Post Views: 10
Во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешниот прес на локалните социјалдемократи стои:
СДСМ Охрид направи прес !!!! Без срам се обиде да повика на наводна успешност во нивното раководење со Охрид. Ако за СДСМ е успешност 8 години да се нема никаква капитална инвестиција во Охрид, ако за СДСМ е успешност урбанистичкото дивеење во Охрид на Локалната со гласовите на мнозинството на СДСМ и Народна, ако за СДСМ е успешност туристичкиот хаос во Охрид со боксови,мириси и бучава,ако за СДСМ се успех новите бетонски кугли со кои ги загрозуваат животите на граѓаните и туристите,...
Post Views: 1
Мостот на желбите повторно потона во мрак. Дел од канделабрите на овој мост беа искршени од несовесни граѓани. Локалната откако во неколку наврати реагираше на ваквите недолични појави што со апели што со предупредувања, овојпат изнајде соломонско решение.
Сашо Велјаноски,самостоен помлад соработник во јавно осветлување во Локалната вели;
За да не биде мостот на желбите обвиен во мрак дел од канделабрите ги поставивме на карпите.
Велјаноски објаснува дека интервенциите од овој вид не се единствени. Тие континуирано работат на сервисирање на светилките низ градов. Затоа...
Post Views: 0
Натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ се ближи кон прекрасно финале. Изминативе неколку дена во импозантниот концертен простор на црквата Света Софија, повеќе од 118 млади музичари од најразлични земји, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. „Охридски бисери“ се одржува по единаесетти пат, а од организациониот одбор се задоволни од досега прикажаното. „Па можам да кажам дека од разговорот со жирито оваа година има еден навистина висок квалитет поготово во А и Ц категорија каде се кршеа копјата кој ќе ја добие првата награда. Би кажал исто и дека...
Post Views: 0
Црквата на Свети Еразмо вчера и денес вистинско збиралиште на христијаните. Автомобили од сите страни, врвици на луѓе кои пеш тргнале да се поклонат и да запалат свеќа на големиот свештеномаченик. Овој голем христијански празник има посебно место во срцата на охриѓани бидејќи се смета дека токму Свети Еразмо ја има можеби најголемата улога во ширењето на христијанството во некогашен Лихнидос или денешен Охрид. Во пештерската црква на Свети Еразмо на излезот од Охрид, православните христијани редовно доаѓаат, посебно за овој ден.
„Секогаш, секоја година и кога ќе ми текне...
Post Views: 0
Организацијата на Црвениот Крст на Македонија, ниво на држава, ке ја врши обуката за ракување со полуавтоматските надворешни дефибрилатори.Истои така и општинската организација од Охрид, наскоро ќе ја спорведува оваа обука за граѓаните и институциите кои според закон треба да ги поседуваат истите. Во обуката се вклучени тренери по прва помош и други медицински лица. Со дефибрилаторите може да работи секој граѓанин, после поминатата соодветна обука.Младен Божиновски, од О.О. на „Црвениот Крст“ информира дека одредени правни субјекти веќе пројавуваат интерес за обуката...
Post Views: 17
Се потешко се организираат крводарителски акции. Министерството за зрадвство не ги обезбедува потребните средства за тоа а кои се планирани со програмата за унапредување на крводарителството. На овој сериозен проблем денеска на светскиот ден на крводарителството укажа Претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точко. Според него, занемарена била мотивацијата на крводарителите и одржување на крводарителските акции.
„За жал причините за тоа незнам кои се и несакам да навлегувам но последиците можам и ги разбирам и ги гледаме и ги чуствуваме секојдневно не сме во...
Post Views: 2
Почна дивеењето на скутерите на вода, по охридските плажи. Граѓаните сметаат дека тоа не е добро за имиџот на градот, бидејќи посетителите треба да ги привлечеме со гостопримство, а не да ги одвраќаме со несовесните постапки на поединци. Вчера на една од атрактивните охридски плажи, посетителите меѓу кои и гостите од Холандија, имаа можност некаде околу 11 часот да гледаат 10 минутно дивеење на вода со скутер.
Овој настан не само што го привлече вниманието на туристите, со бранувањето на езерото, туку тивката музука на угостителскиот објект беше заменета со бучавата...
Post Views: 7
Се е подготвено за почетокот на 51то издание на „Балканскиот фестивал“. Традиционално овој реномиран фолклорен фестивал ќе се одржува на сцената на Долни сарај, а на свеченото отворање како и секогаш ќе настапи Ансамблот „Танец“. Директорот на овој ансамбл, Зоран Џорлев најавува поразлична програма од минатите години во која нема многу стилизација, но сепак ги прати модерните светски трендови. Џорлев не сакаше да открие со што точно „Танец“ ќе ја почести публиката оваа година, но кажа дека со настапот ќе се задржи реномето на фестивалот кое грижливо се гради веќе половина...
Post Views: 1
Охрид домаќин на 9тиот конгрес на Лајонс клубови од градови со тврдини. На овој голем настан учествуваат 140 делегати од Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Малта и Македонија. Д-р Сашо Василевски, дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија вели дека ова е една голема промоција на нашата држава и нашиот град
Охрид живее во лајонистички дух. Присуството на делегатите од најразлични клубови од земјите во Европа ќе ни овозможат реализација на голем број проекти, додаде дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија.
Асоцијацијата на Лајонс клубовите од градови со тврдини постои...
Post Views: 19
Земјотрес во Охридскиот регион. Епицентарот на 9 км од селото Белчишта. Вознемиреност, паника и страв од нови потреси кај жителите од ова село. Долго ќе го паметат 07 јуни и земјотресот кој го погоди селото во 12 часот и 17 минути. Епилог од овој немил настан покрај вознемиреноста кај жителите се и рушевините и големата матријална штета кои ги остави зад себе овој потрес. Граѓаните не паметат ваков земјотрес.
„Само што дојдов од работа наеднаш почна да треси. Не да тресит туку како куќава да паѓа. Се почувствува некој звук страшен и осетивме само како паѓа се, рамки,...
Post Views: 10
Кога ги нема, се жалиме зошто ги нема, а кога ги има не знаеме да ги чуваме. Детските игралишта низ градов се почесто мета на вандалски чинови. Последно на мета се најде неодамна изграденото детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Само еден месец успеа да издржи недопрено и целосно функционално, но сега за жал веќе не е така. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето. Од локалната самоуправа велат дека ова не е прв ваков случај на уништување на забавните реквизити.
„Ние секако дека ќе го санираме овој искршен дел но не е добро да се трошат пари за иста работа,...
Post Views: 19
Урнат дел од познатата струшка џамија „Мустафа Челеби“. Овој верски објект кој веќе пет века тежи на тлото во централното градско јадро во Струга, незаконски се руши алармираат од Завод и Музеј, Охрид. Дел од граѓаните на Струга кои сакаа да останат анонимни, велат дека тие случајот го пријавиле веднаш откако започнале активностите за рушење и се чудат зошто толку доцна реагирале полициските служби. Додека пак други не знаеа за што станува збор, но ја подржуваат иницијатива да се направи ново и подобро.
Бесправни се сите активности кои изминативе два дена се изведуваа...