Гекиќ: Охридско лето херојски внесува позитивна енергија во ова тешко време

Кемал Гекиќ, светски познатиот пијанист кој живее и твори во САД поминал низ вистинско патешествие  за да настапи на Охридско лето. Според него  фестивалот годинава направи херојски  напори да внесе позитивна енергија  во овие тешки времиња. Геќиќ е голем вљубеник во Охрид, во минатото доаѓал и престојувал  во охридските хотели со месеци.

 |  Соња Рилковска  | 

Светски познатиот пијанист од Хрватска,  кој со години живее и твори во Америка,   Кемал Гекиќ, три пати менувал авионски билети за да  настапи на Охридско лето. Здравствената криза, пандемијата, откажаните летови,  напорното  патување , дури и одењето во самоизолација не го предомислија   да  присуствува на 60 то издание на најпрестижната културна сценска манифестација во земјава.
Според него  фестивалот „Охридско лето“  годинава направи херојски  напори да внесе позитивна енергија  во овие тешки времиња.

„Организирањето на еден фестивал денес во вакви околности е навистина  херојство особено во пандемиј кога секојдновено се откажуваат    летови. Ете мене ми беа откажани неколку елтови за  доаќањето овде. Морав да менувам карти три пати. Да не зборуваме за рестрикции од здравствена природа. Мислам дека висина е херосјки чин да се одржи фестивалот“, вели Гекиќ

Гекиќ е голем вњубеник во Охрид, во минатото доаѓал и останувал во охридксите хотели со месеци .

„ Јас прв пат тука дојдов  1985 година и повеќе пати сум учствувал на фетсивалот ма да не во последно време. Враќањето овде е емотвно имам многу прјатели во охрид  и самиот град  не знам кој епитате да го најдам  да го опишам да речиме дека тој е еден архитектурно природно историски бисер еден  драгоцен камен од град и едно свето место одбрано од старите времиња да се изградат туак стотина храмови,. Има посебна геомагнетска позиција“, додава Гекиќ.

Познатиот пијанист, кој е редовн професор на универзитетот во Мајами, утре  од Македонија оди во Хрватска, каде има настап  на фестивалот   во  родниот Сплит, а потоа во самоизолација во Америка.       

„Универзитетот каде работам престана да работи уште пред три емсеци имавме нешто онлајн но школската година завршува во април Јас со обзир дека ништо не работам моменатлно и нема што да се прави секако ќе бидам дома“, додава Гекиќ.

Сцената на катедралната црква „Света Софија“ синоќа беше сведок на уште едно незабораво музичко доживување.
Новинар  Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top