Ознака: овој

advokati

Охридските адвокати нема да штрајкуваат без одлука за генерален штрајк

Post Views: 1 Законот за адвокатски маркички ги налути адвокатите.  Охридската заедница на адвокати барем засега својот револт нема да го искажува со штрајк чекор на кој пак се одлучија нивни колеги од неколку градови во државава.  Претседателот на охридската заедница на адвокати, Љупчо Наумовски вели дека немаат легитимитет самостојно да носат одлуки за штрајк, но доколку таква одлука донесе управниот одбор на Адвокатската комора на Македонија, тие во секој случај ќе им се придружат на своите колеги. Револтот кај адвокатите го предизвика контроверзниот Закон за адвокатски маркички...

Continue reading

Ohrid

Охрид се подготвува за подземен катастар

Post Views: 5 Локалната самоуправа подготвена да го координира процесот на создавање дата база на податоци за подземниот катастар. Со подземниот катастар  ќе се избегнат оштетувањата на сите видови подземна инсталација што сега случуваат при градежните зафати. Инвеститорите многу често се соочуваат со оштетени водоводни и канализациони мрежи, пресечени телекомуникациски и електрични кабли заради  непостоење точни податоци на местоположбата на подземните инсталации и водови.  Kако превентива од ваквите дефекти се подготвува Закон за подземен катастар. На територија на општините за...

Continue reading

bozik

Охриѓани масовно ги посетија светите храмови

Post Views: 6 „ Христос се роди- Навистина се роди“,  е денешниот поздрав со кој меѓусебно се поздравуваат православните христијани. Тие го празнуваат раѓањето на спасителот Исус Христос. Утринските богослужби кои се одржаа во  светите храмови беа преполни со верници.  Црквите беа посетувани од православните христијани и во текот на целото претпладне, а при тоа беа посакувани најубави желби. Се палеа свеќи, а најчестата молитва беше за здравје и мир. Свештеникот Диме Азески од православниот храм „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско, не потсетува на значењето на овој голем христијански...

Continue reading

krazba zlatara

Ограбена златарата „Голд“ во Охридската чаршија

Post Views: 19 СВР превзема широк спектар на активности со цел пронаоѓање на двете лица кои синоќа околу 19 часот и 45 минути  во златара во Охрид во централното градско подрачје извршија кривично дело разбојништво. Имено во моментот на разбојништвото во златарата се наоѓала вработена која под закана со пиштол од еден од крадците се повлекла во ќошот од златарата, а другиот го одземал златото.Портпаролот на СВР Стефан Димоски открива дека Секторот има добри оперативни сознанија по кои интензивно се работи, а се проверуваат и сите информации кои од синоќа доаѓаат до полициските службеници....

Continue reading

caulev

Чествување на 100-годишнината од Охридското востание

Post Views: 2 Oхридскиот Совет даде зелено светло во септември оваа година да се одбележи 100 годишнината од Охридското востание. Повод за кревање на востанието било потпишувањето на  Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија. Ден по потпишувањето на  овој погубен договор за Македонија, Централниот комитет на Вмро испратил делегација која побарала од големите сили ревизија на договорот.  До  ревизија на договорот не дошло и Организацијата  ја продолжила револуционерната борба за ослободување на Македонија. Подготoвките почнале и на 21 август  продолжила организираната...

Continue reading

emigranti

Емигранти-претстава за човечкиот апсурд

Post Views: 3 Четврта театарска премиера на Народниот театар од Охрид за прекрасно заокружување на 2012 година. Брилијантните актери на охридскиот театар продолжуваат со претставите по текстови на Славомир Мрожек. Овој пат на дневен ред е претставата „Емигранти“ која е режирана од младата и талентирана режисерка, Ирена Стеријовска. „Нашата репертоарска политика е како што реков создавање на традиција и на гледање на класици, гледање на нешто што е висококалорично и од друга страна, добро наместено во супер адекватни простори и мислам дека тоа е еден од главните просперитети на една...

Continue reading

bakteriji

Во градинките зголемен број случаи со стрптококни ангини

Post Views: 12 Зимата е период кога вообичаено има зголемен бројот на пациенти со горно распираторни инфекции. Како причина за овие компликации се и климатските промени кои значително се изразени деновиве. Еден од факторите е и маглата која посебно им  прави проблеми на децата кои имаат  хронични опструктивни промени во вид на напади  на тешко дишење, свирење во градите , нарушување на општата состојба која мора долго да се лекува. Ваквите случаи не можат да поминат со  амбулантно лекување, туку  се препраќаат на детското одделение.  Но еве што посебно ги загрижува педијатрите. „Но...

Continue reading

cistenje na ulici i patista

Нов сообрааќаен режим во цетарот на градот

Post Views: 8   Нов сообраќаен режим на „Кеј Маршал Тито“ и кружниот тек кај плоштадот. На споменатата улица нема повеќе да се одвива сообраќај и ќе служи како шеталиште , а рампите на плоштадот се отстранети така што на овој дел ќе може сообраќајот слободно да се одвива без никакво запирање, вели Зоран Шикалоски, раководиделот на секторот за комунален развој и сообраќај. Рампите повеќе нема да бидат во функција на паркинг просторот, а самото паркирање ќе се регулира со паркингметри или со смс пораки. Ова е одлука на Локалната во корелација со останатите субјекти, а причина се престојните...

Continue reading

pat

Кал до колена

Post Views: 4 Жителите на улицата „Петрино“ се закопани во кал. Откога кон крајот на мај почнала да се раскопува оваа улица која претходно била асфалтирана и тоа со пари на граѓаните, тие имаат голем проблем кој никако да се реши. Жителите кажуваат дека градежните работи на Петрино ги спроведувале кабелските оператори ТВ Алсат и Инфел, а подоцна на средината од улицата раскопувале од ЈП „Нискоградба“ за поставување на цевки за фекална канализација. Откога завршиле со зафатите само ја пошлунчиле улицата и си заминале.Никола Тренески, жител на оваа улица вели дека децата со гумени чизми...

Continue reading

teatar

Концерт на чалгии, престава за деца и театарска премиера

Post Views: 3 Започнува музичкото загревање на предновогодишната атмосфера во Охрид. На 27 декември во четврток, од Центарот за култура го најавуваат музчкиот концерт на бендот „Чалгија саунд систем“. Концерт кој ќе придонесе за прекрасно расположение кај љубителите на чалгаџиската музика, информира директорката  на центарот за култура Драгана Боцевска.    „ Бендот „Чалгија саунд систем“  ја негува чалгаџиската музика и ќе изведе прекрасни песни  од регионот. Овој бенд ќе приреди пред новогодишна атмосфера и ќе предизвика  позитивни чувства кај публиката“, кажува Боцевска.    На 28...

Continue reading

zels

Градоначалниците ги сумираа резулатите од досегашната работа

Post Views: 2 Зелс или Асоцијацијата на локалните власти, која како институција ги штити интересите на општините го одржа последното, генерално собрание во овој состав на градоначалници.  За тоа како протече четригодишниот период од работата  на Зелс , мислењата се поделени. За претседателот на ЗЕЛС, скопскиот градоналалник Коце Трајановски, во овој период се постигнати значајни придобивки во интерес на општините. Законот за управување со градежното земјиште, законот за легализација на дивоградбите, зголемувањето на  стапката на ДДВ-то и персоналниот данок, како и   обезбедувањето...

Continue reading

паркинг

Охридските паркинзи повторно актуелни

Post Views: 14 Мнозинството во Охридскиот совет ја прифати предлог одлуката за започнување на постапката за доделување на договор за давање под долготраен закуп на паркинг простори во општина Охрид. Оваа одлука не е прифатлива за советниците од ВМРО ДПМНЕ. Координаторот на советничката група Дејан Пановски вели дека советот на општина Охрид  се зафати за решавање на проблемот со паркинзите и тоа на начин кој не е најсоодветен, затоа што и покрај тоа што е изготвена студија за управување со паркинзите и паркинг меса која предвидува 1269 паркинг места во Охрид и понатаму се оди на варијанта...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top