Ознака: овој

pristaniste

Приказната за малото пристаниште наспроти Палас продолжува

Post Views: 0 Кои тајни ги крие малото пристаниште наспроти хотелот Палас познато како „Мостот на птиците“ и зошто истото и покрај желбата да биде реновирано е во очајна состојба. ТВМ започна со потрагата по луѓе, фирми и институции кои во одреден период покажале желба да го променат изгледот на руината во строгиот центар на Охрид.  Сопственикот на ГП Трудбеник Ацо Спироски за ТВМ раскажа кои  проблеми им искрснале по одуката на Владата во 2002 год. и иницијативата на тогашниот министер за транспорт и врски Љупчо Балкоски некогашната плажа на хотелот Палас, да се поврзе  со копното. Спироски...

Continue reading

studenti

Хранливи колачи и печива креираат студентите од ФТУ

Post Views: 8 Високо енергетски бомбици, интегрални грисини, погачици од хелда  и колачи за дијабетичари се 4 -те нови прозиводи кои ги креираа студентите од ФТУ, од насоката гастрономија, диетика и исхрана. Производите се изработени по сопствена рецептура и се наменти за неколку целни групи, како што се дијабетичари или луѓе алергични на глутен. Во проектот се вклучени 20 -тина студенти од повеќе насоки на ФТУ. Студентите изработиле и флаер „Водич за здрав живот“. Задоволни се што се вклучени во проектот и од добиената можност да  промовираат вкусна и исклучително здрава храна. Производите...

Continue reading

pristaniste

Пристаништето наспроти хотелот Палас се распаѓа пред очите на надлежните

Post Views: 8 Бранoвите, високиот водостој на езерото и ветровите комплетно го разурнаа пристаништето наспроти хотелот Палас. Зачудува фактот што никој од надлежните не реагира и не превзема ништо да го сочува или да го реконструира она што остана од некогашното пристаниште. Барајќи кој ја има надлежноста на пристаништето се обративме до Охридската капетанија, како институција која стопснисува со пристанишатта во Р Македонија. Капетанот кој е на службено патување во Хрватска ни кажа дека во Охридската капетанија нема документација која докажува кој е сопственик на пристаништето....

Continue reading

gmo hrana

И Охриѓани кажаа „не“ за генетски модифицираната храна

Post Views: 8 Охриѓани се приклучија на глобалниот марш против генетски модифицираната храна, како продолжена рака на главниот протест кој се случува во Скопје. Неколкумина ентузијасти, на градскиот плоштад, како и во просторот пред чинарот, делеа информативни материјали за тоа што претставува ГМО или генетски модифицираната храна како и  кои се последиците од нејзиното консумирање. Инаку генетски модифицираната храна е храна добиена преку генетски инженеринг односно комбинирање на гени од растенија со гени од бактерии, вируси, а не ретко и животни. Република Македонија важи за една...

Continue reading

open day

Отворен ден на Универзитетот Св. Апостол Павле

Post Views: 1   Јасна Тренкоска  апсолвент на факултетот за компјутерски науки  и инжинерство, како и нејзиниот една година помлад колега од Гана, Вилјам Медсијама на истиот факултет, имаат позитивно студенско искуство  од досегашното студирање на Информатичкиот универзитет Св. Апостол Павле. Тие искрено го препорачуваат на идните студенти кои сакаат да бидат дел од оваа високо образовна институција. „ Овој Универзитет се издвојува од техничките универзитети во Македонија по тоа што има неповторлив интернационален дух соствен од студенти ипрофесори.Од друга страна поддршката на академскиоткадар...

Continue reading

Што е всушност HAARP

Post Views: 5 Во моментите на критични последици од климатските промени, еден од најпопуларните истражувачки проекти е проектот HAARP (High Frequency Active Auroral Research Program). Тоа е здружен проект на различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана, и бројни универзитети во САД (Калифорнискиот универзитет, Универзитетот во Аљаска, Тенолошкиот институт во Масачусетс, Стенфорд, Дартмоут, Тулса, Клемсон, Пен Стејт, Мериленд и Корнел универзитетот). Од 1990 па се до 2007 година, студентите и експертите по физика се обидуваа да разберат и да го истражат сложениот...

Continue reading

kvantna medicina

Енергетската медицина доаѓа и во Охрид

Post Views: 3 Енергетската медицина доаѓа и во Охрид. Германката Рикарда Еишхофер веќе триесет години се занимава со овој вид на медицина. Студирајќи школска медицина забележала дека основните медикаментозни начини на лекување не се доволни кај некои болести. Не станува збор за некаква природна дарба туку за метода која може да се научи и секој да ја примени на себе, вели Еишхофер. За овој начин на лекување многу е важно пациентите да постигнат ментален баланс што најчесто се прави преку медитација и да навлезат во својата свест. Всушност секој поединец треба да стане свесен од каде...

Continue reading

kvadril

Шести пат „Матурска парада“

Post Views: 5 Охридските матуранти и годинава традиционално танцуваа квадрил на звуците на  штраусовата опера „Лилјакот“. На „матурската парада“ учествуваа 360 матуранти од гимназиските, економските и медицинските паралелки. Дел од нив за ТВМ изјавија дека овој момент долго ќе го паметат. Пред почетокот на парадата, на матурантите им се обрати д-р Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид. Тој им порача достоинствено и храбро да чекорат по патот што секој сам си го осмислил, да бидат цврсти во своите одлуки за напредок во животот на начин без да бидат нарушени човековите, етички...

Continue reading

orovnik vodovod

Трајно се решава проблемот со водоснабдувањето во с. Оровник

Post Views: 0 Градежни зафати во село Оровник, преку кои ќе се реши проблемот со водоснабдувањето посебно за жителите во горниот дел на селото. Жителите крајно задоволни што конечно ќе се реши нивниот проблем. Тие откриваат со кави проблеми се соочувале изминатиов период. „Кога го колев прасето вода немав да се измијам. На пазар еден понеделник отидов неизмиен. Големи  што се прави треба да имаме доволно вода, а како ќе биде ќе видиме“, вели Бранко Мојсоски, жител на с. Оровник. Проектот чини 180 000 денари, а средствата ги обезбеди локалната самоуправа заедно со комуналното претпријатие....

Continue reading

FTU obuka

На ФТУ промовирана програмата за Ефективна комуникација за успех во бизнисот

Post Views: 4 На ФТУ презентирана програмата за невролингвистичко програмирање, која овозможува  креирањето успешни личности. Организатори на оваа презентација беа НЛП Центарот од Белград , кој  делува во рамките на Атриа Групацијата чија специјалност се корпоративните тренинзи од областа на комуникациските, продажните и менаџерските вештини,  и Факултетот за туризам и угостителство Охрид. Денешниот тренинг преставува почеток на една подолгорочна соработка на центарот со ФТУ . НЛП е комуниациски модел кој што е базиран на субјективната студија на промената усовршувањето и комуникацијата...

Continue reading

protesti JP Biljanini Izvori

Протестите во ЈП Билјанини Извори ставени во мирување

Post Views: 31   Неколкучасовна средба помеѓу новоназначениот директор на ЈП Билјанини извори, Иван Цветковски  и претставници на синдикатот на претпријатието. На конструктивната и позитивистичка средба, како што беше оценета и од едната и од другата страна, било договорено протестите кои започнаа минатаа недела да бидат ставени во мирување, со цел, директорот да се снајде во новонастаната ситуација. Тие побараа од в.д директорот Цветковски да го информира градоначаникот и локалното раководство за нивните барања и заеднички да изнајдат решение за наталожените проблеми во ЈП Билјанини...

Continue reading

Средношколците и основците од градов симулираа давање прва помош

Post Views: 6 Денес се одржа 42от општински натпревар по прва помош.  Натпреварот се одвиваше на 7 пункта поставени на различни локации низ градот. Од година во година интересот за учество на овој натпревар е се поголем. Минатата година учествувале 230 ученици а годинава 280. Овој настан беше интересен и за случајните минувачи и намерници бидејќи симулациите беа реалистични. Сашо Точков- претседателот на Црвен крст- Охрид рече дека за симулациите биле подготвени специјални сценарија, а се употребувала и артистичка шминка за настанот да биде што пореален Координаторот на секторот за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top