СДСM: Физибилити студијата за пазарот лошо изработена

Денешната прес конференција на ОО на СДСМ  реакција на некои точки од  вчерашната  22 седница на Советот на Општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm
сдсм

Охридските социјалдемократи реагираат дека со вчерашното донесување на Правилникот за субвенционирање на приватните станоиздавачи, Советот донесол незаконска, нестатутарна и неделовничка одлука. Правилникот е акт што треба да го донесе градоначалникот, како извршна власт во општината, додаваат од таму. Советникот Јован Стојаноски на пресот најмногу се задржа на  Предлог Одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈПП за изградба на затворен зелен пазар во Охрид. jovanСоветниците од СДСМ сметаат дека студијата била непрофесионално изработена и побарале од Советот истата да се врати на доработка, што не било сторено. Стојаноски напомена дека СДСМ бил против изградба на Затворен зелен Пазар по пат на ЈПП но во студијата бил понуден само еден од можните инвестициски модели со што консултантот си зел за право место Општина Охрид да одлучува кој модел е најпогоден. Eкономските параметри содржани во Физибилити студијата крајно неповолно ќе се одразат врз идниот економски развој на општината, а тоа ја прави локалната власт лош домаќин, кажа Стојаноски.

„Се прашуваме, во ситуација кога се наоѓаме во тешка финансиска состбојба во државата, дали е потребно така ефтино да се откажеме од земјиштето во сопственост на општина Охрид во корист на приватниот партнер во овој проект, а секако на штета на општествениот имот и на штета на граѓаните на Охрид. Понатака, дали прифаќањето на овој инвестиционен проект е само фаворизирање на одредени потенцијални приватни стопанственици, блиски до локалната власт и настојување да приграбат имот со огромна економска цена, но и бесценето значење во животот на граѓаните на општина Охрид, и дали е ова уште ден обид на локалната власт на сосема незаконски начин да приграбат за себе имот кој со генерации го создавале и им припаѓал на сите жители на нашата општина“ – нагласи Стојаноски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top