Ознака: новата

sednica

Новата атракција, лизгалиштето се најде на денешниот Совет

Post Views: 4 На денешната 16 седница на Совет градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека на барање на граѓаните донеле предлог измени во одлуката за воведување автобуски линиски превоз, односно после подолго време одлучиле да се воспостави линиски превоз на ниво на општина Охрид. Исто така градоначалникот Бакрачески ги зарадува и такси превозниците, бидејќи на барање на здружението на такси превозниците цената за добивање на лиценца од 40 000 денари намалена е на 10 000 денари. Новата атракција на плоштадот монтажното лизгалиште се најде и во дискусиите на денешната седница. Советикот...

Continue reading

lizgaliste

Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето

Post Views: 0   Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето. Синоќа тоа беше свечено отворено со неколкучасовен музичко сценски хепенинг и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски. Градоначалникот Никола Бакрачески се обрати пред бројната публика искажувајќи задоволство од реализацијата на овој проект. Тој најави интересни содржини и за наредните денови до дочекот на Новата година и вети дека организацијата на Новогодишните, Божиќните и Богојавленски празници секоја наредна година ќе биде се подобра. Се надевам дека ние како Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат...

Continue reading

balet deca

„Волкот и седумте јариња“, детски балет за предпразнично расположение

Post Views: 1 Празничниот период Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се посвети на најмалите. Започнуваат со детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“ во изведба на балетското студио „Визави“ под кореографската палка на Јулија Милевски. Претставата е работена според истоимената бајка за деца и секако наменета токму за најмладата публика. „Ќе трае неполн час, значи самиот термин, 12 часот во недела, токму со тоа сакаме да ги привлечиме помладите, да дојдат, да поминат убаво време со балетската претстава „Волкот и седумте јариња“ како што кажав, наменета токму на нив,...

Continue reading

sistematizacija

Општината ја објави новата систематизација на работни места

Post Views: 6 Сите 266 државни службеници кои се дел од општинската администрација ќе останат на работа. Ова го тврди Димитар Спасески, секретарот на општината, по  објавата на новата систематизација на работни места.  Иако општината е со пренатрупана државна администрација сегашното раководство ќе им даде шанса за работа на сите вработени, вели секретарот на Локалната самоуправа.  Од систематизацијата,  Локалната  очекува поквалитетна работа на општинската администрација.  „Ефектите за кои ме прашавте, очекувам да се многукратни. Прво за граѓаните за општина Охрид да добијат поквалитетни...

Continue reading

сон на летната ноќ

Сеуште не се знае со која претстава ќе се отвори театарската сезона

Post Views: 8 Сонот на летната ноќ охридските љубители на театарот по се изгледа можат да го гледаат само на лето а на зима можат да го сонуваат. Техничките соработници од странство кои се потрудија ова дело на Шекспир 4 пати да биде изведено во Охрид во летниот период сега поради други ангажмани им ги изменија плановите на Охридскиот народен театар и Центарот за култура Григор Прличев. Новата театарска сезона место  како што беше најавено, со најволшебното дело на Шекспир ќе започне со задоцнување со некоја друга претстава.    Со уметничкиот директор на охридскиот театар Горан Стојановски ...

Continue reading

ultrazvucna operacija

Заводот за кардиоваскуларни заболувања се осовременува

Post Views: 0 Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук која е набавена од Америка. Опремата е набавена со сопствени средства на заводот, а првата интервенција ја реализира поранешниот директор на заводот и актуелен градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, заедно со доктор Власис Нинос од клиниката Сент Лукс во Солун.Д-р Бакрачески пред новинарите истакна дека новата техника е современа метода која овозможува ултразвична дијагностика  на коронарните крвни садови, интраваскуларен...

Continue reading

vakcini

Центарот за јавно здравје подготвен за новата сезона на грип

Post Views: 2 Центарот за јавно здравје набави 2500 вакцини против сезонски грип. Од таму велат дека се целосно подготвени за новата сезона на ова заразно заболување. И оваа годин како и минатите ќе се вакцинира против три видови на грип и тоа А, Б и Ц. Атанаско Михаилов, раководителот на Центарот за јавно здравје вели дека од минатата година набавени се 300 вакцини повеќе поради се поголемиот интерес на граѓаните за превентивна заштита од грип. Првенствено да се вакцинираат ранливите групи а тоа се лицата со над 65 год старост, хронично болните, децата и граѓаните кои работат со...

Continue reading

plan

Локална: Нема нерешлив проблем, но законот пред се

Post Views: 2 Локалната самоуправа на Охрид, денес се огласи во врска со реакциите на неколку охридски семејства кои живеат во објекти кои не одговараат на стандардите на современо урбано градско живеење. Имено, според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, имаат потполно разбирање за тешката состојба во која се наоѓаат неколку социјални семејства. Тој додава дека за жал, нивните можности за помош во тој поглед биле лимитирани од причина што законските прописи не оставале многу простор за работа. „Во најголем број случаи овие...

Continue reading

ftu

Започна академската година 2013 / 2014

Post Views: 2  Факултетите подготвени за бруцошите. На ФТУ годинава запишани 300 студенти. Денеска тие  ги добија своите индекси, со што и официјално станаа дел од оваа реномирана високообразовна установа. Во третиот уписен рок што ќе се одржи утре, се очекува да се пријават уште триесеттина студенти. И оваа година, како и изминатите, најголем интерес за запишување имало на насоките Царина и шпедиција и осигурување, открива деканот на ФТУ, Сашо Коруновски. „Тие студенти се на шесте студиски програми кои се во комбиниран состав и тоа четири годишни и тригодишни академески студии....

Continue reading

prvacinja

Започна новата школска година-најрадосни првачињата

Post Views: 1 Денес започна новата школска година во сите основни и средни училишта во градов и земјава. Со исклучително богата и забавна програма беше одбележан стартот на учебната година. На првиот училишен ден секако најмногу се радуваа оние најмалите кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. Вршителката на должност директор на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска, на најмалите им кажа дека нивното училиште со радост се подготвувало за нивното доаѓање бидејќи се тие дел од големото училишно семејство. Успешен старт на новата учебна година, и на основците, и на средношколците...

Continue reading

sednica na sovet

Нова организација на локалната администрација

Post Views: 5 За предлог одлука  организација на локалната администрација, расправаа советниците на деветтата седница на совет и истата доби зелено светло.Секретаротна општина Охрид Димитар Спасески вели дека овој потег на локалната е резултат на наследената обемна администрација, како и на несоодветниот начин на распределба на вработените во секторите и одделенијата.  Според него со новиот начин на организирање, ќе се создадат и неколку нови сектори, а некои од досегашните ќе бидат раздвоени. Секретарот потсети дека новата локална самоуправа  со превземањето на власта се соочила...

Continue reading

vmro np

ВМРО НП: Се вршат притисоци врз доверителите за да се откажат од побарувањата кон општината

Post Views: 9 ВМРО Народна партија даде своја оценка на досегашното работење на новата локална самоуправа. Тие сметаат дека во изминатите 100 дена се правеле само куртоазни средби со одредени групи на граѓани, се асфалтирале некои помали улици, и одржувале манифестации кои години наназад биле одржувани. Од ВМРО Народна прашаа што е различно во поставувањето на урбаната опрема, освен новата давачка за угостителите за закуп на просторот. Од Народна сметаат дека најавуваните изградби на нова автобуска, затворен пазар и катна гаража веќе требало да се започнати, бидејќи за сите нив има...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top