Post Views: 4
Револтирани се на терминот „Службено прифаќање на христијанската вера“. Ваковј поим не постои, велат свештените лица.
Терминот „Службено прифаќање на христијанската вера“ ги збуни експертите, свештените лица но и граѓаните. Пред два дена на веб порталот на ТВМ пристигна коментар од граѓанин на Струга кој побара од нашата информативна редакција да му ја разреши дилемата, Што значи „Службено прифаќање на христијанската вера“?. Инаку, како што стои во коментарот, овој термин може да се види на промотивен материјал издаден од Општина Струга, а е во контекст дека „Изградбата...
Post Views: 10
Се е подготвено за вториот круг од претседателските и првиот круг од предвремените парламентарни избори. Претседателката на општинската изборна комисија од Охрид, Марика Костадиновска информира дека денес, ден пред останатите, своето гласачко право може да го остварат 212 пријавени болни и изнемоштени лица на 66 избирачки места, како и лица кои излежуваат затворска казна.
„Во општина Охрид се гласа за 89 избирачки места на 88, со тоа што избирачкото место 1335 е заедно со 1306. избирачкиот одбор од 1306 ги покрива двете избирачки места. Во избирачкиот список за претседателските...
Post Views: 1
Стартува субвенционирањето на туристичката такса за охридските станоиздавачи од мал обем. Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески и официјално ја промовира оваа долгонајавувана одлука. Денес, како што соопшти градоначалникот, објавен е и јавен оглас за пријавување на станоиздавачи кои сакаат да користат субвенции.
„Како што и сами знаете на една од претходните седници на Советот на општина Охрид донесовме одлука со која што одвоивме ставка од буџетот на општина Охрид во висина од 1.800 000 денари, со цел да се субвенционира 50% од висината на туристичката...
Post Views: 2
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 26.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од УЗ.„Гоце Делчев“ (Бараки).
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец“благовремено...
Post Views: 1
Ќе се прави современа пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк. Таа ќе биде широка десет метри и ќе содржи две пешачки зони од по четири метри и уште две патеки од по страните во широчина од по еден метар кои ќе се користат за велосипеди и ролери. Во средината ќе биде хортикултурно уредена со комунална инфраструктура и со современо осветлување. Патеката ќе биде долга 1390метри а ќе се реализира со средства од ИПА фондовите. Општина Охрид во заедничка соработка со општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун аплицирале со заеднички...
Post Views: 1
58та седница на градскиот совет, на самиот старт, ја напушти советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Координаторката на опозициските советници, Гордана Коњановска во изјава за медиумите, кажа дека главна причина за таквиот чекор е симнувањето од дневен ред на нивниот предлог заклучок со кој Советот му укажува на Градоначалникот да отпочне постапка за разрешување на директорот на ЈП Водовод Охрид. Мнозинството во советот сметаше дека не постои можност согласно Статут и Деловник Советот да расправа по таква точка. Опозицијата пак сметаше дека советниците имаат право да отвараат...
Post Views: 16
Охридските пензионери и Локалната самоуправа потпишаа меморандум за соработка. Листата на потреби и барања на пензионерите од Охрид и Дебрца е долга. Има голем број прашања кои треба да се решаваат за да се подбри живеачката на оваа категорија граѓани. На тоа треба да се работи заедно со општествената заедница, вели претседателот на здружението Ѓорѓи Трпчески. Меѓу горливите прашања едно од најприоритените кое се надеваат да се реши е изградба на пензионерски дом. Пензионерите покажуваат голем интерес кога ќе биде изгрдеба една ваква институција, вели Трпчески....
Post Views: 3
Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На промотивната тура што ќе се одржи во Охрид од 4 до 6 април 2014 година ќе присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово.
Гостите на промотивната тура , утре ( 4.04. 2014 г. ) во 12 часот и 30 минути ќе ги прими градоначалникот Никола Бакрачески, а од 18 до 19 часот во хотелот „ Милениум“ ќе имаат директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид.Според...
Post Views: 5
Во завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео што Општина Охрид ги започна пред околу еден месец.
Изминатиов период надлежните служби од ЈП “ Градски гробишта “ работеа на санирање и реконструкција на потпорните ѕидови, а се изврши поправка на патеките кои од главниот пат што е во непосредна близина на црквата Св. Јован – Канео водат кон кафеаните и плажите “Канео“ и “Потпеш“. Деновиве во населбата Канео, завршува и поплочувањето на една од уличките – сокачињата во должина од 35 метри. Поплочувањето е благороден чин со оглед на тоа што вредните...
Post Views: 1
Реакцијата од Локалната самоуправа на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Ви ја пренесуваме во целост.
Општинската организација на СДСМ, со намера да и им се додворува на граѓаните по секоја цена, секојдневно свикува празни и банални прес- конференции. Стигнаа дотука, веќе да не им веруваат на медиумите, па после секоја седница на Советот на општина Охрид, свикуваат прес- конференции, за да објаснат што сакале да кажат. Крајно навредливо е да ја потценуваат јавноста и да ја убедуваат дека изградбата на затворен пазар и субвенционирањето на туристичката такса ...
Post Views: 5
Охридските социјалдемократи реагираат дека со вчерашното донесување на Правилникот за субвенционирање на приватните станоиздавачи, Советот донесол незаконска, нестатутарна и неделовничка одлука. Правилникот е акт што треба да го донесе градоначалникот, како извршна власт во општината, додаваат од таму. Советникот Јован Стојаноски на пресот најмногу се задржа на Предлог Одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈПП за изградба на затворен зелен пазар во Охрид. Советниците од СДСМ сметаат дека студијата била непрофесионално изработена и побарале од Советот истата...
Post Views: 3
За овој вторник, 1-ви април, во 12 часот е најавена 22-та седница на советот на општина Охрид.
На оваа седница охридските советници покрај 30-те точки од урбанистичката сфера,поточно точки кои се однесуваат на потребата од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во Охрид, ќе расправаат и за висината на надоместокот на услугите кои ги вршат јавните претпријатија.
Потоа на дневниот ред ќе се најде и постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски...