Post Views: 4
Светот е огромно место чија што земја ја газат илјадници различни народи, различни култури. Велат дека богатство е да се знае што е можно повеќе, а тоа на најдобар начин го покажаа и докажаа креативните средношколци од приватното средно училиште, колеџот „Јахја Кемал“ од Струга.
Преку нивното World Culture Show 2014, на публиката во Центарот за култура „Григор Прличев“ преку игра, песна и фантастични костими презентираа неколку народи, неколку различни култури, дел од кој веројатно се малку познати. Сергеј Миладинов е дел од групата ученици кои го претставуваа периодот...
Post Views: 3
Од наесен две спортски паралелки за фудбал и ракомет ќе се отворат во Охрид. Пралелките ќе работат во средното општинско училиште Ванчо Питошески. Децата родени 1999 /2000 година кои активно тренираат во клубовите и школите за фудбал и ракомет ќе може да се пријавуваат за упис во спортските академии. Најдобрите од нив ќе ги избира Комисија за избор на играчи составена од селектори од двата спорта. Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2014 /2015 година од Министерството за образование заврши, а со него се отвора можност во спортската акедемија да се...
Post Views: 1
Во просториите на Црвен крст Охрид во петок, 28-ми март 2014 година, од 19,00 часот ќе се одржи предавање на тема Работа со деца со посебни потреби со акцент на нивното вклучување во образовниот процес, идентификување на нивното основно познавање на одредени вештини и потребите кои ги имаат овие деца.
Предавач ќе биде Сара МекФитерс, волонтер на Мировниот корпус од Соеднитетите американски држави во Македонија, моментално на волонтерска работа во училиште во Велес а и со претходно тригодишно работно искуство со деца со посебни потреби во Бугарија.
Предавањето е од отворен...
Post Views: 1
Од вкупно 90 интервенции поради пожари во првото тромесечие на 2014та година, 42 биле поради пожари на отворен простор. Според командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски, месец Март е карактеристичен токму по овој вид на пожари. Охридската јавност изминативе денови сведочи за неколку вакви случаи на палење на пожари на отворен простор. Според командирот Прентоски, во 99 проценти од случаите, причината е човечкиот фактор.
„Апелирам до сите граѓани на подрачјето на општина Охрид и Дебрца да се воздржат во овие временски услови на поголеми горештини...
Post Views: 5
На Македонија не и треба тунел и панорамско тркало во престолнината и треба изградба на регонални депонии, велат од ВМРО – НП Охрид. Претседателот на народна Ванчо Костоски, смета дека 100 те милиони евра кои Владата ги предвидела за изградба на два километри тунел од центарот на Скопје до Железничка станица, дел од тие средства да ги пренаменат за изградба на регионални депонии. А наместо панорамскто тркало за кое Владата планира да потроши 18 милиони евра да се направат 25 претоварни станици, со кои според ВМРО – НП ќе се намалат трошоците, а ќе се зголеми профитот...
Post Views: 4
Дечињата згрижени во детската градинка Росица со песна на сите јазици од етничките заедници го одбележаа Летник. Празникот се одбележа весело со песна и со подарување на мартинки и варена пченка. Преку приредба децата од сите етникуми кои се згрижени во овој објект прикажаа дел од обичаите кои се карактеристични за денот Летник. Според верувањето овој ден е почеток на новата година или крај на зимата и почеток на летото.
Се верувало дека мартинките симболизираат среќен живот и здравје заштита од штетници. Полната трпеза – значи богатство на трпезата преку целата...
Post Views: 2
Спрема наводниот договор, Европа за признавање на Крим во составот на Русија би добила сигурно снабдување со гас.
Основната цел на тајниот мировен план, како што тврди The Independent, е стабилизација на украинската граница и обезбедување на силни економски поддршки на осиромашената Украина, особено по пат на енергетскиот договор кој би осигурал снабдување на гас на Украина и Европа.
Контроверзниот план предвидува најпрво меѓународната заедница да ја признае независноста на Крим и неговото припојување кон Русија, што некои членки на ОН тешко ќе го прифатат.
Извори блиски...
Post Views: 2
ВМРО Народна партија смета дека Владата напразно ветува ревитализација на селата кога за приклучување на електрична мрежа луѓето во овие средини плаќаат по 1500 евра. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски вели дека единствениот монопол во државата, ЕВН, покрај според нив нереалните цени за приклучок, воведуваат и ново правило во кое доколку некој граѓанин воопшто не потроши електрична енергија во одреден период, ќе му биде одземено броилото. Костоски вели дека вакво правило нема во ниту една друга држава во светот.
Дополнителен проблем...
Post Views: 2
За зголемување на сообраќајната безбедност, од пред некоја година градските власти во Охрид на неколку „црни точки“ низ градов поставија сферни огледала. Но, изгледа дека некому овие сообраќајни помагала му пречат. Веќе неколку дена скршено е едно од ваквите огледала, поточно огледалото на ул. „Марко нестороски“.
Поставувањето на овие огледала иако даваше позитивни повратни резултати и во голема мера ги намали сообраќајните незгоди на тие точки бидејќи обликот на огледалата придонесува да се зголеми прегледноста при сообраќање на раскрсницата.
Во очекување на замена...
Post Views: 4
Неодамна од локалната самоуправа беше објавена намерата за изградба на градска марина. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на оваа марина ќе биде еден од начините на кои Охрид ќе прави крупни промени во насока на развој на туризмот.
Сепак токму на местото на кое најверојатно ќе никне градската марина, сеуште постои потенцијална опасност од неексплодирани мини кои датираат од Првата светска војна. Градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се направат сите потребни анализи.
„Во тек е постапката за изработка на идеен проект и веднаш после тоа и за основен...
Post Views: 0
ВМРО Народна партија со став дека во Република Македонија има драстична и неприродна казнена политика. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски вели дека во земјава има преголем број на казни во сите сфери на живеењето. Како пример тој ги посочи казните од 10.000 евра за фирма која држи неосигурено вработено лице, казните од 4 до 5000 евра за неиздавање на фискални сметки, како и казните за пушење во затворени и јавни простории и фрлање на отпушоци.
Костоски смета дека нелогично е казната за пушење во јавни и затворени простории која изнесува...
Post Views: 1
Наскоро корисниците на услугите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе имаат можност да ги изнајмуваат книгите „Ромски фолклор”, „Етнички и културни карактеристики на ромите” и ,,Граматика на ромскиот јазик” од д-р Трајко Петровски – научен советник во Институтот за фолклор од Скопје.
Покрај овие наслови, Библиотеката го збогати фондот со повеќе нови книги: „Септемвриски светлини” – Карлос Руиз Зафон, „Љубовникот на куртизаната” – Габриела Ким, „На бал со кралот” – Розалинд Лејкер, „Допирот...