Ознака: плажа

Урната и атрактивната плажа Атлантик

Post Views: 1 На десетина дена до истекот на рокот, деновиве е урната уште една атрактивна плажа на брегот на Охридското Езеро, плажата Atlantic Beach во Елешец, јави порталот Ohridpress.com.mk. Тешката механизација е се’ уште на лице место, каде се расчистуваат разурнатите објекти и инфраструктурата на плажата. На овој потег, се расчистуваа и објектите на плажата пред Авто кампот Елешец, кој е пред плажата Atlantic Beach. фото: Ohridpress.com.mk

Continue reading

vodi

Алармантно нивото на загаденост на Охридското езеро кај Андон Дуков и женска плажа во Струга

Post Views: 19 Водата кај плажите Андон Дуков и Женска плажа во Струга со алармантен степен на загаденост. Црвеното светло го уклучија последните испитувања кои ги спровеле екипите од Центарот за јавно здравје од Охрид кои покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска можна, односно петта класа, опасна и по здравјето на луѓето. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека според Уредбата за класификација на води, за петта класа се смета водата која во себе содржи над 500 термотолерантни бактерии, односно...

Continue reading

plaza

Избор на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро

Post Views: 8 Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро. Станува збор за четири идејни решенија за уредување на пет нови плажи, долж крајбрежјето на Охридско езеро и тоа: Уредување на 120 метри плажа во населеното место Далјан, Уредување на 120 метри плажа во близина на т.н. Извиднички камп, Уредување на 700...

Continue reading

plaza Debrca

Одлучено е како ќе изгледа новата плажа на Охридско Езеро

Post Views: 0   Избрано идејното решение за изгледот на новата плажа на Охридското езеро во општина Дебрца. На анкетата објавена од Министерството за транспорт и врски на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија за плажа на Охридско Езеро во општина Дебарца, избраното решение добило 56 % од вкупниот број гласови. Плажата во должина од 500 метри се наоѓа во атарот на селото Оровник во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.   Според избраниот проект ова мало делче од охридското крајбрежје ќе добие атрактивен лик со модерна и помалку футуристичка плажа во...

Continue reading

plaza

И општина Дебрца ќе добие плажа

Post Views: 4 И општина Дебрца ќе добие плажа. Современо уредена плажа ќе добие и општина Дебрца. Плажата се наоѓа во атарот на селото Оровник во должина од 500 метри веднаш под аеродромот „Св. Апостол Павле“, напоменува градоначалникот  Игор Трајкоски „ Со плажата во атарот на селото Оровник и општината Дебрца ќе добие сопствена плажа на Охридското езеро. Очекуваме селото Оровник да прерасне во туристичка населба“, истакнува Трајкоски. Уредувањето на плажата е на барање на општина Дебрца. Министерството за транспорт и врски денес објави јавна анкета на која ќе се избира најдоброто...

Continue reading

плажи

Две плажи на охридскиот брег ќе останат без концесионер

Post Views: 0 Две плажи на охридското  крајбрежје ќе ги загубат концесиите.   Во вчерашната контрола 2-ца  инспектори направиле увид на 10 плажи. Концеионер на една од плажите немал уплатено закуп за 2014 година, додека другите две не ги испочитувале законските обдредби, информира Николче Милески од Општинскиот инспекторат.„ Кај 3 од 10 плажи беа утврдени неправилности.Една од плажите веднаш по сугестиите на инспекторите ги одстрани неправилностите . Другата плажа не го почитуваше договорот со обезбедување на слободен простор од 40 посто за капачите и имаше поставено урбана опрема...

Continue reading

bikini

7 милиони жени гладуваат поради бикини

Post Views: 7 Жените се подготвени да направат баш се за да изгледаат убаво во летната сезона. Доказ за тоа е фактот дека 7 милиони жени годинава гладувале за да изгледаат убаво во бикини на плажа. Оваа импресивна бројка е вистински доказ за тесната поврзаност меѓу жените и различни диети кои ветуваат чуда. 7 милиони жени во светот признале дека периодов се на диета за да изгледаат подобро на плажа, а оние кои што сеуште не се на годишен одмор планираат да бидат на строга диета пред истиот. Причината е  костимот за капење. Истражувањето било спроведено во Велика Британија и истото...

Continue reading

kniga

„Со книга на плажа“

Post Views: 1 Од денеска (20 јуни) почнува традиционалната книжевна акција што ја организира Клубот „Матица“ – „Со книга на плажа“. Веќе 13 години членовите и читателите во Македонија ја имаат можноста своето слободно време од летниот одмор да го искористат за читање на добра книга. Практиката од минатите години говори дека македонскиот читател е вистински вљубеник во книгата и доброто четиво, а покрај задолжителните работи потребни за летниот одмор, околу 25.000 македонски читатели со себе ги понесуваат своите книги од омилените автори.Годинава изборот е зголемен како со домашна,...

Continue reading

plaza

Четири охридски плажи издадени под концесија

Post Views: 9 Четири атрактивни плажи на источното крајбрежје од Охридското Езеро, се доделија под концесија. Постапката за јавно наддавање на 5 плажи заврши на 7 октомври оваа година информира општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. Една плажа не е издадена поради некомплетна документација, додава тој. Џамтоски обелоденува дека на јавното наддавање кое се однесува за сите понудени плажи, почетната цена од 80 денари за метар се зголемила на 90 денари, а што се однесува на заинтересираните лица, имало толку понудувачи колку што е и бројот на плажите кои се издаваа под концесија. „Издаени...

Continue reading

policija zastita od krazbi

Проект на СВР -„заштита од кражби на плажите“

Post Views: 1 Самиот внимавај на својот паричник!, Сами заштитете се од кражби на плажа!, Не носете вредни предмети додека сте на плажа! Не оставајте ги без надзор и необезбедени вашите работи, особено ако сте во вода! Пријавете кражба на 192… се дел од преораките на СВР, кои во писмена форма од денеска почна да ги дели по охридските плажи. Овој проект на СВР „Превнција од кражби“опфаќа широк спектар на превентивни мерки кои полициските службеници заедно црвен крст ќе ги превземаат на терен во делот на едукација на граѓаните на Охрид туристите и воопшто јавноста за потребата...

Continue reading

Десет фасцинантни факти за Бразил

Post Views: 1 Од почетокот на Светското првенство во Бразил не делат неколку дена. По овој повод издвојуваме десет фасцинантни факти за оваа земја, со помош на податоците кои ги објавија Telegraph и Business Insider. Бразил е трет потрошувач во светот на козметика, веднаш по САД и Јапонија. Половина од светското производство на сок од портокал и петтина на производството на шеќер отпаѓа на Бразил. Бразил е седмо стопанство во светот, со БДП од 2,3 билиони долари. Толку изнесуваат стопанствата на Јужна Африка, Австралија и Аргентина, заедно. Во Бразил е потребно повеќе од една година...

Continue reading

plazi

Концесионерите на плажите ги кажаа своите маки на локалната самоуправа

Post Views: 20 Локалната самоуправа денес се запознаваше со актуелните проблеми на концесионерите на охридските плажи. Локалната од една, концесионерите од друга страна заеднички разговараа со претставници од Охридската капетанија, полицијата, Црвениот крст како и јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и МЈП „Проаква“. Од локалната самоуправа велат дека целта на оваа средба е да се подготви една успешна, но и безбедна летна туристичка сезона. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски потенцираше дека направиле безбедносни анализи на лице место и откриле што според...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top