Ознака: новата

prva sednica sovet

Новиот градски совет и официјално доби претседател

Post Views: 6 Д-р Гордана Коњаноска е новиот претседател на Советот на општина Охрид. Со 15 гласа за, 6 воздржани и без ниту еден против оваа одлука беше донесена на денешното продолжение на конститутивната седница на Советот на општина Охрид. Новиот претседател на Советот истакна дека одговорно ќе ја извршува функцијата и дека ќе работи во интерес на граѓаните. Коњаноска подвлече дека сите заедно ќе трба да се справуваат со предизвиците кои ќе доаѓаат во наредниот период. Таа рече дека доследно ќе ги почитува законските прописи. Коњаноска посака одлуките кои ќе се носат во иднина...

Continue reading

komunalec

работници на ЈП Охридски Комуналец, останаа без работа

Post Views: 4 Точно пред два дена група работници на ЈП „Охридски Комуналец“, беа вратени од работа. Станува збор за 27 работници кои беа ангажирани по пат на договор на еден, два месеци или со договор на дело, вели новата В.Д директорка Елена Скрческа. Таа појасни дека на истите им истекле договорите  на 31 март. „Со оглед на законските прописи не бевме во можност понатака да ги продолжиме нивните договори ние им кажавме понатака да не идат на работа до регулирање на делот од нивниот статус. Знаете дека ние сме претпријатие од сезонски карактер и во текот на летниот период вработуваме,...

Continue reading

nova godina

Незаборавен дочек на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 6   Ако денот се познава по утрото, а Новата година по атмосферата во најлудата ноќ, Охрид го очекува бериќетна година. Со над десет илјади гости од кои најголем дел се од соседството и голем број охриѓани, во весела атмосфера, со убави желби за подобро утре во годината која е пред нас,  ја дочекавме Новата 2013. година. Во угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и дискотеките се бараше место повеќе. Но се чини највесело беше на Градскиот плоштад, каде граѓаните и гостите се забавуваа со хитовите на Ѓоко Танески, „Камелеон“, Петар Маркоски, „Аренси бенд“ и...

Continue reading

нова година

Најлудата ноќ во Охрид мина мирно

Post Views: 1 Најлудата ноќ во Охрид мина мирно. Од СВР Охрид информираат дека ниту еден инцидент не го засени Дочекот на Новата година. Иако на градскиот плоштад и во угостителските објекти за празнициве престојуваат илјадници гости немало нарушување на јавниот ред и мир. -Новата година од безбедносен аспект мина беспрекорно добро, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Не е регистрирана и ниту една сообраќајна незгода.За дочекот на Новата година на повеќе пунктови во градов беа распоредени дежурни полициски екипи и сообраќајни полицајци кои за среќА немаа многу интервенции. Но,...

Continue reading

Nova godina

Охриѓани и гостите Новата Година ќе ја чекаат на Градскиот плоштад

Post Views: 2 Забавата која ќе започне во 22.00 часот традиционално е во оранизација на локалната самоуправа.   „ Официјално програмата ќе започне во 22.00 со настап на Ѓоко Танески, во 22.30 ќе настапи групата Камелеон во 23.00 настапува младиот Петар Маркоски од Охрид во 23.30 Аренси бенд. Точно на полноќ  на дочекот на Новата ќе пее Ристо Самерџиев. „Во 00 или во 12.00 часот се обраќа градоначалникот бидејќи откако е прв човек на градот е на гарадскиот плоштад со граѓаните и гостите кои се тука, точно на полноќ се обраќа, а секогаш после него настапува еден од изведувачите, а овој...

Continue reading

popust

Празничните попусти непознат поим за охридските трговци

Post Views: 9 Празничната потрошувачка еуфорија и попустите и до 70 проценти од западниот свет, непознати за нашите трговци и потрошувачи. На само десетина дена до Новата година, во охридската чаршија срамежливо ѕиркаат само неколку налепничиња за попусти. А и тие што се не е сигурно колку и дали се вистински попусти или само маркетиншки трикови. Празничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Кај нас нема големи предновогодишни попусти како во западниот свет. Мала прошетка низ охридската чаршија ни покажа дека многу ретко и срамежливо, од по некој излог,...

Continue reading

огномет

Охриѓани за Нова година нема да патуваат во странство

Post Views: 0   Мал број охриѓани ќе ги дочекаат новогодишните празници во странство. Во агенциите во градов се нудат интересни аранжмани, но интересот кај нашите сограѓани е мал. Причини за тоа има повеќе, велат туристичките работници. Најголема секако е економската криза, но и старите навики на охриѓани во последен момент да се одлучат каде за најлудата ноќ, вели Елида Битрак од туристичката агенција „Елидатурс“. Битрак кажува дека најинтересни дестинации за охриѓани се оние кои се во близина на нашата земја. Интерес има и за Истамбул. Овој аранжман чини 6800ден, а во него се вклучени...

Continue reading

Nova godina

Каде за Нова година?

Post Views: 0 Се ситнат деновите до најлудата ноќ во годината. Новата година која некогаш сите со нетрпение ја очекуваа, сега некако губи на интензитет и жар кај граѓаните. Сепак сите ја прославуваат на овој или оној начин. Излеговме помеѓу охриѓани да запрашаме каде тие ќе ја поминат најлудата ноќ? Дали тоа ќе биде некој хотел, ресторан, кафе бар или нешто друго? „Дома, нема пари, скапо е прескапо. Се нема, толку е!“ „Дома. Со мали деца сме.“ „Скопје, некаде, Штип, лево-десно, Парк.“ „Никаде…“-рекоа дел од нив. Хотелиерите пак интензивно се подготвуваат и за Дочекот, и за празничниот...

Continue reading

ukrasuvanje Ohrid

Охрид ќе блесне за Нова Година

Post Views: 2 ЈП Охридски Комуналец интензивно работи на разубавувањето  на Охрид за Новогодишните празници. Се користат реквизитите од минатите години, а директорот на ЈП открива дека се набавиле и нови. Алче вели дека според плановите на локалната и ЈП целата акција со разубавувањето на Охрид треба да заврши најдоцна до четврток 13 декевмри.   „Се прават комбинации со сијалички, но се набавени и нови светлечки реквизити  нив ќе ги поставиме накрај. Се уредува со светлечките црева, а понатака со новите реквизити, а со новите сијаличиња ќе го заокружиме изгледот.Почнуваме од центарот...

Continue reading

deca

Алармантни деформитети кај новата генерација основци

Post Views: 8 Откриени нови деформитети на мускулно скелетниот систем при преглед на новата генерација петтодделенци.  Новите испитувања се поалармантни од претходните спроведени во охридските основни училишта пред 6 месеци, вели Јован Каланоски, кинезитеравпет, вклучен во проектот за откривање на деформитетите кај основците заедно со група професори по физичка култура и образование, поддржан од Локалната самоуправа. Само кај три до четири деца од секој клас не се евидентирани девијантни промени на мускулно скелетниот систем. „ Има доста пораснат процент на деформитети кај децата,...

Continue reading

blato

Студенчишкото блато, нова туристичка понуда

Post Views: 1   На повидок е нова туристичка понуда на Охрид. Студенчишкото блато  кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува на почетокот на Октомври кога ќе се постават границите на блатото и ќе започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото. Планирано е во овој природен резерват...

Continue reading

ученици

Почна новата учебна година за 7000 охридски ученици

Post Views: 6 На првиот училишен ден охридските основни и средни училишта ширум ги отворија вратите за своите ученици. Училиштата се подготвени за да стартува новата учебна 2012/2013 година. Со пригодна програма беа дочекани  првачињата во сите основни училишта.  Како и првачињата така и основците со нетрпение го очекуваа  стартот на  училишниот ден. По традиција градоначалникот Александар  Петрески беше во посета  на две основни училишта. Овој пат беше во „ Григор Прличев“ и „Братство Единство“ во Лескајца за да им посака на основците и првачињата  од градот среќа и успешна година....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top