Бесплатно лизгање за основците од Охрид

Од денес бесплатно на лизгалиштето на градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов.

 |  Голабовски Крсте  | 
lizgalishte
лизгалиште

Од денес бесплатно на лизгалиштето на градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов. Бесплатното лизгање е закажано за период од 12 до 14 часот секој работен ден со исклучок на викендите.

Денес бесплатно први ќе лизгаат учениците од ОУ “Братство и единство“, утре учениците од “Св. Климент Охридски“, а задутре од “Кочо Рацин“. Во понеделник на 13-ти јануари ќе лизгаат учениците од “Христо Узунов“, во вторник од “Ванчо Николески“, во среда од “Живко Чинго“, во четврток од “Св. Наум Охридски“ а во петок од “Григор Прличев“.

лизгалиштеВаквата акција на бесплатно лизгање за основците во утврдени термини на ротациона основа продолжува и во останатите денови од месец јануари.

Покрај за основците, Општина Охрид обезбеди бесплатно користење на лизгалиштето и за децата од социјално ранливите семејства и од Здружението на деца заболени од дијабет. Со овој проект на бесплатно лизгање Локалната сака да им го доближи овој вид спорт и да им овозможи уживање на мраз на сите лица кои во други услови истото не би го реализирале.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top