Ознака: Охридско

Волшебна ноќ на „Охридско лето“ -домашна џез музика и публика од сите генерации

Post Views: 0 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со извонреден настап на членовите на Здружението на џез музичари на Македонија- Колектив со гудачи. Премиерниот концерт под ѕвезденото небо над сцената „Долни Сарај“ и пред публиката која го исполни и последното место од гледалиштето го изведоа 23 врвни македонски музички уметници под диригентската палка на маестро Емин Џијан. -Ова е втор настап на Здружението на џез музичари на „Охридско лето“. Претходниот пат одржавме целовечерен концерт во 2017 година со „Биг бенд“, бендот на Здружението. Годинава...

Continue reading

Јубилеј на кореографката Рисима Рисимкин на Охридско лето

Post Views: 1 Со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ , една од водечките домашни кореографи, уметнички директор на светски реномираниот „Скопје танц-фест“ и основач на првата официјална компанија за современ танц во земјата, Рисима Рисимкин, денеска  во 21 часот во Предворјето на црквата „Св. Софија“, ќе го одбележи јубилејот, триесет години активно кореографско творештво, како дел од годинешното издание на Охридско лето. „Среќна сум што и покрај ситуацијата што нѐ затекна, успеваме да најдеме начин на работа и споделување на уметноста со нашата публика, што...

Continue reading

Врвни уметници и квалитетна програма донесе Француската вечер на „Охридско лето“

Post Views: 10 Обоистката Ариан Баке и пијанистот Теодор Ламбер од Франција испишаа уште една магична ноќ во историјата на „Охридско лето“ со концертот што синоќа го одржаа во рамките на традиционалната Француска вечер на фестивалот.Овој фестивалски настан секоја година се организира со поддршка  на Амбасадата на Република Франција во  Република Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје. Синоќешниот концерт во црквата „Света Софија“ го проследи и амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, кој рече дека во град што е под заштита на УНЕСКО како што е Охрид, треба...

Continue reading

Ткаченко: Мојата порака до „Охридско лето“ е да ги продолжи ваквото ниво и квалитетот на програмата што ја нуди

Post Views: 2 Изборот на потешките дела од класичната музика што ги изведоа Ткаченко и Лопатински, само потврди дека се работи за двајца уметници, кои иако млади, сепак се виртуози на своите инструменти. И двајцата првпат настапуваат на „Охридско лето“, но како што рекоа, добро се информирани дека станува збор за фестивал со огромно реноме кој ги негува високите уметничко-естетски вредности. -На двајцата ни е прво учество на „Охридско лето“. Чувствувам огромен наплив на емоции, не само од настапот во „Света Софија“, туку и од сета таа убавина што нѐ опкружува. Многу сум благодарен...

Continue reading

„Дисонанс“ – врвно уметничко доживување за публиката на „Охридско лето“

Post Views: 1 Уште едно врвно уметничко доживување приреди фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ со концертот на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“.Извонредните музичари од овој музички состав, Јанез Подлесек-прва виолина, Матјаж Поровне-втора виолина, Оливер Диздаревиќ-виола и Клемен Хвала-виолончело, преку својата маестрална изведба донесоа програма што беше во знакот на повеќе јубилеи. -Исто како и годинешното „Охридско лето“ што е јубилејно, и нашата програма со која настапивме е јубилејна. Целиот свет одбележува 250 години од раѓањето на големиот...

Continue reading

„Охридско лето“ со концерт за четирирачно пијано

Post Views: 8 Различни композитори и различни музички стилови на едно пијано донесоа вчеравечер рускиот пијанист Илја Максимов и неговата партнерка Јулија Коќубан од Полска на фестивалот „Охридско лето“.Програмата на руско-полското Дуо пијано ја опфати „Сонатата за четирирачно пијано“ од Моцарт, „Малата свита“ од Дебиси, а ја изведоа и композицијата „Шест пиеси“ од Рахмањинов. Максимов-Коќубан се првпат во Охрид и на фестивалот „Охридско лето“ и како што велат, иако прочитале за убавините со кои ќе се сретнат, сепак откако дошле, виделе дека градот е уште поубав кога ќе се посети. -Ова...

Continue reading

Гекиќ: Охридско лето херојски внесува позитивна енергија во ова тешко време

Post Views: 6 Светски познатиот пијанист од Хрватска,  кој со години живее и твори во Америка,   Кемал Гекиќ, три пати менувал авионски билети за да  настапи на Охридско лето. Здравствената криза, пандемијата, откажаните летови,  напорното  патување , дури и одењето во самоизолација не го предомислија   да  присуствува на 60 то издание на најпрестижната културна сценска манифестација во земјава. Според него  фестивалот „Охридско лето“  годинава направи херојски  напори да внесе позитивна енергија  во овие тешки времиња. „Организирањето на еден фестивал денес во вакви околности е...

Continue reading

Вечервата на програмата на „Охридско лето“, „Дуо пијано 4 раце“

Post Views: 6 Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва, во црквата Св. Софиј концерт ќе одржи „Дуо пијано 4 раце“ нА Јулија Коќубан од Полска и Илја Максимов од Русија. На програмата се дела од Моцарт, Дебиси и Рахмањинов. Концертот започнува во 21 часот во црквата Св. Софија. Рускиот пијанист Илја Максимов е победник на интернационалниот натпревар „Ж. Б. Виоти“ во Италија, а неговиот широк репертоар ги покрива делата од раната класика па се’ до модерните композитори, а делата на руските композитори секогаш имале посебно место во неговата концертна кариера. Настапувал во некои...

Continue reading

Отворањето на Охридско лето во знакот на Ана Липша Тофовиќ со која започна магијата која трае 60 год

Post Views: 1 Со концерт на арии во чест на  оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со која  во далечната 1961 год. започна магијата наречена Охридско лето ќе биде отворено 60тото јубилејно издание на фестивалот.  На 4-ти август на сцената на Античкиот театар ќе настапат светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ на концерт насловен како ,,Вокални бисери – по стапките на Ана Липша,, „ Одговорноста да се подготвува програма во време на пандемија е голема , но и задоволство...

Continue reading

49 годишен охриѓанец се удави во водите на Охридско езеро

Post Views: 0 Безживотното тело на 49 годишен охриѓанец  со иницијали СЈ денеска попладне беше извлечено од водите на Охридско езеро на кеј Македонија, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. „Во 14:30 часот во СВР Охрид беше пријавено по телефон дека на Кеј Македонија наспроти угостителски објект е забележано безживотно тело на маж во водите на езерото. СВР Охрид и јавен обвинител направија увид и констатираа дека станува збор за 49 жител на Охрид со иницијали СЈ. Екипа од Итна медицинска помош констатирале смрт. На телото не се забележани видливи траги на насилство....

Continue reading

Поддршка од евроамбасадорот Жбогар за воведување ред на крајбрежјето на Охридско езеро

Post Views: 10 Амбасадорот Жогар го поддржа охридскиот градоначалник во отстранувањето на нелегалните објекти на плажите. Денес заедно беа во посета на плажата Горица Трета, која по отстранувањето на бетоните и шанковите се уредува со песок. Потенцираа дека во иднина нема да се дозволи ваков тип на урбанизицја на крајбрежието. „Со должна почит би сакал да ушатам еден јавен апел до охриѓани  да покажат поголемо разбирање и да дадат поддршка  на мерките кои се спориведуваат и кои се во насока  на сопирање на самовоилието и импровизациите кои што се случувале  години наназад. Даваме...

Continue reading

Поповиќ: Корона кризата нема да го намали квалитетот на Фестивалот Охридско лето

Post Views: 3 На 4 август ќе биде отворено  годинешното јубилејно издание на Фестивалот Охридско лето кога фестивалот го одбележува својот 60 ти роденден. Подготовките се во тек, се адаптираат сцените и гледалиштата според новите протоколи, се прават финалните преговори со уметниците поврзани со условите на новонастанатата состојба со Корона вирусот, се привршуваат сите техничко организациски активности за успешна реализација на Фестивалот, информира директорката на националната установа, Наташа Поповиќ. „Благодарни сме што надлежните сепак најдоа решение за одржување на културните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top