Пристаништето наспроти хотелот Палас се распаѓа пред очите на надлежните

Пропаѓа пристаништето наспроти хотелот Палас.

 |  Маленкова Татјана  | 
pristaniste
прстаниште

Бранoвите, високиот водостој на езерото и ветровите комплетно го разурнаа пристаништето наспроти хотелот Палас. Зачудува фактот што никој од надлежните не реагира и не превзема ништо да го сочува или да го реконструира она што остана од некогашното пристаниште.

Барајќи кој ја има надлежноста на пристаништето се обративме до Охридската капетанија, како институција pristanisteкоја стопснисува со пристанишатта во Р Македонија. Капетанот кој е на службено патување во Хрватска ни кажа дека во Охридската капетанија нема документација која докажува кој е сопственик на пристаништето. Следната институција каде побаравме информации беше историскиот архив. Директорката ни кажа дека ни кај нив нема документација која може да ни биде од полза за она што го бараме и не упати во ГП Трудбеник затоа што тоа е фирмата која во 1992 год. Беше изведувач на градежните работи со кои пристаништето се поврза со кејот.   Но за жал сопственикот на Трудбеник не успеавме да го добиеме денеска. Но не само него,  одговор за овој проблем денеска не добивме ни од министертвото за транспорт и врски, затоа што повеќе од очекувано портпаролот и овој пат не одговори на телефонските повици.   
Инаку охриѓани посебно постарите кои секојдневно се шетаат по кејот  велат дека се разочарани што ова охридско обележје е во ваква состојба. Тие со задоволтво се сеќаваат на тоа како овој потег изгледал пред 30 тина години.

pristanisteМеѓу шетачите го затекнавме и проектантот на пристаништето, поточно плажата специјално правена на хотелот Палас,  проф. Д-р. Пантелеј Митков.
Тој раскажа како пристаништето изгледало, но и што треба да се направи за да се зачува ова охридско обележје.

„Таму имаше базен со димензии како олимписки и таму се одржуваа натпревари. Тоа беше на дрвени шипови кои после пропаднаа. Тоа некаде помеѓу 65 та  и 70 тета, а кога се руши незнам. Би можело и би требало да се реновира но со солиден проект, солидно изведен со сите прописи и на сеизмиката. Ова е муљевито и треба да се оди до здравица, а после да се оди нагоре и да се прави платформа за плажа, истакна проф. Д-р Пантелеј Митков.

Последното реновирање на пристаништето е направено во 1992 год, со средства од Владата преку министертвото за транспорт и врски.  Но за жал од тогаш па во следниве 21 година никоја ама баш никој не превзеде ништо за да се реновира пристеништето кое преставува и голема опсаност, затоа што по него секојдневно има шетачи.  
ТВМ не застанува тука. Продолжуваме да истражуваме чива е недлежноста на пристаништето и дали и кога истото ќе се реновира.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top