Изградбата на канализационата мрежа во Лакочереј во полн ек

Долно Лакочереј конечно комплетно ќе биде приклучено на канализациона мрежа.

 |  Маленкова Татјана  | 
lakocerej kanalizaciona mreza
Лакочереј канализациона мрежа

Eкипите на ЈП „ Нискоградба“  не запираат со изведување на градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј.

„Веќе една недела се изведуваат гредажните активности во населбата Радојца Новичиќ, односно на улицата Лакочереј канализациона мрежакоја води до Долно Лакочереј. Се поставува канализациона мрежа во должина од 1300 метри. Со тоа се исполнува ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека конечно оваа приградска населба ќе добие канализациона мрежа за третман на отпадните води. Овој зафат ќе го изведува ЈП Ниско градба со што цениме дека ќе се подобри работата и во ЈП, но и финансиската состојба во Нискоградба“ истакна портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.
 
Џамтоски вели дека еден крак од Радојца Новичиќ и досега бил приклучен на канализационата мрежа, но поголемиот дел од 1300 метри, сега за прв пат се приклучува во новото поставување на  канализацината мрежа. Со овој зафат на локалната сите граѓани ќе имаат соодветен третман на одлагање на  отпадните води. Единствен проблем кој може да ги оддолжи градежните активности е Лакочереј канализациона мрежаврнежливото време.

„Можеби временските прилики нема да одговараат на градежните работи, но како што беше зацртано се очекува најмногу 30 дена целосно да бидат завршени градежните работи и целосно да функционира тој канализационен систем“, истакна Џамтоски.

Градежните работи се очекува да завршат за еден месец , по што патот ќе се санира и асфалтира. Овој зафат, е дел од планираната програма за комунален развој на Општина Охрид , преку која му се помага и на Јавното претпријатие „ Нискоградба“ да има доволно работа, со што ке ја консолидира својата материјално- финансиска состојба.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top