Ознака: Охридско

Подмолје, охридско, 20 дена без капка вода

Post Views: 0 Дваесет дена во горниот дел на Подмолје нема вода ниту за лек. Мештаните се снаоѓаат како знаат и умеат. Полнат шишиња и буриња од градските чешми, дел од нив купуваат, но како што велат таа количина на вода не е доволна да ги задоволат основните потреби на 40 степени целзиусови. Поради ваквата состојба која години наназад се соочуваат жителите од оваа населба, тие денес револтирани излегоа пред камерата на ТВМ, со цел да им укажат на надлежните сериозно да го сфатат проблемот и час поскоро да го решат. „Водата од изворите кај Св.Еразмо е донесена во Подмолје и Горенци...

Continue reading

На Фестивалот Охридско лето вечерва премиера на Шекспировата комедија „Сон на летната ноќ

Post Views: 1 Премиера на Битолскиот народен театар со Шекспировата комедија „Сон на летната ноќ“ вечерва на Фестивалот Охридско лето. Битолските актери претставата ја играат во режија на Џон Блондел. Ова е продолжение на соработката меѓу битолскиот народен театар и американскиот режисер. Театарскиот режисер и професор по театарска уметност на колеџот Вестмонт во Санта Барбара, Џон Блондел по трет пат се јавува како режисер по претставите „Хенри Шести“ и „Антоние и Клеопатра“. „Сон на летната ноќ“ досега ја режирал на три јазици, англиски, македонски и албански. Играта на судбината...

Continue reading

„Вивалдијано – град на огледала“ со настап на Охридско лето

Post Views: 9 Исправени пред предизвикот да се гради брендот на институцијата Охридско лето, за нас најважно е доследно да ја испочитуваме традицијата и домаќински да работиме. Денес кога престижниот фестивал Охридско лето го одбележува својот 57 роденден, продолжуваме да ја градиме вредноста на светското собиралиште на врвни уметници, истакна директорката на фестивалот Сузана Вренцовска. „Многу луѓе тука на оваа фестивалска сцена оставиле свој белег и се заслужни за успесите. Охридско лето носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите земји...

Continue reading

На празникот Илинден Фестивалот Охридско лето донесува двојна програма

Post Views: 0 Концерти на два сопрани и пијано се на вечерашниот репертоар на Фестивалот Охридско лето. Во 20.30 во Света Софија настапуваат познатите сопранистки, сестрите-близначки Билјана Стафансон и Љилјана Јовановиќ, во придружба на врвната македонска пијанистка Марија Вршкова. Концертот ќе го одржат во рамките на Шведската вечер на фестивалот.Близначките Стафансон и Јовановиќ се колоратурни сопрани кои публиката ги памети како „чудо од деца“ од времето кога на 9-годишна возраст на телевизија го исполниле дуетот од Моцартовата „Волшебна флејта“. Двете честопати настапуваат заедно...

Continue reading

Охридско семејство веќе неколку месеци бара правда поради недозволеното поставување на далекувод од страна на ЕВН во нивниот имот

Post Views: 5 Во имотот на семејството Џамтоски од Охрид, кој се наоѓа во селото Лескоец пред неколку месеци, речиси преку ноќ е поставен далекувод од ЕВН Македонија. Сопствениците на парцелата тврдат дека претходно ниту биле информирани ниту консултирани за поставувањето на овој објект и бараат тој да биде отстранет од имотот или да им се плати оштета бидејќи со неговото поставување вредноста на парцелата е повеќекратно намалена, а и им е оневозможено да ја искористат за тоа што планирале. Веднаш пријавив во полиција, а после тоа дури затекнав и работници кои го поставуваа на кои...

Continue reading

Барокниот оркестар од Грција „Армониа Атенеа“ вечер на програмата на „Охридско лето“

Post Views: 3 На музичкиот репертоар на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва е настапот на барокниот оркестар од Грција „Армониа Атенеа“. Диригент на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот и 30 минути е Џорџ Петроу, а солисти на вечерта ќе бидат американскиот контратенор Реј Ченез, грчката сопранистка Мирсини Маргарити, како и македонскиот контратенор Игор Дурловски. Оркестарот „Армониа Атенеа е основан во 1991 година од страна на здружението „Пријатели на музиката во Атина и е еден од најактивните европски ансамбли со значајно присуство...

Continue reading

Концерт за паметење на саксофон квартетот „SIGNUM“ на „Охридско лето“

Post Views: 3 Со својата младешка енергија, талент и невообичаени идеи, синоќа во рамки на традиционалната Европска вечер на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ саксофон квартетот „Сигнум“од Германија, приреди незаборавна вечер за љубителите на класичната музика. Стануза збор за квартет кој внесува свежина на фестивалите и концертните дворани каде настапува,од концертниот Карнеги Хол во Њу Јорк па се до врвовите на Доломитите во Италија .Блаж Кемперле, Ерик Нестлер, Алан Лужар и Гуерино Белароса го формираа квартетот во 2006 година. Тие се академски музичари кои...

Continue reading

„Сигнум саксофон квартет“ вечер на „Охридско лето“

Post Views: 0 Вечер на програмата на фестивалот „Охридско лето“ во предворјето на црквата Св. Софија, ќе настапи „Сигнум саксофон квартет“. Со својата младешка енергија, талент и невообичаени идеи, овој квартет внесува свежина на фестивалите и концертните дворани каде настапува, а тоа е насекаде низ Европа. Настапувал од концертниот Карнеги Хол во Њу Јорк па се до врвовите на Доломитите во Италија . Своето образование го стекнале во Келн, Виена и Амстердам и освојувале голем број признанија на меѓународни натпревари. Се запонале во келн во 2006-та година.

Continue reading

Стартуваат „Ohrid Jazz breeze“ деновите на „Охридско лето“

Post Views: 7 Џез викенд на програмата на фестивалот „Охридско лето. Во наредниве неколку денови во рамките на фестивалот сите љубители на џез музиката ќе имаат можност да уживаат во џез изведбите на врвсни светски музичари. Вечерва фестивалската публика ќе биде почестена со два настани, прво ќе настапат Доминик Џ. Маршал Бенд, Холандија и В.Британија со Почеток 21:00 часот на Локација Долни Сарај, додека во 22:30 часот на Локација Долни Сарај изведбите на MOMБ Данска & Памперз оф д фол (со гудачки квартет).

Continue reading

Драмскиот дел на Охридско лето го отвара сараевската приказна „Жаба“

Post Views: 4 „Камерниот театар 55“, од Босна и Херцеговина утре во предворјето на црквата Св Софија ќе ја изведе театарската претства „Жаба“. Оваа култна претстава една деценија ги полни театрите ширум бившите југословенски простори, а изведби имаат и во Европа. Како што нагласи драмскиот селектор на Охридско лето Зоран Љутков оваа претстава има вкупно 233 изведби. „Веројатно е многу интересно да бидете дел од еден проект кој што опстојува 10 години на својата сцена. Јас најголемиот максимум што сум го имал во една претстава е некаде околу 100 изведби, со траење од 6 години“. Претставата...

Continue reading

За прв пат „Охридско лето“ отворено со џез музика

Post Views: 5 Древниот Охрид, креативното духовно жариште и прекрасна приказна, останува мост за духовно поврзувње и негување на културните и духовни вредности но и патоказ за еден поубав и похуман свет. Тоа се потврди и синоќа на отварањето на 57 издание на најпрестижната културна манифестација „Охридско лето“. Светската атракција, џез составот „Форплеј“, со својот настап ја воодушеви публиката во преполнетиот амфитеатар. Американските џезери придружувани од Македонската филхармонија под диригенската палка на маестро Емин Џијан, приредија незаборавен концерт кој долго ќе се памети....

Continue reading

Со џез квартетот „Fourplay“ утре ќе старува Фестивалот Охридско лето

Post Views: 2 Светски познатиот, џез квартет Fourplay, утревечер, ќе го отвори 57 издание на „Фестивалот Охридско лето“. Во историјата на Фестивалот свеченото отварање ќе биде со програмска новина како што е џез музиката. Оливер Арсовски, директор на Фестивалот Охридско лето, напоменува дека за утрешниот музички спектакл и настап на џез квартетот има голем интерес. „За прв пат во фестивалското издание ќе има џез настан кој предизвика интерес кај публиката. За утрешниот концерт пристигнуваат љубители на џезот од цел регион. Новина се и џез вечерите на 19, 21 ,22 и 23 јули “, истакна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top