Ознака: Охридско

Политичките партии го искористиле рекламното пано на Охридско лето за поставување на свои рекламни материјали

Post Views: 4 НУ „Охридско лето“ реагира на злоупотребата на политичките партии кои во изборниот период, за свои лични интереси, го искористиле рекламното пано на Охридско лето за поставување на свои рекламни материјали. „Ценејќи дека нашиот најреномиран фестивал Охридско лето не е место за политички мегдан, а уште помалку за политикантство, упатуваме апел политичките партии да ги тргнат рацете од највредниот културен настан кој има светско реноме. Развојот и успехот се единствените цели по кој стремиме и чекориме и секакво инволвирање на Установата, посебно во партиски цели, за нас...

Continue reading

Pletnev

Прекинат случајот против Плетњев

Post Views: 0 Тајландските власти ја прекинаа истрагата против рускиот диригент Михаил Плетњев, кој беше приведен под сомнение дека силувал дете. Против музичарот кој го отвори годинашното Охридско лето, не беа покренати обвиненија. “Господинот Плетњев постојано ги отфрлаше обвинувањата, но целосно соработуваше со тајландските власти. Од почетокот на јули, тој неколку пати се враќаше на Тајланд за да го покаже своето присуство, како што му наложи Окружниот суд”, стои во известувањето на Руската национална опера, чиј основач е Плетњев. Диригентот беше уапсен во одморалиштето...

Continue reading

Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето

Post Views: 7 Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Од Националната установа имаат првичен предлог отворањето на јубилејното 60-то издание да биде на 4 август кога е роденденот на фестивалот. Од Националната установа ги чекаат насоките од Владата и Министерството за култура, информира Наташа Поповиќ, директор на Фестивалот Охридско лето.  „Одлучивме, но тоа секако е предлог, Фестивалот Охридско лето кога оваа година слави јубилеј, да се отвори на 4 август, кога почнал пред 6 децении и е роденден на фестивалот. Но, чекаме да се прогласи крај на пандемијата...

Continue reading

Ќе се изработува Студија за валоризација за Охридско езеро и изработка на нацрт–план за негово управување

Post Views: 0 Министерството за животна средина и просторно планирање го одбележува 5 јуни Светскиот ден на животната средина со најава за изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро. Ресорното министерство во соработка со проектната канцеларија на Обединети нации за животна средина во земјава обезбедува поддршка на државата во проширување на мрежата на заштитени подрачја, како и поефикасно управување со заштитените подрачја, информира Искра Стојанова, претставник од канцаларијата на УНЕП. Една од целите на тековниот проект...

Continue reading

Корона вирусот ќе наметне прилагодувања нa 60-тото јубилејно Охридско лето

Post Views: 0 Фестивалот „Охридско лето“, нашата најголема музичко сценска манифестација годинава треба да го има своето јубилејно 60то издание.  Подготовките за реализација на годинешното издание започнаа веднаш по завршувањето на минатото и токму овој период повеќето работи се завршени, велат од дирекцијата на фестивалот. Додаваат дека состојбата со корона вирусот неминовно ќе наметне прилагодувања на активностите но како ќе изгледа фестивалот Охридско лето низ призмата на мерките за контрола на коронавирусот е рано да се предвиди во целост. Постојано сме во преговори со уметниците...

Continue reading

Еколошка катастрофа на Преспанско ќе се одрази и на Охридско Езеро

Post Views: 0 Алармантната состојба со Преспанското може да се одрази и на Охридското езеро.50% од водата на Прескапнското се влева во изворите во Свети Наум, а човечката негрижа и користењето на водата со пумпи од страна на Македонија, Албанија и Грција  доведе до еколошка катастрофа во Преспа.  Контролирано да се води сметка за  истекот на Охридското езеро  кај Црни Дрим за потребите на хидроцентралите, апелираат експертите.   „Овие моментални дождови не се спас за вода се снежните врнежи кои нажалост подолг период ги нема. Таков проблем би се јавил и Охридското езеро а сето тоа...

Continue reading

Божиновски: Сериозни прекршоци на законите во НУ „Охридско лето“

Post Views: 2 Директорката на НУ ,,Охридско лето”, Наташа Поповиќ срамно, грубо и арогантно се обиде да ја манипулирa охридската и македонската јавност, обвини на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.  Божиновски кажа дека после реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ спорните вработувања во установата биле одјавени. Тој јавно праша зошто е тоа така доколку  немало незаконски дејствија.  Ако јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии за вработувањата, зошто тогаш истите без дополнителна согласност...

Continue reading

Директорката на НУ „Охридско лето“ со реакција на обвинувањата од Ок на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 1 Директорката на Н.У Охридско лето, Наташа Поповиќ, преку писмена реакција до медиумите во целост ги отфрла обвинувањата изнесени на денешната прес конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ.   Јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии на Република Северна Македонија за вработувањата за кои обвинувате. Постапката е целосно законска, започната во 2019 година со добиена согласност за истата. Во овој изминат период се чекаше уважување на согласноста за 2020. Од друга страна не се работи за никакви партиски вработувања,...

Continue reading

„Охридско лето“ после 10 години со нови селектори

Post Views: 1 Актерот Зоран Љутков и тенорот Ѓорѓи Цуцковски се нови уметнички селектори за драмскиот и за музичкиот дел на фестивалот. Новите селектори најавуваат оти со директорот Оливер Арсовски годинава ќе ја соопштат програмата на почетокот на годината. Двајцата уметници доаѓаат на местото на Гордана Јосифова – Неделковска и на Ѓорѓи Јолевски, кои 10 години ја правеа програмата на најголемата музичко сценска манифестација во Македонија. Селекторот на драмската програма Зоран Љутков е вработен актер во Драмскиот театар, а оваа година му завршува мандатот како директор на...

Continue reading

Засилување на полициските контроли во охридско струшкиот регион за спречување рибокрадство

Post Views: 0 Две лица во Пештани се дале во бегство кога полиција го запрела нивното возило. Зад себе исфрлиле вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка. Полицијата мрежите и уловената пастрмка ги предала во Хидробиолошкиот завод и работи на целосно расветлување на настанот по што ќе следи соодветна пријава. Оваа заплена се случила вчера, а денеска дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски имаше средба со началникот на СВР Охрид. „Треба да апелираме во моментов кога Охридско Езеро нема концесионер...

Continue reading

„Охридско лето“ донираше 95 илјади денари за Општата болница во Охрид

Post Views: 7 Националната установа „Охридско лето“ во знак на солидарност и хуман гест на Општата болница од Охрид и додели 95 илјади денари, средства собрани од продажбата на влезници од хуманитарниот концерт „Танец и Ладо под ѕвездите“ одржан во рамките на годинашната фестивалска програма. Целта на хуманитарната помош е полесно справување во борбата против Ковид-19 а средствата ќе бидат искористени за набавка на скафандери, маски и средства за хигиена. Во овие тешки времиња кога се соочуваме со најголемата здравствена криза секоја помош е неопходна. Изразуваме огромна благодарност...

Continue reading

Скуба дедо мразовци го чистеа дното на Охридско Езеро

Post Views: 3 Викендов во Охрид нуркачите од клубот „Акватек“ спроведоа подводна еколошки активности на делови од дното на Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот клуб облечени како дедомразовци од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања. „Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годинава што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top