носи и поинакво значење. 14ти Февруари е денот на католичкиот бискуп Валентајн, кој се смета за заштитник на вљубените. Она што некогаш го имаше само на холивудските филмови, сега е реалност и во нашата земја. Покрај Свети Трифун, се повеќе млади го слават и Денот на вљубените. Се купуваат црвени рози, слатки мечиња, и секакви подароци, се само за да се каже „Те сакам“...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top