Корона вирусот ќе наметне прилагодувања нa 60-тото јубилејно Охридско лето

Се подготвува 60тото јубилејно издание на реномираниот Фестивал  Охридско лето. Состојбата со Корона вирусот ќе наметне прилагодувања но како ќе изгледа нашата најголема музичко сценска манифестација низ призмата на мерките за контрола на вирусот е рано да се предвиди во целост. Од 12 јули до 20 август Охрид на фестивалските сцени ги пречекува  врвните светски имиња од уметноста а годинава требаше да биде домаќин и на Генералното собрание на бордот на директори на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА), како укажано признание од асоцијацијата за нашиот реномиран фестивал.

 |   | 


Фестивалот „Охридско лето“, нашата најголема музичко сценска манифестација годинава треба да го има своето јубилејно 60то издание.  Подготовките за реализација на годинешното издание започнаа веднаш по завршувањето на минатото и токму овој период повеќето работи се завршени, велат од дирекцијата на фестивалот. Додаваат дека состојбата со корона вирусот неминовно ќе наметне прилагодувања на активностите но како ќе изгледа фестивалот Охридско лето низ призмата на мерките за контрола на коронавирусот е рано да се предвиди во целост.

Постојано сме во преговори со уметниците кои треба да бидат дел од Охридско лето 2020 година. За жал сеуште е неизвесно какви мерки во иднина ќе бидат превземени во справување со вирусот. Чекаме да видиме какви ќе бидат насоките од Владата и Министерството за култура. Корона кризата можеби ќе го смени начинот на реализација на настаните, можеби ќе има ограничен број на посетители, намален број на концерти и претстави но никако нема да влијае врз квалитетот на она што ќе го понудиме, велат за ТВМ од НУ Фестивал „Охридско лето“.

Од Установата потенцираат дека ќе ги следат мерките на Владата против ширењето на коронавирусот и ќе се потрудат да има поголем број на онлајн концерти, настани кои љубителите на уметноста ќе можат да ги следат преку лајв стриминг.

Овој период се работи и на подготовка на сцените и на се она што значи тековни активности. Целосно и професионално сме ангажирани Фестивалот да помине во беспрекорна реализација со содржини кои успешно ќе ја надградат успешната културна приказна на Охридско лето изминативе 60 години.

Сеуште е неизвесно дали Охрид годинава ќе биде домаќин на Генералното собрание на бордот на директори на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) но од установата ги завршија  поголемиот дел од активностите за одржуивање и на овој значаен настан. Тоа ќе зависи од мерките и времето за надминување на пандемијата. Инаку, Фестивалот „Охридско лето“ беше рангиран на трето место од над 100 сродни манифестации од 40 земји  во Европската асоцијација на фестивали, на Генерално собрание на асоцијацијата што се одржа минатата година во април во Лисабон.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top