Ознака: повредени

karta

7,2 по Рихтер го стресе Чиле

Post Views: 1 Неколку лица се полесно повредени, во силниот земјотрес, кој со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле. Владата на оваа земја, веднаш по земјотресот, најпрвин наредила евакуација на дел од населението кое живее најблиску до брегот, поради можност од цунами, но набргу го повлекла предупредувањето. Епицентарот на потресот, со магнитуда од 7,2 степени според Рихтер, бил на 100 километри од градот Талца, кој се наоѓа во средишниот дел на Чиле, на длабочина од 10 километри. Пред две години истиот регион беше погоден од земјотрес со магнитуда од...

Continue reading

Tuluz

Уапсено лицето осомничено за убиствата во Тулуз

Post Views: 4 Францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан потврди дека е уапсенo 24-годишно момче на прв кат на мала зграда во дистриктот Кот Паве, која важи за мирна станбена област во Тулуз. Во акцијата тројца полицајци биле повредени. „Тој тврди дека е муџахедин и дека е припадник на Ал Каеда“, изјави Геан на местото на настанот, додавајќи дека мотивот на напаѓачот била одмазда за убиени палестински деца и поради ангажирањето на француската армија во меѓународни воени интервенции. {loadposition content9}  

Continue reading

Страшни вести од припремите на германската фудбалска репрезентација

Post Views: 2 Репрезентативците Julian Draxler и Benedikt Howedes, заедно со возачот на формула1 Nico Rosberg и возачот од серијата DTM Pascal Wehrlein,  учествувале во сообраќајна несреќа во Јужен Тирол. Тие поминале неповредени, но тешко настрадале двајца пешаци. За време на снимањето на рекламен спот, улицата за таа намена била затворена, но две лица ја игнорирале забраната и притоа се нашле на патот на Rosberg. Тој успорил, а Wehrlein кој бил зад него скршнал за да не удри во него, но удрил во двајцата пешаци. Двајцата се тешко повредени и итно превезени во болница, но останатите...

Continue reading

zemjotres Turcija

Борба за преживеани по земјотресот во Турција – се откопуваат луѓе затрупани во урнатините

Post Views: 4 Точната бројка на жртви се уште не е позната. Последните инфомации се дека до сега се извлечени 217 мртви тела, а над 350 луѓе се повредени – јави Си Ен Ен. Турската сеизмографска служба оцени дека земјотресот кој вчера го затресе истокот на Турција со јачина од 7,2 степени по Рихтер ќе однесе околу илјада жртви. Точната бројка на жртви се уште не е позната. Последните инфомации се дека до сега се извлечени 217 мртви тела, а над 350 луѓе се повредени – јави Си Ен Ен. Подрачјето кое беше погодено од земјотресот го посети премиерот Реџеп Таип Ердоган. Рече дека најмногу...

Continue reading

Beer fest

Крвав „Бир Фест“ во Белград

Post Views: 0 Непознат човек со нож ранил десет лица на белградскиот фестивал Бир фест. Во други инциденти на собирот повредени се уште најмалку осум лица. Повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи, српските медиуми јавуваат дека три лица се потешко повредени а седум завршиле со полесни повреди. Причините за нападот се уште не се познати. Од итна помош известиле дека на фестивалот се повредени најмалку 18 лица, бидејќи освен повредените со нож, имало и луѓе кои се здобиле со повреди при пад на заштитната ограда и во тепачка што избила околу 5 часот наутро....

Continue reading

koncert Belgija

Се урна бина и во Белгија, 5 мртви

Post Views: 7 Најмалку 5 луѓе загинаа a над 70 се повредени по уривање на сцените на музички фестивал во Белгија, на кој требаше да настапат Foo Fighters, Eminem, The Offspring и 30 seconds to Mars.Несреќата на првиот ден од Пуккелпоп фестивалот ја предизвикало големо невреме, проследено со дожд и силен ветар. Освен сценските конструкции, се урнале и огромните видео бимови и околните дрвја. Во моментот во публиката имало 60.000 луѓе. Бурата почнала веднаш по настапот на Skunk Anansie.“Небото наеднаш потемне и почна силно да врне град. Насекаде паѓаа дрвја. Изгледаше како да...

Continue reading

Totenhem, London

Протестите во Лондон се претворија во грабежи

Post Views: 0 Над сто луѓе се уапсени, а 35 полицајци се повредени во насилствата во Лондон, втора ноќ по ред. Она што сега ја загрижува полицијата се подметнувањето пожари и масовните грабежи на продавниците, уништени во дивеењето на толпата кои започнаа во квартот Тотенхем, поради убиството на 29- годишно момче од страна на полицијата, а се проширија низ цел Лондон, посебно онаму каде што живее и мешано, афро- американско население. Поради тоа, во текот на ноќта низ Лондон се распоредени дополнителни безбедносни сили и е зголемено полициското присуство по улиците. {loadposition...

Continue reading

desert

Десерт„а ла бомба“

Post Views: 9 Десерт од банани, сладолед и ликер од банана се претворил во вистинска катастрофа. Откако келнерот го запалил десертот додал уште малку ликер, по што се запалило шишето и настанала експлозијата во која настрадале четири лица. Откако слаткиот десерт во ресторан во Палм Бич на Флорида се претворил во експлозија, една девојка (25) и еден 56- годишен маж се здобиле со изгореници од прв и втор степен, а други две лица биле полесно повредени. “Келнерот правел десерт во кој треба да се запали алкохол. Во еден момент, додека горел, додал уште ликер, по што шишето се запалило....

Continue reading

Силна експлозија на Менхетн, повеќе повредени

Post Views: 2 “До експлозијата дошло околу 20.30 часот по локално време во 23 улица помеѓу 6 и 7 авенија на Менхетн” објавил на Твитер портпаролот на полицијата Питер Доналд додавајќи дека неколкумина повредени се одведени во блиските болници. Одделот на њујоршките пожарникари исто така објави дека во реонот Челзи на Менхетн дошло до експлозија со повеќе повредени, меѓутоа а подетални информации не биле достапни, наведува Ројтерс. Градоначалникот на Њујорк изјави рано утрово дека се случила експлозија на Менхетн во која се повредени дваесетина лица и дека нема поврзаност со тероризам. “Се...

Continue reading

Земјотрес во Турција, има повредени

Post Views: 1 Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на западна Турција околу 07:00 часот по локално време, соопшти Европскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот е на 156 километри северозападно од турскиот град Измир, крај островот Лезбос. Следеа серија од последователни потреси со интензитет меѓу 3 и 4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван во провинциите Текирдаг и Чанаккале, објавија турските медиуми. Во оваа фаза нема известувања за повредени или материјална штета.

Continue reading

Belica

Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени во вооружен инцидент во Долна Белица

Post Views: 1 Едно лице е убиено, а две се повредени со огнено оружје во инцидент кој синоќа околу 22.30 минути се случил на патот кон струшкото село Долна Белица. Убиството и обидот за убиство се извршени со пиштол и автоматско оружје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. „ Од здобиените повреди на место на настанот  починал 23 годишен жител на струшкото село Горна Белица, еден 18 годишник е тешко повреден, а 45 годишен жител од Велешта е тешко повреден. Тој е пренесен во Општа Болница Струга, и му е извршена хируршка интревенција“, информира  Димоски.   Повреденото...

Continue reading

Косовски автобус се преврте во Србија, има повредени

Post Views: 2 Автобус на компанијата „Житиа Турс“, со косовски регистарски таблички, доцна синоќа се преврте во Србија. Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за линија што сообраќала на релација Приштина – Грац, а несреќата се случила во близина на Крушевац. Засега сѐ уште нема официјални податоци за причините, но познато е дека пред излетувањето од патот автобусот нагло преминал на левата коловозна лента. Во несреќата се повредени 17 патници кои се пренесени во ургентниот центар во Крушевац. Според РТС, само едно лице е потешко повредено. Во текот на денов се очекуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top