• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Св Еразмо – прва болница на Балканот која изведува операција на кичма со лумбален кејџ

Св Еразмо – прва болница на Балканот која изведува операција на кичма со лумбален кејџ

Оперативен зафат – лумбален кејџ, за прв пат во Македонија, на Балканот и во Југозападна Европа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Со оваа нова метода во медицината односно во неврохирургијата, две пациентки веќе се оперирани и се опоравуваат во оваа установа без посебни компликации.

 |  Николоска Биљана  | 
kosna
косна

kosnaСтавање апликација на кејџ во лумбалниот, кичмен дел на човековото тело е новата метода која веќе отпочна да се применува во  Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Следејќи ги модерните светски достигнувања во медицината нашата болница беше и останува лидер при изведување на оперативни зафати и лекување на пациенти, рече првиот човек на оваа медицинска установа д-р Митко Тилевски.

„Моментално за оваа година имаме предвидено 30  пациенти во соработка со Фондот на Р. Македонија  и Министерството за Здравство, планираме да го зголемиме обемот на операциите ако има потреба за тоа, бидејќи оваа метода се употребува прв пат во Македонија, Балканот и Југоисточна Европа, е најнова метода и сметаме дека ќе имаме доста пациенти како од Македонија и од регионот и пошироко“.

kosnaКако што изјави д-р Митре Милошески, „Св Еразмо“ е втора болница која аплицира ваков кејџ после Хуманити Хоспитал болницата од Милано, Италија. Тој појасна дека станува збор за примена на метода која го упростува режимот на досегашниот начин на оперирање, ја скратува и ја прави побезбедна постапката, а пациентите после тоа порано застануваат на нозе.

„Битно е во овие работи е тоа што се вади меѓу пршлените, тоа е дискот и територијалниот дискус да се стави нешто што ќе го надомести тоа и со тој дел ќе го држи стабилен и фиксиран. Тоа е многу битно при овие методи, сега се ваквите методи се тренд во светот, постапно ги земаат многу болници, дури во некои установи ваквите работи се на секоја дискална операција на дискус се аплицираат заместатоци односно т.н кејџови“.

kosnaПри изведување на оваа операција покрај техниката и добро обучен тим, важен сегмент од целиот процес е и начинот на давање анестезија. Д-р Александар Василески вели дека присатапот кај пациентите кај кои треба да се аплицира лумбален кејџ е специфичен.

„Во поглед на анестезија занчи овие операции се работат во општа анестезија со тоа штое специфична положбата, пациентот треба да биде свртен на стомак, значи се интубира анестезија на грб па се врти на специфична положба легнат на стомак, за тоа пациентот треба да биде кардио циркулаторно стабилен.

Деновиве во Специјалната болница „Св Еразмо“, веќе се изведоа две успешни операции со примена на новата метода. Едната се извршила во присуство на стручно лица од Загреб додека пак втората операција ја извел добро екипиран тим од болницата. Инаку овој зафат ќе го работат д-р Митре Милошески, д-р Владимир Стрезоски и д-р Александар Стевоски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top