Земјотрес во Турција, има повредени

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на западна Турција околу 07:00 часот по локално време, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

 |   | 

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на западна Турција околу 07:00 часот по локално време, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е на 156 километри северозападно од турскиот град Измир, крај островот Лезбос. Следеа серија од последователни потреси со интензитет меѓу 3 и 4 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил почувствуван во провинциите Текирдаг и Чанаккале, објавија турските медиуми. Во оваа фаза нема известувања за повредени или материјална штета.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top