Десерт„а ла бомба“

Повредени четири лица во експлозија на десерт во ресторан.

 |   | 
desert
десерт

desertДесерт од банани, сладолед и ликер од банана се претворил во вистинска катастрофа. Откако келнерот го запалил десертот додал уште малку ликер, по што се запалило шишето и настанала експлозијата во која настрадале четири лица.

Откако слаткиот десерт во ресторан во Палм Бич на Флорида се претворил во експлозија, една девојка (25) и еден 56- годишен маж се здобиле со изгореници од прв и втор степен, а други две лица биле полесно повредени.

“Келнерот правел десерт во кој треба да се запали алкохол. Во еден момент, додека горел, додал уште ликер, по што шишето се запалило. Се потрудил да го тргне шишето, но од него како да почнале да излегуваат куршуми“, рекол пожарникарот Боб Маркфорд, додавајќи дека не е јасно како сето тоа излегло од контрола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top