Ознака: на

nikola bakraceski

Градоначалникот поднесе отчет за досега сработеното

Post Views: 4 Градоначалникот Никола Бакрачески поднесе отчет за досега сработеното. Оваа точка  беше ставена на дневен ред дополнително по предлог на градоначалникот, а на барање на советниците од опозицијата на  последната седница. Бакрачески во обемниот отчет за периодот април- декември 2013 година зборуваше  час и 25 минути. Се осврна на големата стапка на невработенсот воопштината, на големата превработеност на оппштинската администрација во изминатите 8 години на поранешната локлна власт, на  високите долгови на општината и јавните претпријатија. Кажа за досегашните зафати во...

Continue reading

zgrada

Комисија ќе ја испитува законитоста на досегашните градежни работи на општинската зграда

Post Views: 1 Стопирани градежните работи на доградбата на општинската зграда започнати во времето на поранешата општинска власт. Работите беа сопрени уште пред добивање на манадатото на новата власт, напоменува актуелниот градончалник Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека во меѓувреме формирале Комисија која ќе ја испита законитоста на  досегашните градежни зафати на  објектот. „Ние формиравме Комисија која  ќе ги разгледа сите аспекти околу градбата на зградата. Беа вклучени стручни лице од општината и надворешни стручни служби, а се разговараше и со дел од фирми вклучени...

Continue reading

povit

Бандера обвиена со повит ги загрижува жителите од Кузман Капидан

Post Views: 7 На улицата Кузман Капидан бандера за електрична енергија обвиена со повит и бадемови гранки.  Тоа им предизвикува сериозна загриженост на жителите кои стравуваат дека во престојните зимски денови  може да дојде до спој и да придизвика пожар. Трајан  Ѓоршески жител на оваа улица кажува дека пред три месеци пријавил до ЕВН и сите институции за ваквата состојба, но до денес нема никакво решение.„ Морав да одам да пријавам отидов во електрична, пријавив напишав молба. Нигде. По неколку месеци отидов пак ништо. Во комунално уредување ми рекоа на одмор се, корпата не работи,...

Continue reading

spomenik

Одбележани 69 години слободен Охрид од фашистичката окупација

Post Views: 24 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, значаен историски датум беше одбележан со одавање почести на жртвите паднати за слободата на градот. На свечената седница беше одржан историски час на кој Никола Стефаноски, потпретседателот на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, се наврати на значењето на 7-ми Ноември. Потсети на 40- тината млади борци  кои своите животи ги положија за слободата. „Заедно да го споделиме  споменот во одбележувањето на датумот кој го чува и означува времето кое треба да го паметиме и да не го заборавиме“, им порача на присутните во своето...

Continue reading

stalak

Се крадат сталаците за испитување на аероседиментно загадување

Post Views: 8 Се краде се и сешто па крадците посегаат дури и по сталаците и балоните поставени за мерење аероседиментно загадување. Од пропишаните 4 мерни места во градов  засега функционираат само две. Сталаците се поставуваат на фрекфентни сообраќајни места од каде еднаш месечно се земаат примероци со кои се испитува концентрацијата на честички прашина во воздухот.  Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, од Центарот за јавно здравје, информира дека вакви пунктови за испитување на  аероседиментното загадување биле поставени кај  автобускат станица,...

Continue reading

Debrca

Уникатноста на црквите и градбите од Дебрца претставени пред охриѓани

Post Views: 6 Во јавноста многу малку е познат фактот дека и дел од Дебрца е ставен под заштита на Унеско. На овој простор има голем број цркви и манастири кои долго време се истражувани од охридските историчари на уметност. Научно истражувачката работа тим од Завод  и Музеј резултираше со изложба од истражувањата на  терен.  Внатрешноста на овие сакрални објекти се исполенти со велелепни фрескоживописи и иконографија што зборува за умешноста и генијалноста на македонските зоографи, вели Гоце Ангеличин Жура, историчар на уметност  од охридскито Завод и Музеј. Жура во соработка  со...

Continue reading

lakocerej kanalizaciona mreza

Изградбата на канализационата мрежа во Лакочереј во полн ек

Post Views: 0 Eкипите на ЈП „ Нискоградба“  не запираат со изведување на градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј. „Веќе една недела се изведуваат гредажните активности во населбата Радојца Новичиќ, односно на улицата која води до Долно Лакочереј. Се поставува канализациона мрежа во должина од 1300 метри. Со тоа се исполнува ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека конечно оваа приградска населба ќе добие канализациона мрежа за третман на отпадните води. Овој зафат ќе го изведува ЈП Ниско градба со што цениме дека ќе се подобри работата...

Continue reading

kukarka

Завршени двата типизирани објекти за продажба на сувенири

Post Views: 9 Двата типизирани објекти за продажба на сувенири кај Чинарот и пристаништето  се во завршна фаза. Монтажата на типизираните објекти за продажба на сувенири која започна на почетокот од месец јули  беше  довршена  деновиве,  месец и половина по отпочнување на  работите. Објектите беа најавени дека ќе се градат уште минатото лето. Изминува уште една туристичка сезона, а ресорното министерство не успеа да ги доврши и стави во функција навреме двата објекти.   Јавноста го поставува прашањето зошто не се забрза градбата и се дозволи да се пропушти туристичката сезона? Од...

Continue reading

Gard

Младите преку рекреативен спорт и екологија ќе го развиваат мултиетничкото живеење

Post Views: 7 Деца од повеќе националности и општини од земјава преку спорт и екологија  ќе ги развиваат телесните, духовните и културните вредности. Во хотел Далјан, на охридското крајбрежје, основците се дел од проектот „Младите преку спорт и екологија до мултиетничко разбирање и одржлив развој во Македонија“. Претседателот  на Граѓанската асоцијација за рекреативно движење ( Гард), Гоце Илиески ја нагласува потребата од практикување на рекреативни спортски активности, развивање на  еколошка свест  и соживотот меѓу националностите кај младите личности.     „ Во рамките на нашите...

Continue reading

za trpejca so ljubov

Започнува Културно – забавното лето „На зајдисонце “ во Трпејца

Post Views: 2 Организатор на Манифестацијата  „На зајдисонце “ во Трпејца е Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“ поддржано од месната заедница од Трпејца, а покровител на манифестацијата е Општина Охрид. Секретарот на општината Димитар Спасески вели дека ова е една од активностите на општина Охрид, насочени кон подршка на културните манифестации во градот особено со акцент на културните манифетстации кои се  одвиваат во рурлните области. „На наше големо задоволство оваа година културната манифестација, организирана од страна на здружението на граѓаните „За Трпејца...

Continue reading

jajca

Јајцата и производите од животинско потекло се продаваат во затворен простор

Post Views: 31 Конечно, во охридскиот пазар јајцата и млечните производи се продаваат во затворен простор. На  отворен простор, според законските прописи, повеќе не е дозволено да се продаваат  јајца  и производи од животинско потекло.  За запазување на прописите градски пазар обезбеди просторија во која се дислоцираа  тезгите за продажба на овие производи, информира в.д. Виолета Цепенкоска. „ Просторијата е на околу 30-тина квадрати и ги задоволува моменталните потреби од закупците. Понатака во рамките на нашите можности  ќе ги подобруваме условите кои сега се  минимално технички. ...

Continue reading

dalekovod

Тестот на издржливост го потврди квалитетот на емовите далеководи

Post Views: 25 На испитниот полигон на Емо денес се одвивaше несекојдневно тестирање на 110 киловолтен далековод. Екипи на Емо во присуство на инвеститорот Мепсо и преставници од Градежниот факултет се обидоа да срушат 110 киловолтен далековод. Тестирањето  се однесуваше на  столбот  за далеководот  Вруток-Тетово кое го издржа динамичното напрегање , вели директорот на ЕМО, Зоран Филоски. Напоменува дека во земјава и пошироко едниствено во Емо се врши ваков тип на испитувања. „ Требаше да се сруши  110 киловолтен столб. Но, со 35 проценти оптоварување над дозволените стандарди столбот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top