Ознака: пациенти

dijabet

Месец на дијабет во Дарон

Post Views: 0 Месец на дијабет во Дарон. Трета година по ред Лајонс Клубот од Охрид, ПЗУ „Дарон“ и Здружението на дијабетичари, организираат хуманитарната акција за проверка на тримесечниот шекер во крвта. 300 пациенти ќе можат бесплатно да го тестираат шекерот вели д-р Костантин Георгиески од ПЗУ „Дарон“.   „Пациентите по претходно добиен ваучер од своите матични лекари или од Здружението на дијабетичари можат да добијат тестерање на гликозиран хемоглобин HB1C . Сите пациенти кои што се заинтересирани да земат учество во оваа акција, да се обратат кај својот матичен лекар за да собијат...

Continue reading

bolnica

Невропсихијатрија кубури со простор и кадри

Post Views: 2 ЈЗУ Општа болница Охрид денес излезе со официјален став во врска со обвинувањата на роднините на 44 годишната Билјана Туфеска дека истата пред два дена почина поради лекарска негрижа. Според директорот на болницата Љубен Арнаудов, тие досега не добиле преставка од блиските на починатата дека имаат некаква забелешка на работата на невро психијатриското одделение. Но сепак Арнаудов вели дека ја ангажирале Комисијата за внатрешна контрола на болницата за да го испита случајот и врз основа на тоа го заклучиле следново. „Технички се е уредно направено и нема пропуст. Пациентката...

Continue reading

magla

Густата магла, причина за зголемен број на пациенти во Општата болница

Post Views: 4 Густата магла која го обви и нашиот град, покрај техничките потешкотии кои ги создаде околу функционирањето на воздушниот и патничкиот сообраќај, деновиве причина и за зголемениот број на пациенти во пулмо-алерголошкото одделение при Општата болница од Охрид. Началникот на интерното одделение, д-р Сашо Василески, вели дека во изминативе десетина дена, бројот на пациенти во Центарот за респираторни болести при Општата болница е зголемен за околу 20 % како последица на густата магла. Особено на удар, д-р Василески вели дека се пациентите со хробнични белодробни заболувања. „Факт...

Continue reading

Производ кој се продава со брзина на светлината

Post Views: 14 Имено, Холандската компанија E-joint BV го смислила и произвела првиот електронски џоинт на светот. Спрема пишувањето на весникот Corriere della Sera , станува збор за еднократен производ наменет за забави, концерти, барови, клубови и други слични собири. Моментално се произведуваат 10.000 еднократни електронски џоинти дневно, кои можат да се купат ширум Холандија во киосците и продавниците за тутун, но наскоро и во остатокот од Европа. Сличен е на вистинскиот џоинт по дизајн, Е-Njoint е потполно легален бидејќи не содржи психоактивна супстанца THC, ниту тутун а ниту...

Continue reading

Полицискиот час дава резултати, опаѓа бројот на новодијагностицирани пациенти со ковид 19

Post Views: 8 Бројот на новодијагостицирани пациенти со ковид 19 е во опаѓање. Денес тој број е под 1000 инфицирани и очекуваме да се стабилизира состојбата во наредните денови, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Полицискиот час кој беше воведен пред една недела ги дава ефектите, но Комисијата за заразни болести ќе ги следи состојбите со овој бран на ковид 19. Нова проценка на состојбите ќе има следната недела и ако има потреба ќе се преземаат нови мерки.  „Дополнителни рестриктивни мерки како следен чекор би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување...

Continue reading

болница

Професори од Клиника лекуваат пациенти во охридската болница

Post Views: 11 Веќе шест месеци на интерното одделение во охридската болница пациентите закажуваат медицински прегледи кај тројца врвни специјалисти, професори од Клиниката во Скопје. Оваа  можност следува  по владиниот проект во насока на ублажување на дефицитот од лекари специјалисти во болницата. Со ваквото решение  и пациентите и  болницата имаат голем бенефит, информира портпаролот на болницата д-р Сашо Василески. Болницата на тој начин го пополнува недостигот од специјалисти, а пациентите заштедуваат време и пари за патување до Скопје, појаснува Василески. „ Професор Тања Чапаровска...

Continue reading

bolnica

На нервно во охридската болница се бара кревет повеќе

Post Views: 0 Болнички кревет повеќе се бара на нервното одделение во охридската болница. Просторните услови на одделението се со мал капацитет и не може да ги примат  сите пациенти кои бараат лекарски третман. Портпаролот на болницата д-р Сашо Василески појаснува дека  станува збор за најчест случај на пациенти со  мозочни удари, а капацитетот на одделението е стопроцентно оптоварен. Болницата е од регионалне карактер па лекарска помош на одделот не бараат само охриѓани туку и жителите од југозападниот регион, од градовите Македонски Брод, Кичево, Дебар, Ресен и  Струга, укажува...

Continue reading

Се полнат болничките капацитети со пациенти заразени со британскиот сој на Ковид 19

Post Views: 0 Пациентите заразени со британскиот сој на Ковид 19 ги наполнија болничките капацитети во ковид центарот во охридската Општа болница. Од ден на ден е во пораст бројот на пациенти заразени со ковид 19 кои се сместуваат во модуларната болница која има 54 кревети, информира директорот Д-р Горан Балески. „Модуларната болница е скоро исполенета. Новото крило го примивме вчера, 8 контејнери со 15 кревети и денес почнавме да ги пополнуваме. Исполнети се сите капацитети на интерното одделение и геријатрија. Имаме 90 пациенти од кои 60 се на кислородна поддршка и на неинвазивна...

Continue reading

neuro

Временските промени влијаат на здравјето на граѓаните

Post Views: 2   Бројот на пациентите кои доживеале мозочен удар, а се третираат на невропсихијатрискиот  оддел во Охрид,  во последно време е зголемен. Д-р Јулија Василевска вели дека за жал старосната граница се повеќе опаѓа, а најголема причина за тоа е современиот начин на живот. Одредено влијание имаат и климатските промени кои се повеќе ги чувствуваме. Температурните разлики влијаат и на здравјето на граѓаните. Д-р Василевска вели дека многу важно за да се заштитиме од ваквиот вид на васкуларни заболувања е превенцијата. Тоа подразбира рано откривање и третирање на покачениот...

Continue reading

oci

Ретка е навиката на превентивни прегледи на очите

Post Views: 5 Глаукомот, катарактата и дегенерацијата на макулата се три најчести заболувања од кои страдаат повозрасните пациенти. Тоа се болести на окото кои претходно не даваат  симптоми на болка, а може трајно да го оштетат видот, информира  офтамологот д-р Виолета Павловска. „ Овие три очни заболувања се најчести во популацијата од 55 годишна возраст. Најтипично е за нив што не даваат болка, а даваат трајни оштетувања на видот. Затоа е важно на време  да се откријат, лекуваат и правилно да се  интервенира.“ Луѓето многу ретко практикуваат превентивни прегледи на окото.  Многу...

Continue reading

aparat glikemija

1500 апаратчиња за мерење шеќер за охриѓаните со дијабетес мелитус

Post Views: 0 Со оваа акција, ќе биде обезбедено сите пациенти на Центарот за дијабетес, кои имаат дијагноза дијабетес мелитус, да ги добијат овие апаратчиња. Со нив, пациентите ќе можат дневно да ја следат својата здравствена состојба. „Ќе ги добијат исклучиво пациентите кои се на инсулинотерапија. Со тоа го заокружуваме проектот да секој пациент има апаратче во домашни услови. Правиме еден голем исчекор, затоа што ваква акција години наназад не е случувана. Ние секоја година на два-три наврати сме давале гратис апаратчиња, но тоа било во помали количини. Сега ќе ја опфатиме целата...

Continue reading

Komunalec mehanizacija

Повеќе снег, повеќе работа

Post Views: 7 Наврна и првата поголема количина на снег. Децата со сигурност му се израдуваа, но возрасните  негодуваат поради низата проблеми кои доаѓаат со него. Затоа пак надлежните служби крајно мобилизирани.  Вработените од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ задолжени за чистењето на снегот низ охридските улици, уште од три часот изутрина излегле на терен. Најпрво пристапиле кон чистење на наносите од снег по улиците, а потоа кон посипување на абразивна мешавина од сол и песок. „Со специјални машини го исчистивме пристапот до Горна порта, и од Илинденска до Света Софија,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top