Tag: Охридско

„Танец“ и „Ладо“ вечерва на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва организира хуманитарен концерт со ансамблите на народни игри и песни „Танец“ од Македонија и „Ладо“ од Хрватска. Концертот ќе се одржи на Античкиот театар со почеток во 22 часот. Како што информираат од фестивалската дирекција, средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат донирани за потребите на здравствениот систем, како благодарност за се она што го прават медицинските лица при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. „Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува...

Continue reading

Охридско езеро сликано од Куба Либре

Едно од најсликаните места во Охрид е Охридското езеро. Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, Емилија Сајческа ни испрати слики од нашето убаво езеро, кои се направени од познатата плажа Куба Либре. Еве го и нејзиниот коментар: Убавата чиста и бистра вода во Охридсконо езеро. Сликано од плажата Куба Либре. Многу убавини на едно место.    

Continue reading

Македонскиот пијанист Дарко Костовски вечерва на „Охридско лето“

Вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“ ќе  настапи пијанистот Дарко Костовски. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Дарко Костовски е роден во 1978 година во Скопје и првите знаења од областа на пијаното ги добива од професорите Аида Ислам, Марија Писинова и Борис Романов во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“. На возраст од само 15 години, Костовски е примен како најмлад студент на Музичката академија во Келн во класата на проф. Арбо Валдма, каде се стекнува со највисок степен на образование и почести „Cum Lauda” како концертен пијанист во 2014 година. Се...

Continue reading

Драмата „Кој ја уби Џенис Џоплин“ вечерва на „Охридско лето“

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Улогите ги играат актерите: Бојана Милановиќ, Соња Исаиловиќ, Стефан Вукиќ, Димитрије Аранџеловиќ, Вукашин Ранџеловиќ, Петар Бањац, Филип Грубач и Игор Сакач. Драматург на претставата е Николина Стјепановиќ, костимограф: Сенка Раносављевиќ, а сценографијата е на  Жељко Пишкориќ. Се работи за своевиден драмски омаж на една жена која дошла до својот крај за да се случи нов почеток. -Кога размислував да направам претстава за лицето, кое ми беше пример и инспирација во текот на тинејџерскиот период, секогаш...

Continue reading

Охридско Езеро – извор на питка вода од кој може да зависиме во иднина

До средината на овој век пристапот до вода за пиење ќе биде сериозен предизвик за голем дел од светската популација. Водата како ограничен ресурс ќе станува подрагоцена од нафтата. Неопходно е постојано истражување, следење и заштита на изворите на вода и нивна правилна експлоатација. За охридскиот регион, впечатокот кај граѓаните е дека лежи на вода и никогаш не може да се соочи со недостаток.  Како изворишта на вода се користат: Билјанини Извори, подземна вода од Беј Бунар, Летнички И звори од Рамне, извор Св.Илија од Велгошти, подземна вода во близина на Коселска Река кај Орман, извори кај...

Continue reading

Концерт на Стојан Димов и Дино Имери на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе организира концерт за кларинет и пијано. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат македонските уметници, кларинетистот Стојан Димов и пијанистот Дино Имери. Стојан Димов основно и средно образование завршува во Велес и во Скопје, а во периодот од 1975-1981 година студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Иван Кочаров) и на Универзитетот во Загреб  (проф. Јосип Нохта). Магистрира во 1993 година во Скопје, а од 1980-1995 година е соло кларинетист во Македонската филхармонија. Истовремено е член на Биг Бендот на МРТ, а од...

Continue reading

„Годови” –трајно сведоштво во архивите на МРТ за растот и развојот на „Охридско лето”

Како што истакна еден од модераторите на вечерта, познатиот музиколог Викица Костоска –Пенева станува збор за колаж од снимени фрагменти од концерти и изјави и личности кои се вградиле во развојот на овој најреномиран фестивал во регионот. –Тоа е своевидно навраќање и потсетување на значајни уметници и концертни фрагменти, но и сеќавање на многу личности кои со своето делување биле неодвоив дел од создавањето и развојот на фестивалот, а сето тоа нашло соодветен простор во програмите на Македонската Телевизија. Со овој настан се збогатува програмата на „Охридско лето”, преку телевизиските...

Continue reading

Битолските актери ја носат „History of Мother Fuckers“ вечерва на „Охридско лето“

Улогите во претставата ги играат Николче Пројчевски, Борче Ѓаковски, Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Сандра Грибовска и Викторија Степановска. Драматург е Ведрана Божиновиќ, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Благоја Мицевски, а автор на музиката е Ирена Поповиќ. Според режисерот Урбан претставата не е политика. Претставата се занимава со човекот и неговата заедница. –Претставата е борба. Хумана борба. Никој не го сака Кориолан. Ниту Шекспировата трагедија, ниту неговиот лик. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се согласуваме со сè што кажува. Но, едно е јасно. Тој...

Continue reading

„Крик за љубов“ на народниот театар од Охрид вечер на „Охридско лето“

Народниот театар од Охрид вечер ќе настапи на „Охридско лето“ со претставата „Крик за љубов“ – комедија на карактери и љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта. Режисерот на претставата Љупчо Ѓоргиевски појаснува дека во неа двајца актери, поранешни сопружници, се ангажирани во претстава да играат ликови на исто така двајца поранешни сопружници. Накратко, тоа е претстава за она што се случува пред претставата, односно за време на процесот на подготовка на една претстава, од распределбата на улогите, преку првата проба до пробата со костими...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad