Ознака: празник

saem

Чоколадо со сено, лук и кисела зелка = вистински хит

Post Views: 3 Меѓународниот сам на слатки, кој по 41 пат се одржува во Келн, е празник за сите љубители на чоколадата и на другите деликатеси. Произведувачите на сите можни начини се обидуваат да го пронајдат патот до купувачите во овие тешки времиња за целокупното стопанство, па се одлучија да направат чекор напред и да го спојат неспоивото. Така хит на годинешниот саем се чоколадото се кисела зелка и лук. Комбинацијата луто и зачинето со особено слатко чоколадо звучи забавно, а според зборовите на оние кои го пробале, вкусот е „поинаков“. Истата компанија претстави и чоколадо со...

Continue reading

deca

Охрид започна со чествувањето на големиот национален празник, 11ти Октомври

Post Views: 2 Општина Охрид со свечено обраќање на претседателот на совет, Д-р Гордана Коњаноска започна со чествувањето на11 Октомври, денот на востанието на Македонија. Овој ден од македонската историја, не е само симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност, рече Д-р Гордана Коњаноска -претседателката на Совет. Коњаноска подвлече дека на овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот....

Continue reading

Денес се слави христијанскиот празник Свети 40 Маченици – Младенци

Post Views: 5 Светата Православна црква денеска го празнува споменот на 40-те војници од Севастија кои го дадоа својот живот за верата на Исус. Во 320 година, 40 војници од еден полк во Севастија одбиле да им принесат жртви на римските идоли и да ги гонат христијаните, по што биле затворени, мачени и осудени да стојат во студена вода. Од нив се барало да се откажат од Исус, но тие не се поколебале и сите измрзнале со молитва на усните. Според православниот календар, Младенци е ден на младите брачни двојки, кои се венчале во текот на минатата година. На овој ден се оди во домовите...

Continue reading

крст

Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица

Post Views: 4 Голем број верници не само од Охрид туку од сите краеви на Македонија и пошироко утрово ја посетија црквата „Света Богородица“ Каменско. Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица. Тие запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба. Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем христијански празник кај православните, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму...

Continue reading

Sv.Kliment Ohridski

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

Post Views: 1 Македонија во вторник го празнува „Свети Климент Охридски“ во чест на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, Свети Климент. Со денешниот празник се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител и првиот словенски епископ. Заедно со Наум Охридски, Свети Климент е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот...

Continue reading

festival Spasovden

Фолк Фест Спасовден, од локален настан, до фестивал со меѓународни фолк ѕвезди

Post Views: 1 Пред три години, на денот на големиот христијански празник Спасовден, лесковчани срамежливо но сигурно започнаа една нова традиција поврзана со нивната селска слава. Пред три години здруженито на граѓани „Спасовден“ од Лескоец за прв пат го организираше фестивалот на препеани македонски фолк песни „Фолк Фест Спасовден“. Но она што тогаш започна како мал, локален настан, полека се претвора во нешто многу поголемо, а од годинава добива и меѓународен карактер. „Годинава успеавме да добиеме најавено присуство на врвни имиња од македонската естрада, а имаме чест и да ни присуствуваат...

Continue reading

sv.Georgij

Ѓурѓовден, празникот кој ги обединува етникумите во Македонија

Post Views: 0 Освен втор ден Велигден, денес православните христијани го слават и денот на свети Ѓеорѓиј Победоносец или Ѓурѓовден. Овој великомаченик според православната црква е еден од најпочитуваните светци во христијанството. Свети Ѓеорѓиј кој бил родум од Кападокија, во име на верата се подложил на бројни измачувања, а поради чудата кои ги правел, многу незнабошци го попримиле христијанството. „Денес на гробот од свети Ѓорѓи се случуваат безброј чудеса. Честопати свети Ѓорѓи знае да им помогне на сите оние кои имаат потреба од телесно здравје, духовно спасение. Еве и ние се...

Continue reading

skara

Нема протести, ама нема ниту скара и пиво за 1ви Мај

Post Views: 0 Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува во знак на почит кон жртвите на штрјкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго за воведување осумчасовен работен ден. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 година во Париз донела декларација со која работниците се повикуваат на масовни демонстрации на 1 мај за да ја подобрат својата положба. ...

Continue reading

patronat Hristo

Основците од „Христо Узунов“ со поезија, драма и музика за својот патронат

Post Views: 31 „Длабока резба на душата“ е темата под која основците од „Христо Узунов“ синоќа го одбележаа својот патронен празник. Со прекрасни песни кои се разлеаа од грлата на хористите, со поетските рецитали и прекрасни поеми, со одличното свое актерство, учениците од ова основно училиште покажаа како се чествува својот патронен празник. За сето ова да изгледа и да звучи толку убаво, потребна им била макотрпна работа. „Обично се подготвуваме, почнаа подготовките второто полугодие, со изборот на тема на која што ќе се работи патронатот, музичкиот дел и рециталот. Исто така и училишниот...

Continue reading

romi proslava

Ромите од Охрид го прославија 8ми Април, меѓународниот ден на Ромите

Post Views: 2 Со пригодна свеченост, вчера, ден порано, беше одбележан меѓународниот ден на Ромите. На малиот коктел организиран од партијата Демократски сили на Ромите, не само симпатизерите и членови на оваа партија, туку и воопшто сите кои се чувствуваат како припадници на заедницата на Ромите, го одбележаа овој свој празник. Во меѓународни рамки, овој ден за прв пат се прославил во 1971та година во Лондон, на кој биле избрани химната, знамето и денот, 8ми Април, за светски ден на Ромите. За химна на ромската заедница е избрана песната „Џелем, џелем“, додека знамето се состои од...

Continue reading

jovan babace

Јован Бабаче најсреќен од сите

Post Views: 17 Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст. Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде. Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари...

Continue reading

bozik

Охриѓани масовно ги посетија светите храмови

Post Views: 6 „ Христос се роди- Навистина се роди“,  е денешниот поздрав со кој меѓусебно се поздравуваат православните христијани. Тие го празнуваат раѓањето на спасителот Исус Христос. Утринските богослужби кои се одржаа во  светите храмови беа преполни со верници.  Црквите беа посетувани од православните христијани и во текот на целото претпладне, а при тоа беа посакувани најубави желби. Се палеа свеќи, а најчестата молитва беше за здравје и мир. Свештеникот Диме Азески од православниот храм „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско, не потсетува на значењето на овој голем христијански...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top