Ознака: Охридско

Едно охридско семејство пријавено да згрижи деца без родителска грижа

Post Views: 2 Во Охрид, полека заживува деинституционализацијата на децата без родителска грижа од државните домови да бидат сместувани во згрижувачки семејства. Од први јуни, годинава,тече кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца кои се лишени од топлината на семејниот дом. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид. „Од почетокот на кампањата има само едно заинтересирано лице, жена, како потенцијален згрижувач на...

Continue reading

Најпознати руски квартети вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 12 Фестивалот „Охридско лето“  вечерва на љубителите на уметноста ќе им приреди концерт со најпознатите руски квартети од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович. Делата од руските композитори на публиката ќе и ги долови гудачкиот „Квартет Филхармонија“ .Овој музички состав е релативно нов на македонската класична сцена и е формиран од помлади членови на оркестарот на Македонската филхармонија. Со голема поддршка од раководството на институцијата и директорот Виктор Илиевски, „Квартет Филхармонија“ започнува да функционира во октомври 2017 година, а само два месеци подоцна...

Continue reading

Спектакуларно отвaрање на 58то „Охридско лето“

Post Views: 0 Уметноста можеби нема да го спаси светот, но може да нè поучи како да останеме благодарни и возвишени во несовршеното. Охрид е нејзино природно пристаниште. Ова се зборовите на актерот Никола Ристаноски кој годинава ја имаше честа да ја испрати пораката од уметниците на отворањето на Фестивалот Охридско лето. „Уметноста нема да се предаде.Таа е последната хумана интернационала.Нејзината палуба е последното место каде навистина сме заедно.На нејзиниот кораб се распнати едрата на убавината, дарбата, прозрачноста, слободата и едноставната верба.Верба на дете што некогаш...

Continue reading

Од вечерва се до 20 август Охрид е центар на културата со Фестивалот „Охридско лето”

Post Views: 7 Охрид очекува спектакуларно отворање на фестивалот Охридско лето. Големите оперски ѕвезди, сопранистката Елена Мошуц и тенорот Калин Братеску, под диригентската палка на Николае Молдовеану , а во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат незаборавно доживување за посетителите на Антички театар. Скромна во своите побарувања околу престојот и настапот во Охрид,  без посебни барања кои наликуваат на големите ѕвезди, Мошук не го криеше задоволството што е дел од еден голем културен бренд, фестивалот „Охридско лето“, но и што престојува во, како што...

Continue reading

Подводните нуркачки авантури во Охридско Езеро се поатрактивни за туристите

Post Views: 7 Се поголема е заинтересираноста кај туристите и локалното население за нуркање и подводни екскурзии во Охридското Езеро.  Од охридскиот нуркачки клуб Амфора велат дека гости од Западна Европа специјално доаѓаат во Охрид за да уживаат во подводниот свет на езерото. Најбројни се од Холандија, Германија, Швајцарија и Австрија но ги има и од балканските земји.  Нуркањето е лесно и безбедно кога се користи квалитетна опрема и низ обуката ве води професионална екипа од интернационални инструктори како што се Милутин и Јован Секулоски од клубот Амфора. „Постојат програми за...

Continue reading

Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 9 Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на најголемата и најреномирана музичко сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“. Завршени се сите подготовки за оваа Национална установа да биде достоен домаќин на бројните уметници и вљубеници во уметноста. Во претстојните 40 дена пред бројната фестивалска публика ќе продефилираат повеќе од 800 музички и театарски уметници од 27 држави од Европа и целиот свет. Честа да го отвори годинешното фестивалско издание и припадна на романската оперска дива Елена Мошуц, која во четврток, 12 јули, на Античкиот...

Continue reading

Подводниот свет на Охридско Езеро низ објективот на нуркачите од НЦ „Амфора“

Post Views: 7 Дваесеттина најубави фотографии од подводниот свет на Охридското Езеро денеска беа изложени на градскиот плоштад. Целта на изложбата која го привлече вниманието на охриѓани и на туристите е да се подигне јавната свест на пошироката јавност за важноста и потребата од заштита на Охридското Езеро како и промоција на езерото и градот, велат организаторите од Нуркачкиот центар Амфора. Езерото крие посебен свет со неизмерна убавина од која дел овековечи објективот на нуркачите Јован и Милутин Секулоски. „Сметам дека едни од најинтересните од фотографиите кои се направени се...

Continue reading

Во охридско почна бербата на цреши, а овоштарите се загрижени за квалитетот на родот

Post Views: 0 Започна бербата на црешата во охридско, а овоштарите се загрижени за квалитетот на годинешниот род и за пласманот. Одгледувачите на црешови насади се соочија со неповолни временски услови во пролетните месеци кои го загрозиј а квалитетот на црешата, а во моментов дополнително ги загрижува и дождливото време, вели Ванчо Стојаноски. „ Сега во ек на бербата 3 дена има врнежи кој негативно се одразуваат врз квалитетот на родот. Доаѓа до пукање на плодовите и тие не се за конзумација. Оштетените плодови на црешата ќе завршат во преработувачката индустрија по многу пониска...

Continue reading

Светската оперска дива Елена Мошуц ќе го отвори овогодинешното Охридско лето

Post Views: 2 Светската оперска дива Елена Мошуц ќе го отвори овогодинешното Охридско лето. На свеченото отварање заедно со неа ќе настапи тенорот Калин Братеску и симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николае Молдовеану. Со настапот на Мошуц продолжува традицијата најголемите светски ѕвезди да настапат на отварањето на овој реномиран фестивал. Охридското лето со својата доследност и светски квалитет е вистински репрезент на обединувачката сила на културата. Ова лето ќе имаме одличен фестивал, полн со концерти и претстави, кои што очекуваме...

Continue reading

Прекрасен концерт одржа Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“. Играорците одбележаа 3 и пол децении постоење, а за настапот се бараше билет повеќе. Маестрално беа одиграни ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава.

Post Views: 2 Јубилејот 35 години постоење на Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“ беше одбележан со прекрасен целовечерен концерт на 4 генерации играорци и 2 музички постави. Сегашните и поранешните членови на ансамблот го прикажаа нашето фолклорно богатство пред преполната сала во Центарот за култура „Григор Прличев“. Љубителите на народниот фолклор ја исполнаа салата до последното место. Се бараше билет повеќе за да се ужива во македонскиот мелос и традиција. Играорците маестрално одиграа ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава. Се виеја ора од Источна Македонија, Егејска...

Continue reading

Во охридско од град се уништени градинарски и овошни култури

Post Views: 9 Во охридскиот регион силното невреме пропратено со град и ветер вчера попладен направи голема штета врз раноградинарски, градинарските и овошни култури. Невремето со дожд и град било краткотрајно, но било пропратено со силен ветар, кажуваат земјоделците и овоштарите кои претрпеа големи штети. Градот најсилно удрил на потегот од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј, Косел , Ливоишта, Дебело поле каде што се јавува за уништен род на нивите, бавчите и овоштарниците. „ Апсолутно е направена штета на сите овошки. Меѓу нив најосетлива е црешата и 90 посто од плодовите се...

Continue reading

Земјоделците од охридско-струшкиот регион не ги исполнуваат критериумите за користење на Ипард 2

Post Views: 10 До Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнале 198 апликации за ИПАРД 2 програмата од мерката 7„ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Со помош на средства од ИПАРД 2 програмата, физичките и правните лица имаат можност да ги модернизираат постојните или да отвораат нови микро и мали претпријатија кои ќе помогнат домашните земјоделски производи да добијат додадена вредност. Преку оваа мерка има можност да се развива и руралниот туризам. Македонските земјоделци најмногу интерес покажале за  реализација на проекти од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top