Спортски акадмии за ракомет и фудбал ќе се отворат во Охрид

Спортски акадмии за ракомет и фудбал ќе се отворат во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Ohrid

Од наесен две спортски паралелки за фудбал и ракомет ќе се отворат во Охрид. Пралелките ќе работат во средното општинско училиште Ванчо Питошески.  Децата  родени 1999 /2000 година кои  активно тренираат во клубовите и школите за фудбал и ракомет ќе може да се пријавуваат за упис во спортските академии. Најдобрите од нив ќе ги избира Комисија за избор на играчи составена од селектори од двата спорта.  Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2014 /2015 година од Министерството за образование заврши, а со него се отвора можност во спортската акедемија  да се запишат 60-тина млади спортисти. Се планира да бидат запишани ученици  од југозападниот регион. На товар на општината ќе бидат хонорарите за  лиценцирани тренери од фудбалската и ракометната федерација на Македонија. Двајца тренери ќе бидат ангажирани во наставниот образовен процес за овие ученици, кажува Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид.  
sportska sala
Интересно е што учениците од овие спортски паралелки ќе може без пречки да преминат во другите средни училишта во случај ако сакаат да ја прекинат наставата во спортските академии.   

„ Наставната програма за овие 2 паралелки  е концепирана за децата да може во 2 година или на полугодие несметано да се префрлат и во други средни училишта. Не мора да останат до крај во  спортската академија. Од ова средно училиште  ќе произлезат врвни спортисти и  наставниот процес е компатибилен со сите други средни училишта во РМ.“   

Паралеките ќе се отворат во рамките на средното угостителско  училиште Ванчо Питошески,  а  учениците кои не се од Охрид   ќе бидат сместени во ученичкиот дом. За потребите на наставниот процес ќе бидат ставени на располагање двата спортски објекти ЈП “Билјанини Извори” и спортската сала “Тодор Александров” во Велгошти.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top