Ознака: овој

leten kamp deca

Младинскиот камп ги обедини децата од сите националности и вери

Post Views: 9 Вчера официјално започна младинскиот спортски камп под името „Младите преку спортот и екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој.“ Насловот е долг, но ги опфаќа веројатно најпозитивните насоки кои треба да им се дадат на најмладите со цел да се развиваат во вистински правец. А нема подобар пример за тоа како влијае овој камп врз развојот на младите од средношколката Тања Јованова. Таа е тим-лидер на групата од Велес, и вели иако е тешко да се работи со деца, сепак научиле да се снаоѓаат во секакви ситуации. Своите способности ги развивала на мартовскиот камп...

Continue reading

pozarna

Пламени јазици му се закануваа на охридското кале

Post Views: 8   Охридското кале доведено во опасност. Околу 4часот  утринава  од западната страна на калето према местото викано Лабино избувна пожар. На овој дел од  ридот има густа борова шума и сува ниска вегетација која е најпогодна за брзо ширење на пожарот. Спасе Прентоски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Охрид вели дека за среќа пожарот навреме е пријавен и локализиран, па така калето, а и Охрид избегнаа една голема опасност која можеше многу скапо да не чини. Тој објаснува дека доколку дојде до палење на боровата шума многу тешко тој пожар може да се...

Continue reading

спасители

Центарот за безбедност на вода без пристапен мост

Post Views: 6 Центарот за безбедност на вода лоциран кај Горица работи под полна пареа. Од ова место се координира работата на сите професионални спасувачи  в долж охридското крајбрежје. Она што на Центарот му недостасува е прописно место од каде што ќе поаѓаат и доаѓаат спасителите на вода со чамци и бродот амбуланта, вели Сашо Точков претседтелто на ОО на Црвен Крст во чиј состав функционира овој центар за безбедност на вода. „ Немаме еден пристапен мост и платформа каде што би ги чувале чамците и спаувачкиот брод. Се снаоѓаме како што знаеме и умееме. Добивме инструкции од некои...

Continue reading

gorna porta

Жителите на Варош бараат градски превоз

Post Views: 15 Варошани се чувствуваат запоставено и изолирано  по најновата одлука општината да воведе нови линии за граѓаните од неколку периферни делови од градот. Со  одлуката не е опфатен овој дел од Охрид. И жителите од Стар град сакаат градски превоз. Се поскапите такси услуги, скапата цена на горивото како и новиот сообраќаен режим наметнуваат ваква потреба. Граѓаните кои не сакаат јавно да зборуваат пред нашата камера за оваа потреба велат дека тоа би било големо олеснување и за нив, но и за гостите кои бараат сместување во овој дел  од градот. Од Локалната самоуправа велат...

Continue reading

svr kontrola

Мешаните патроли „ѕирнаа“ во ноќниот живот на младите

Post Views: 7 Изминатиов викенд охридската младина полагаше тежок тест. Нивното вечерно излегување не помина како што се надеваа. Партибрејкери беа нивните родители и полицијата. Мешаните патроли на лице место можеа да видат како и каде најчесто се забавуваат младите. Родителите не беа воодушевени од она што  го видоа. Велат, целта на патролата не е да ги заплашиме младите, туку да посочиме каде би требало младите да го насочуваат своето внимание и како да го поминуваат слободното време. „Се надевам дека ваквите зачетоци на вакви акции по извесно време преку соработка на сите, и на...

Continue reading

Perpetuum Jazzile

Атрактивните Перпетуум Џезиле за роденденот на Охридско лето

Post Views: 15 52от роденден на нашиот најреномиран фестивал, Охридско лето, со изненадување за публиката. На овој посебен ден, свој настап ќе има словенечката музичка атракција Перпетуум Џезиле. Педесетината вокали на овој хорски состав умеат да забавуваат со композиции кои варираат од класика, преку џез, свинг па се до фанк и поп музика. Со ова публиката добива гаранција дека сите вкусови ќе бидат задоволени. „Ние сме познати по разноличниот репертоар. Па и денес нема да направиме исклучок. Секако имаме и неколку изненадувања за вас.“-рече вокалот Сандра Фекетија, Перпетуум Џезиле. Менаџерот...

Continue reading

plake

Ќе се асвалтира ли Плаќе?

Post Views: 4 Патот од Речица до Плаќе, плаче за два и пол километри асфалт. Мештаните на Плаќе години наназад си го бараат ветеното, да се дозавршат двете предвидени фази на проектот за асвалтирање на овој патен правец во должина од 5 километри. Претседателот на М.З. Славко Симоноски вели дека ова е голем и сериозен проблем, кој никако да се надмине. Но и водоснабдувањето на селото е исто така акутен проблем, поради кој не може да се развива руралниот туризам за кој мештаните имаат своја визија за развој, додава тој. „Вториот проблем ние го имаме со водоснабдувањето за кој проблем...

Continue reading

interno oddelenie

Од концерти право на интерно

Post Views: 4 Забавите и концертите кои се карактеристични за Охрид во овој период, стануваат меч со две острици. Се почесто она што започнува како добра забава, знае да стане најголем кошмар. За жал, главна улога во оваа приказна имаат се поголем број на млади луѓе. Токму ова е причината, интерното одделение при Општата болница, овие денови да има полни раце работа. Оттаму ни велат дека младите се почесто си ги продолжуваат ваквите забави во своја режија, и за жал завршуваат токму на интерното одделение. Причина-предозираноста со алкохол. Д-р Сашо Василевски, специјалист интернист...

Continue reading

gimnazija

Свеченоста за доделување на дипломите на матурантите на 07 август

Post Views: 10 Годинава спектаклот ќе се одржи во дворот на Охридската Гимназија на 07 август.  Директорот Наум Рилковски открива дека се подготвува настан за паметење, не само за матурантите, туку и за сите останати, кои ќе дојдат да ја поздрават оваа успешна генерација. Кулминација на прославата ќе биде концертот на светски познатот музичар, охриѓанецот  Владимир Василески – Четкар. „Мислам дека нетреба многу зборови за да се каже кој е што е. Тој е врвен и светски музичар кој во чест на матурантите но со подршка на градоначалникот овој концерт ќе биде во дворот на гиманзијата....

Continue reading

cifliganec

Отворен елитниот објект на АДОРА Инженеринг

Post Views: 5 Продолжува приказната на Чифлиганец и АДОРА Инжинеринг во Охрид. Вчера, на големиот празник Илинден, со пригодна свеченост, во употреба беше пуштена стамбената зграда во Билјанини Извори, сместена на самиот влез во Националниот Парк Галичица. Нина Кепеска, портпаролот на компанијата истакна дека во објектот е вграден трудот на тимот на Адора инженеринг. „Многу често охриѓани велат дека ова е најубавата градба во Охрид многу препознатлива, вклопена во амбиентот на многу добра позиција и што е најважно се краси со врвен квалитет според сите светски стандарди им нуди на...

Continue reading

vidobista_voda_sahta

Некои наводнуваат, други вода немаат ни за пиење

Post Views: 19 На + 40 степени десеттина семејства од Видобишта немаат вода ни за пиење. Тие велат дека неколку години имаат проблем со водоснабдувањето, но дека последниве години состојбата е катастрофална. Во име на засегнатите жители од Прва мекедонска удара бригада јавно за својот проблем пред камерата на ТвМ проговори Стојче Ставрески. Тој вели дека нивната мака се интензивирала од кога се доселил нивниот нов комшија и одкако на улицата била направена шахтата и поставен шибер.    „Со тој шибер делумно водата ја ограничуваат. Што значи кракот на оваа страна и оваа куќа овде се...

Continue reading

Sirma Vojvoda

На „Сирма Војвода“ неиздржлив сообраќаен метеж

Post Views: 1 Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж. Издувните гасови, буката, прашината и нечистотијата од тркалта на камионите  им го прават неподнослив секојдневниот живот. Сообраќајната фрекфенција на тесната улица е голема и од лесни возила, но и од тешки товарни возила, раскажува Пеце Петрушевски жител на Сирма Војвода. Коловозот по кој проаѓаат возилата им е буквално под прозорците, објаснува Петрушески. „ Посебно не вознемируваат тешките моторни возила кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top