Ознака: основците

knigi

Основците од прво до трето одделениe ги добија новите учебници според програмата од Кембриџ

Post Views: 1 Основците од прво до трето одделение ќе учат по програма како онаа на Кембриџ. Дечињата веќе ги добија новите учебници а први ги разгледаа родителите. И имаа што да видат. По математика првачињата нема да ги учат само броевите од 1 до 10, туку ќе бројат до 100 и назад, а ќе читаат и пишуваат од 0 до 20. Во второ и трето одделение математиката уште поамбициозна, делење со остаток, равенки со една непозната со двоцифрени броеви, броење со прогресија и тн. Во предметот „природни науки“ учениците уште на оваа возраст ќе се запознаваат со основните поими во физиката, хемијата...

Continue reading

школо

Основците од Коњско се вратија во училишните клупи

Post Views: 1 Падот на наталитетот создава проблеми во наставниот процес во приградските училишта. Денес основците од подрачното училиште Св.Наум Охридски во Коњско се вратија на настава по вчерашниот бојкот. Родителите  вчера оствариле средба со директорот на училиштето, Илија Стојаноски од кого побарале нивните деца во 1, 2 и 3 одделение да не учат во комбинирани паралелки. Во подрачното училиште во Коњско учат вкупно  35 ученици  од 1 до 5 одделение. Заедно наставата од 1- во  до 3-то одделение во една училница ја следат 19 деца со еден наставник. Додека 4 и 5 одделение ги води...

Continue reading

Во тек е постапката за инклузија на основците со попреченост во наставата со помош на образовни и лични асистенти

Post Views: 0 Со уписите во прво одделение тече и постапка за инклузија на основците со попреченост со помош на образовни и лични асистенти од 1 до 9 одделениe. Во општините Охрид и Дебрца досега има 25 барања од основци за помош од образовни и лични асистенти со проектот кој почнува во основното образование од учебната 2021/2022 година, вели Наташа Танеска, директор на ОУ Св. Климент Охридски. Ова општинско основно училиште е центар за поддршка на југозападниот регион на битолскиот Регионален центар Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух и вид. Од вкупниот број на пристигнати...

Continue reading

rakomet

Основците од Христо Узунов, желни за настани

Post Views: 4   Основците од Христо Узунов го одбележаа месецот на франкофонијата. Традиционално трета година по ред учениците неуморно работеа на подготовките по повод одбележувањето на овој ден, вели наставничката по француски јазик Билјана Трајкоска. Директорот пак Тони Симоноски, потенцира дека обврска му е како прв човек на училиштето да ја реализира предвидената годишна програма, но исто така вклучил и вонредни активности, како што е денешната посетата на македонските ракометни репрезентативци. „Кај учениците има голема заинтересиреност успешно изведуваат еве веќе две години....

Continue reading

lizgalishte

Бесплатно лизгање за основците од Охрид

Post Views: 0 Од денес бесплатно на лизгалиштето на градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов. Бесплатното лизгање е закажано за период од 12 до 14 часот секој работен ден со исклучок на викендите. Денес бесплатно први ќе лизгаат учениците од ОУ “Братство и единство“, утре учениците од “Св. Климент Охридски“, а задутре од “Кочо Рацин“. Во понеделник на 13-ти јануари ќе лизгаат учениците од “Христо Узунов“, во вторник од “Ванчо Николески“, во среда од “Живко Чинго“, во четврток од “Св. Наум Охридски“ а во петок од “Григор Прличев“. Ваквата акција на...

Continue reading

kniga

Чајaнка со основците од училиштето „Христо Узунов“

Post Views: 0 Чајнка со  основците од училиштето „Христо Узунов“. Културниот центар „Култура 365“ организираше литературно читање со учениците од седмо и осмо одделение кои се преставија со свои дела во проза и поезија. Идеата за едно вакво дружење била заедничка бидејќи зимата е период кога повеќе се твори и чита, а се што e напишано добро е да се сподели со публиката и тоа пиејќи топол чај. Целта на овој настан е да го развиеме и поттикнеме овој потенцијал кој несомнено постои кај младите во овој град и конкретно кај основците. Со оваа чајанка ќе придонесиме за да се почувствува...

Continue reading

Основците од Григор Прличев упатија честитка на оргинален начин за Денот на жената

Post Views: 2 Од ОУ Григор Прличев изработија проект со кој упатија видео честитка до сите жени по повод Интернационалниот ден на жената 8 -ми Март. На оргинален начин со проектот насловен „Жената е…“ потврдија дека се единствени и креативни. На забавно – едукативен начин ја прикажаа вредноста на жената во општеството, потребата од внимание и почит од спротивниот пол и големината на убавиот збор посветен на жената. Вo подготовката на видео проектот учествуваа родители / старатели од различни професионални профили и учениците од 1 до 9 одделение.   Основците од 1 до 9...

Continue reading

gimnastika

Алармантна состојбата со деформитетите на мускулно скелетниот систем кај основците

Post Views: 2 Алармантна состојбата со деформитетите на мускулно скелетниот систем кај основците во училиштата во Охрид. Од 805 деца кои се прегледани дури кај 605 се најдени полесни или потешки проблеми на мускулно скелетниот систем, вели Јован Каланоски, кинезитеравпет, вклучен во проектот за откривање на деформитетите кај основците заедно со група професори по физичка култура и образование, поддржан од Локалната самоуправа. Само кај три до четири деца од секој клас не се евидентирани девијантни промени на мускулно скелетниот систем. Дел од децата кои имаат проблем се упатуваат...

Continue reading

patronat Hristo

Основците од „Христо Узунов“ со поезија, драма и музика за својот патронат

Post Views: 31 „Длабока резба на душата“ е темата под која основците од „Христо Узунов“ синоќа го одбележаа својот патронен празник. Со прекрасни песни кои се разлеаа од грлата на хористите, со поетските рецитали и прекрасни поеми, со одличното свое актерство, учениците од ова основно училиште покажаа како се чествува својот патронен празник. За сето ова да изгледа и да звучи толку убаво, потребна им била макотрпна работа. „Обично се подготвуваме, почнаа подготовките второто полугодие, со изборот на тема на која што ќе се работи патронатот, музичкиот дел и рециталот. Исто така и училишниот...

Continue reading

osnovci

Основците од “Братство Единство“ќе симулираат работа на градски совет

Post Views: 0 Осмоодделенките од турските паралеки во ОУ „Братство и Единство“, Селда Бајромска и Ебру Реџеп, учествуваат во  проект поветен на Денот на детето. Тие ќе симулираат седница на градски совет. На дневен ред ќе имаат точка од областа на екологијата, насловена како „ Животната средина, проблемите и предлог решенија“. 23-ца основци со задоволство ја прифатиле оваа тема и учество на јавен настап по примерот на работата на Советот на општина Охрид. Во детскиот совет, основците избрале свој градоначалник, претседател и потпретседател, а имаат и позиција и опозиција. „Сејда Бајрамоска...

Continue reading

училиште

Основците оптоварени со обемна настава, зачинета со стрес од екестерното оценување

Post Views: 6 Бројните реформи спроведени во образовниот систем не донесоа ефектни промени во наставните планови и програми за децата, нагласуваат професорите, родителите и учениците. Основците се оптоварени со обемна наставна содржина, без пракса зачинета со стрес од екестерното оценување. Ова се дел од размислувањта на сите директно засегнати субјекти од  наставните програми во образовниот процес.  Учениците во трето оделение по предметот Запознавање на општеството учат за градскиот совет, функцијата на градиначалникот или претседателот на Совет, а никогаш не биле во посета на овие...

Continue reading

katalog drvca

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 1 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top