Ознака: Охридско

„Охридско лето“ вечерва носи концерт на квартетот гитари „Аигета“

Post Views: 7 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на квартетот гитари „Аигета“ од Монте Карло. Во црквата „Света Софија“, во стандардниот фестивалски термин од 21 часот ќе настапат Франсоа Соњи, Александер Дел Фа, Филип Лоли и Оливије Фаутрат. Гитарскиот квартет „Аигета“ е основан во 1979 година во Монте Карло и првиот јавен настап го има во 1980. Сепак, интернационалната кариера членовите на квартетот ја започнуваат со изведбата на Андалузискиот концерт за четири гитари и оркестар од Родриго со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во...

Continue reading

Улиците и патиштата чисти по снежните врнежи во охридско

Post Views: 14 Охриѓани имаат чисти улици и тротоари после синоќешните снежни врнежи. „Охридски Комуналец“ обезбеди чисти улици од снегот во централното градско подрачје, приградските населби и повисоките населени места според Порграмата за зимско одржување. Синоќа биле исчистени приодите и до институциите, училиштата и градинките. Утрово, пак биле исчистени школските дворови. Директорот Сашо Најдески е задоволен од справувањето со синоќешните снежни врнежи. Напоменува дека биле ангажирани 92-ца вработени од нивното комунално претпријатие, како и вработени од другите јавни претпријатија,...

Continue reading

„Дуо Австрија“ на програмата на „Охридско лето“

Post Views: 5 Магијата на вокалот на Тимна Брауер и нејзините вештини со гирата, засилени од виртуозната игра на клавијатурите и перкусиите на Елијас Меири, вечер во предворјето на црквата СВ. Софија во 21 часот ќе ја почестат фестивласката публика со вистинска музичка магија, претставувајќи мал дел од светската музика. Тимна Брауер е родена е во Виена, Австрија во израелско-австриско семејство, матурира во француската гимназија во Виена, а продолжува да студира гитара, пијано и соло пеење на Конзерваториумот во Виена. Магистрира музикологија на престижната Сорбона во Париз, а се...

Continue reading

Народниот театар од Битола вечерва гостува на „Охридско лето“

Post Views: 12 Народен театар Битола ja носи на „Охридско лето“ театарската претстава „Бакхи- Краток преглед на распадот“ по Бакхи од Еврипид, а во режија на Игор Вук Торбица. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Станува збор за длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет. Според режисерот Игор Вук Торбица, меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, но, како што вели, можеби најважна е таа што Бакхите ја содржат алузијата на театарот...

Continue reading

Две изложби и концерт на камерна музика вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 8 Две изложби и концерт на камерна музика вечерва на „Охридско лето“. Во рамки фестивалската програма на неколку локации низ Охрид со почеток во 20 часот вечерва, ќе биде поставена Јубилејна изложба посветена на 30 години од творештвото во Охрид на академскиот сликар Стефан Хаџи-Николов – Масло на платно.Стефан Хаџи-Николов самостојно изложувал 75 пати во Скопје, Охрид, Солун, Истанбул, Анкара, Софија, Пловдив, Варна, Белград, Ниш, Приштина, Лондон, Париз итн. Оваа изложба ќе биде негово осмо самостојно претставување во Охрид одбележувајќи 30 годишен јубилеј од првата...

Continue reading

Вечер на „Охридско лето“ трио „Пендерецки“

Post Views: 3 Вечер на програмата на „Охридско лето“ вистинско музичко доживување за љубителите на класичната музика, звуците на пианото, виолината и виолончелото. Шестиот ден од програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ нуди концерт на полското трио „Пендерецки“, составено од уметниците Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки на виолина и Карол Марјановски на виолончело. Триото „Пендерецки“ е создадено со голем ентузијазам од страна на тројца од најдобрите и најзначајни полски музичари на денешницата. Долги години тие биле блиски со легендарниот композитор Кшиштоф...

Continue reading

Спектакуларен старт на годинешното „Охридско лето“

Post Views: 4 Со незаборавен концерт на светската виолинистка Ванеса Меј , синоќа во преполниот Антички театар во Охрид беше свечено отворено 59 то издание на фестивалот Охридско лето. Илјаднитата публика во вековниот театар уживаше во величествениот настап на „чудото на виолина“ , нејзината група и македонската филхармонија. Со интонирање на фестивалската химна и палење на фестивалскиот оган , годинешното издание за отворено го прогласи покровителот – претседателот Стево Пендароски. -Во наредните 40 дена ќе бидеме граѓани на уште една наша заедничка татковина. Таа постои од почетокот...

Continue reading

Прекин на струјата во охридско-струшкиот регион

Post Views: 1 Скоро два часа охридско-струшкиот регион е без електрично напојување. Неофицијално станува збор за поголем проблем кој настанал поради обилни врнежи од дожд и снег. Проблеми има и со телефонската мрежа, а без струја се Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Граѓаните се изреволтирани бидејќи повеќето од нив се греат на електрична енергија. Инаку, прекинот на струјата се случи денес пред 12 часот.

Continue reading

Регистрирани серија земјотреси во охридско-струшкиот регион

Post Views: 4 Серија земјотреси се регистрирани во охридско-струшкиот регион. Последниот е регистриран синоќа во 23 часот и 05 минути со магнитуда од 2,8 степени по рихтер. Претходно, регистрирани беа земјотреси со јачина од 2,6 и 2,5 степени по рихтер. Во соопштението кое го издадоа од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ се вели: „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 31.01.2022 година регистрираше земјотреси...

Continue reading

Одделот за зајмување книги во НУ Библиотека се сели во делот на некогашно „Охридско лето“

Post Views: 1 Од вторник 7-ми декември, во пресрет на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ и официјално ќе го отвори адаптираното крило во кое претходно функционираше дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“. Во тој простор во иднина ќе функционира пултот за издавање за деца и возрасни, со истото работно време со корисници на услугите, како и досега од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Замислата е библиотеката во иднина да биде од отворен тип, но во време на корона и натаму ќе се почитуваат сите мерки и протоколи против Ковид...

Continue reading

Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“

Post Views: 0 Директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и  претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал,  Дарко Брлек остварија работна и мошне конструктивна средба. На средбата беа разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек  договорија заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика. Големиот вљубеник во класичната музика кој 27 години раководи со Љубљански...

Continue reading

Инспекторите на Државниот градежен инспекторат излегоа на терен во контрола на плажите на Охридско-Струшката ривиера

Post Views: 6 Државниот градежен инспекторат започна со интензивна контрола на плажите и тоа не само во Струга и Охрид, туку и во Преспа и во Дојран, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ресорниот министер објасни дека причина за оваа вонредна контрола е да се констатира дали има неправилности на плажите, кои беа предмет на издавање. „Наназад се вршени контроли , пред неколку години и во овој период пред година и година и нешто, дел од ова што ми беше поставено, ја префрлаа надлежноста општинските и државните инспектори меѓу себе, така да сега ќе видиме со оваа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top