Ознака: овој

logo

Охриѓани со координиран настап на „Скопје Травел Маркет”

Post Views: 7 По повод одржувањето на јубилејниот петти туристички саем „Скопје Травел Маркет”, што ќе се одржи од 7 до 9 мај 2015г. во Скопје, на кој што Општина Охрид оваа година ќе биде град – домаќин, а на која учество со свој штанд ќе земат туристички организации од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет, Иран и други светски земји, Општина Охрид упатува јавен повик за заедничка организација и учество на овој Саем. За таа цел, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира работен состанок, на кој што ги повикува претставниците од хотелско – угостителските...

Continue reading

По интернет се шири еден од најсофистицираните вируси

Post Views: 5 Компанијата Symantec, која се занимава со безбедност, открила нов и многу напреден вирус наречен Regin кој го опишуваат на следниот начин: “Комплексноста на овој вирус чија структура прикажува степен на техничка компетенција која е ретко видена”. Иако малку се знае за новиот вирус и се нагаѓа дека истиот е развиен од американската влада или Кина, за да ги следат компјутерите на корисниците кои имаат инсталиран Windows од Microsoft. Вирусот е во можност да украде шифри, да го слика екранот и да враќа избришани датотеки. Од Symantec велат дека за развојот на овој вирус...

Continue reading

dupki asfalt

Не издржаа бекатон плочките со кои локалната ги крпеше ударните дупки низ градов

Post Views: 2 Ударните дупки низ охридските улици повторно се отворија. Не издржаа бекатон плочките со кои службите од локалната пред нецел месец ги санираа дупките. Дополнително, во нивна непосредна близина се отворија и нови. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици признаваат дека ситуацијата е таква, но велат дека уште во месец јануари тие изготвиле акционен план за трајно решавање на овој проблем и пополнување на дупките со асфалт. Со оглед на тоа дека локалната неодамна веќе започна со асфалтирање на патниот правец Охрид-Велестово, најавуваат дека за скоро време ќе...

Continue reading

Google на удар на европските регулаторни тела

Post Views: 0 Европскиот парламент не е задоволен со големата доминација на Google на пазарот на пребарувачи и ќе побара одвојување на пребарувачот од другите сервиси на компанијата. Овие информации се објавени на Fiancial Times,а пренесува Cnet, чии новинари го контактирале портпаролот на Европскиот парламент, но од оваа институција сеуште никој не им одговорил, но одговор нема ниту од Google иако наводно биле бесни поради ова. David Balto, адвокат специјализиран за случаеви со монополи, коментирајќи го ова барање на европскиот парламент рекол дека не може да се сети на некој друг...

Continue reading

skopski saem

Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот саем за туризам-Скопје Травел Маркет

Post Views: 5 Охридските туроператори како домаќини ќе ја претстават туристичката понуда на градов на петтиот по ред меѓународен саем за туризам-Скопје Травел Маркет. Денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од туристичкиот саем како и стопанската комора на Македонија за туризам, договорија, Охрид да биде домаќин на овој меѓународен саем кој се одржува во рамките на познатиот Скопски саем. Според Бакрачески, овој саем, во голема мера ќе придонесе во поефикасното промовирање на туристичката понуда на градов. „Да ги презентираат своите туристички продукти, да ги презентираат...

Continue reading

serdarot

Арифа Малоска се закити со Ловоровиот венец

Post Views: 36 Ловоровиот венец го закити вратот на младата ораторка Арифа Малоска од ОУ „Братство Единство“. Со тоа заврши проектот „Ораторски средби“ кој годинава го организираше Одделението за култура при општина Охрид,  по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“. На 25-ти март пред 155 години во Атина со ваква награда беше овенчан Великиот Григор Прличев и се здоби со епитетот втор Хомер. „Мене најпрво ми беше мило што можам да учествувам на една ваква манифестација ова е најмалку што можам да направам за него бидејќи тој направи многу за македонскиот јазик...

Continue reading

teatar

Достојно одбележување на светскиот ден на театарот

Post Views: 2 Овој петок 27-ми март, на Светски Ден на Театарот во 12:00 – 12:45 Народниот театар од Охрид ќе ја претстави работатата на  Детско Драмско Студио. Подоцна во 13:00 – 13:45 на репертоарот ќе биде поставена театарската претстава  “Свињарот” – работена според бајката на Х.К.Андерсен, за која влезот ќе биде слободен. Од 20:00 – 21:30 љубителите на комедијата ќе имаат можност повторно да уживаат во изведбата ба  “Детектор за лаги” – работена по текстот на В.Сигарев, по цена за влезница од само 50 ден. Во 22:00 ќе има читање на пораката за Светскиот...

Continue reading

zraci

Дневниот Центар „Зраци“ доби грант од 5200 евра

Post Views: 9 Грант во висина од 5 200 евра доби Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“, Охрид, од страна на Австралиската амбасада од фондот за директна помош. Овие парични средства се значителна помош за Центарот посебно за неговото секојдневно функционирање истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Апликацијата за овој грант ја направиле службите на Секторот ТЛЕР во соработка со амбасадата. „Дел од средствата ќе бидат искористени за работно ангажирање на вработените односно за плати, понатака ќе бидат организирани екскурзии за децата и за родителите кои...

Continue reading

hotel daljan

Хотел Даљан на праг на сезоната со старите рани

Post Views: 0 Хотел Даљан, единствениот хотел на охридското крајбрежје каде што вработените се лица со инвалидност како и нивните гости на прагот на уште една летна туристичка сезона се соочува со старите проблеми. На излезот од Охрид по стариот пат, ниту еден патоказ нема да ве одведе до овој хотелски капацитет. Директорката на хотелот Славица Стефаноска, вели дека сеуште до хотелот се доаѓа по неосветлена, поткопана уличка, од двете страни обраснат со високи капини,трње и друга вегетација а бандерите се испопаднати со кабли кои што висат насекаде. Стефаноска вели дека сликата во...

Continue reading

rendgen

Дигитализација на рендген снимањата во специјалната болница „Св.Еразмо“

Post Views: 2 Нема веќе класично развивање на филмови и аналогни снимки во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид. Тие во моментов се во фаза на целосна дигитализација на рендген снимањата што според менаџментот на болницата ќе значи скратување на времето на дијагностицирање на пациентот. Процесот на дигитално снимање во истиот момент на снимањето испраќа слика од состојбата на пациентот во амбулантата и докторот веднаш може да постави дијагноза и да направи извештај. „Почнавме ние со дигитализација на рендген снимањата. Ветено ни е од Министерството...

Continue reading

voska

Ќе се уредува крајбрежјето од Воска до Даљан

Post Views: 0 Впечаток на граѓаните кои што живеат во населбите Воска и Даљан е дека вниманието на градската власт во Охрид е концентрирана на источното крајбрежје, каде што се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои што се во насока на еден како што велат граѓаните елитен туризам. Градоначалникот Никола Бакрачески не се сложува со ваквата констатација. Тој категоричен, дека заедно со неговиот стручен тим поденднакво се грижеле за сите делови на градот и смета дека општина Охрид има рамномерен развој и коректна распределба на проектите. Бакрачески изјави дека на потегот на...

Continue reading

ораторство

Почнаа ораторските средби за охридските основци

Post Views: 3 Симона Кркачоска, шесто одделенка  од ОУ„ Живко Чинго“ од Велгошти, е дел од 8-те учесници кои ќе настапат  на ораторските средби во чест на Григор Прличев. Својата вештина за сценски настап ќе ја презентира со изведување на дел од поемата „Сердарот“ од охридскиот втор Хомер. „ Очекувам да се изразувам слободно  и да не се плашам додека глумам или рецитирам пред други луѓе, споделува  Симона за своите очекувања од овој натпревар. Ѓоко Чингоски, директор на ОУ „ Живко Чинго“ од Велгошти  го поздравува овој настан. Напоменува дека е значаен  за децата да се дружат, но...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top