Post Views: 1
Иако мина повеќе од една година како Собранието на РМ го усвои „Законот за прогласување на старото градско јадро за културно наследство од особено значење“, или популарно познат како „Законот за Охрид“, сепак бенефитот од него никако да се почуствува во целост. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната собраниска седница, посветена на пратеничките прашања, истакна дека за ваквата состојба е виновна Општина Охрид која за овие година дена требаше да ги донесе Деталните урбанистички планови и за стариот град и за контактната зона. ДУП-ите...
Post Views: 0
Година дена Советот на општина Охрид нема одржано седница посветена на советнички прашања. Реалните проблеми на охриѓани, никако да дојдат на дневен ред пред нивните избраници. Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека повеќе од очигледно е дека не функционира механизмот со кој граѓаните доаѓаат до одговор на проблемот од кој се засегнати. Додава дека имаме себични седници каде се разгледува се, само не она што е од интерес на граѓаните.
„Нормално е дека оваа Локална власт барем според тоа како се однесува не води сметка за реалните...
Post Views: 9
Советот на општина Дебрца денес ја формира Комисијата за проценка на настанатите штети од земјотресот што го погоди ова подрачје. Советниците, на денешната седница која имаше само една точка на Дневен ред, одлучија Комисијата да ја предводат дипломираниот архитект Симон Мартиноски и дипломираниот правник Зоран Ногачески, информира за ТВМ градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски.
„Комисијата утре во 9 часот ќе излезе на терен за да ја отпочне постапката за проценка на штетите. Потоа следува изработка на Елаборат кој ќе се најде пред совентиците за усвојување,...
Post Views: 5
Министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска дојдоа во општина Дебрца. Владините министри се сретнаа со вознемиреното население од Белчишта и Велмеј, кои пред два дена ги погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени по рихтер со епицентар во Илинска планина. Земјотресот предизвика материјална штета врз објектите, а ги исплаши и жителите од овој дел на Дебрца.
Министерот за Финансии Зоран Ставрески оствaри средба и со градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. На средбата со населението Ставрески вети владина помош за оштетните домови од земјотресот за жителите...
Post Views: 19
Земјотрес во Охридскиот регион. Епицентарот на 9 км од селото Белчишта. Вознемиреност, паника и страв од нови потреси кај жителите од ова село. Долго ќе го паметат 07 јуни и земјотресот кој го погоди селото во 12 часот и 17 минути. Епилог од овој немил настан покрај вознемиреноста кај жителите се и рушевините и големата матријална штета кои ги остави зад себе овој потрес. Граѓаните не паметат ваков земјотрес.
„Само што дојдов од работа наеднаш почна да треси. Не да тресит туку како куќава да паѓа. Се почувствува некој звук страшен и осетивме само како паѓа се, рамки,...
Post Views: 2
Интерпелација на претседателот на Советот, новата програма за поставување урбана опрема, како и продолжување на работното време на угостителските објекти за време на претстојната туристичка сезона, се само некои од точките на кои ќе се расправа на наредната седница на Советот на општината, закажана за овој четврток.
Неодамна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција информираа дека ќе поднесат иницијатива за интерпелација за работата на Претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески, како чин за демократска оценка за вистината за раководењето...
Post Views: 10
Општина Охрид со низа свечености достојно го одбележа 24 мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил И Методи. Пригодна манифестација се одржа на плоштадот пред спомен одбележјето на Св. Кирил И Методи, на која свежо цвеќе положија, но и се поклонаа Делегации на општина Охрид, јавните пртпријатија, основните и средните училишта, но и од политичките партии.
Браќата Кирил и Методиј, пред 11 векови од Солун, по желба на Византискиот цар Михајло, а на молба од Моравскиот кнез Ростислав, добиле задача како монаси – мисионери да одат во Моравија и таму да го проповедат...
Post Views: 3
Ќе има ли интерпелација за претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески? Дејан Паноски координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција истакна дека веќе помина деловничкиот рок до кога Претседателот на Советот на Општина Охрид требаше согласно член 42 од Деловникот за работа на Советот да свика седница на Советот на барање на ¼ од советниците, но некој сакаше да избега од тоа и да го скрати правото на демократска расправа.
„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, денес поднесува иницијатива за интерпелација за...
Post Views: 1
Почитувани,
Би сакале по втор пат да се обратиме на јавноста по повод случувањата во с. Трпејца со диво изградените објекти на крајбрежјето. При нашата посета на селото на 5 мај оваа година бевме запознати дека два објекти се бесправо изградени на самиот брег на езерото, дополнително бевме запознати дека исвеститорот се обидува да го сруши најсветото за жителите на с. Трпејца параклисот и светиот камен којшто со децении преставува свето место за нив. Во таа прилика ја повикавме Општина Охрид согласно своите надлежности делегирани со позитивните законски акти да ги изврши...
Post Views: 11
ОД ВМРО НП јавно проговија за безредијата во Струга. Тие запрашуваат кој е во коалиција во Струга, дали ДУИ И ДПМНЕ, дали ДУИ СДСМ или сите задно како широка коалиција. Член на извршниот одбор на ВМРО НП, Ванчо Костовски потсети дека пред 7 – 8 години во време на владеењето на СДСМ, беа поставени новите границите на општина Струга, и дека во својата политичка програма ВМРО ДПМНЕ се залагаше дека ќе ја врати Струга во старите граници. Костивски видно разочаран што пратениците во ниту еден момент не се заложија за реализирање на овие ветувања. Тој обвинува дека пратениците...
Post Views: 1
Aмбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав денеска меѓу охриѓани. Причина за тоа беше панел дискусијата на тема „Европската интеграција како предизвик за културата на Република Македонија“ која се одржа во општина Охрид. Трибината беша организирана во рамките на одбележувањето на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Орав рече дека овој ден се прославува не само во Европа туку и ширум светот и е потсетник на тоа што се случи во далечната 1962 год кога Европа беше ослободена од конфликти. Европската унија денес е еден од најуспешните мировни проекти во...
Post Views: 9
Случувањата во Трпејца е работа на инспекциите, а не на советот на општина Охрид, смета претседателот на советот на, Душко Јаковчески. Тој признава дека дописот кој вчера до него го поднел координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ го анализирал добро, по што заклучил дека нема основ, за овој проблем да се свика вонредна седница на совет. Јаковчески објаснува дека според статутот свикување на вонредна седница е предвидено во неколку случаи, по барање на градоначалникот, по барање на 1/3 од советниците, по самоиницијатива на претседателот на советот или во...