Ознака: пациенти

brza pomos

Итната медицинска служба со полни раце работа

Post Views: 1 Итната медицинска служба бележи зголемен број повици од хронично болни пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници. Очекуваат бројот на пациенти да се зголеми деновиве поради мразот на улиците. Од друга страна, непроодните патиштата им претставуваат голем проблем на екипите на брзата помош. Тешко се пробиваат на одредени локации во градов како и до селата за да интервенираат во итни случаи, како што нагласи раководителот на службата д-р Александар Стојаноски. „Во овие временски услови бројот на интервенции е нешто зголемен не така драстично меѓутоа...

Continue reading

tomograf

Компјутерскиот томограф во охридската општа болница работи успешно

Post Views: 4 Томографот во општа болница Охрид работи под полна пареа. Апаратот работи една смена, во текот на денот и 24 часа на повик.  Се реализираат и по 25 компјутерски снимања на пациенти во денот. Таа бројка некогаш достигнува и повеќе од техничките и умствените можности на екипата, па  имаме реалзирано и до 36 пациенти во еден ден во текот на 6 работни часа, информира д-р Софка Маленко специјалист по радиодијагностика.  Во последните месеци имаше премногу пациенти и  работа, а имаше недостиг од радиолози. Многу ретко се случува да има залутани пациенти со  неоправдани снимања...

Continue reading

logo

ХАЕ караванот утре во Охрид

Post Views: 0 Утре со почеток во 11 часот во салата на советот на општина Охрид ќе се одржи предавање за болеста ХАЕ. Целта на оваа иницијатива на здружението е поинтензивно запознавање на лекарите од примарната здравствена заштита преку нивна едукација за да може да ја препознаат ретката болест ХАЕ кај потенцијалните пациенти, како и начините на кои може да им се помогне на пациентите. Индиректно овие предавања за ХАЕ се очекува да помогнат во зголемување на јавната свест за болеста, како и идентификување на потенцијални нови пациенти, со што би се овозможило и нивно вмрежување во...

Continue reading

tamiflu

„Tамифлу“ ќе препишуваат и матичните лекари

Post Views: 2 Антивирусниот лек „тамифлу“ освен на инфективните одделенија, ќе може да го препишуваат и матичните лекари. Вака одлучило Министерството за здравство поради зголемениот број пациенти со симптоми на грип, па до матичните лекари веќе испратило писмено известување. Со него лекарите се информираат дека лекот „тамифлу“ ќе може бесплатно да се препишува за пациенти со симптоми на грип, посебно на пациентите од ризичните групи, како што се дијабетичарите, срцевите болни и лица со други хронични заболувања. Лекот ќе биде дистрибуиран до аптеките во здравствените домови. Воедно,...

Continue reading

mozocen

Мозочните удари 80% можат да се превенираат

Post Views: 8 Новоформираното здружение „Мозочен удар“ ја организира досега најголемата акција од своето три месечно постоење. Утре на градскиот плоштад од 11 до 14 часот сите граѓани на Охрид кои сакаат да се прегледаат и да го дознаат својот статус за ризикот од мозочен удар ќе добијат бесплатни едукативи совети и здравствени прегледи. Др Маја Божиноска Смичоска, невролог во Специјалната болница „Св Еразмо“ вели дека нивното здружение делува во насока да го свртат вниманието на граѓаните за превенцијата од мозочен удар. „Во нашата акција утре ќе имаме тим лекари и медицински персонал,...

Continue reading

dentalen turizam

Ем стоматолошка услуга, ем туристичка прошетка

Post Views: 7 Охрид ги прави првите чекори кон денталниот туризам. Стоматолозите од градов велат дека Македонија сеуште се наоѓа на првото скалило од овој интересен туристички концепт, во кој туристите добиваат и стоматолошка услуга, но и можност да уживаат во сите останати туристички услуги како пакет аранжман. Д-р Небојша Баткоски од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, вели дека тие веќе втора година практикуваат дентален туризам. За таа цел отвориле и своја ординација во Словенија која им служи како своевиден промотор и на Охрид и на стоматолошките услуги на центарот. Д-р Баткоски...

Continue reading

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти

Post Views: 6 Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 617 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во ковид центарот во Струга 15 болни, во Прилеп 55. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат...

Continue reading

kosna

Св Еразмо – прва болница на Балканот која изведува операција на кичма со лумбален кејџ

Post Views: 10 Ставање апликација на кејџ во лумбалниот, кичмен дел на човековото тело е новата метода која веќе отпочна да се применува во  Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Следејќи ги модерните светски достигнувања во медицината нашата болница беше и останува лидер при изведување на оперативни зафати и лекување на пациенти, рече првиот човек на оваа медицинска установа д-р Митко Тилевски. „Моментално за оваа година имаме предвидено 30  пациенти во соработка со Фондот на Р. Македонија  и Министерството за Здравство, планираме да го зголемиме...

Continue reading

logo

НУ Центар за култура “Григор Прличев” со изложба по повод Меѓународниот ден на здравјето

Post Views: 9 НУ Центар за култура “Григор Прличев” во соработка со ЈЗУ Психијатриската болница -Демир Хисар, по повод меѓународниот ден на здравјето, 7-ми април Ве покануваат на ИЗЛОЖБА на креативни пациенти од Псијатриската болница. Свечено отворање на изложбата е овој ПЕТОК, 4-ти АПРИЛ 2014 година, со во почеток 12.00 часот, во изложбениот салон на Центарот. {loadposition content9}

Continue reading

ispituvanja

Од месец Април резултати од микробиолошки тестови може да добивате и на мејл

Post Views: 12 Центарот за јавно здравје од Охрид со новина во своето работење. Од почетокот на идниов месец ќе започнат со испраќање на резултати од микробиолошки испитувања преку е мејл до пациентите. Оваа новина велат дека е во насока на подобрување на здравствените лабораториски услуги кои ги нуди Центарот. Новата можност може да ја искористат сите пациенти кои ќе дадат согласност своите резултати да ги добиваат во електронска форма. Според д-р Сашо Точков од Центарот за јавно здравје, со воведувањето на оваа услуга, ќе се штеди и на време и на пари, а ќе се добие и поголема ефикасност.Целиот...

Continue reading

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти

Post Views: 7 Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Гостивар 45, во Струга 19 болни, во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 25, во Кичево 35. Од болниците низ државата, најмногу хоспитализирани има во Битола-124, па во Прилеп-107. Во болницата во Кавадарци 58, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на коронавирусот, во Штип се хоспитализирани 93 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес 88, а во Куманово 103 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Continue reading

domasna vizita

Домашна визита за сите стари лица

Post Views: 0 „Домашна визита“ е проект на превентивни здравствени прегледи. Старите и изнемоштени лица во охридскиот регион кои што не се во можност да вршат редовни контроли и прегледи, од месец ноември минатата година во нивните домови ги посетува поливалентната служба. Имено, патронажните сестри во нивните домови, како што рече првиот човек на ЈЗУ Здравствен дом, д-р Митко Дабески, вршат прегледи како мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕKГ прегледи. „Имаме еден акционен план, една динамика на посета од тие 13 патронажни сестри,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top