Post Views: 8
Денеска во Основниот суд во Струга, со изјавата на Др Панде Видиноски, вештакот од психијатриското одделние од Скопје, се заокружи доказната постапка на кривично правниот настан за убиството на Џемаил Исмаили. Завршни зборови имаа обвинителот Никола Неделкоски, бранителот на оштетениот Димитрија Цобоски и бранителот на обвинетиот Емил Балабан.
Според обвинителот Неделкоски, изнесените докази во постапката кажуваат дека обвинетиот ги сторил трите кривични дела за кои се терети и тоа со умисла го лишил од живот Џемаил Исмаили, се обидел да го лиши од живот неговиот син...
Post Views: 2
Крај или почеток на расветлување на кривично правен настан. На денешниот судски претрес во врска убиството на Џемаил Исмаили кое се случи на 30. 08 минатата година беше сослушан еден од клучните сведоци Ади Крека, виш инспектор при СВР Охрид и Др. Владо Кочоски вешто лице. „Доказите се речиси исцрпени и се наѕира крај и на доказната постапка и на расветлување на целиот настан“, изјави Димитрија Цобоски бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили. Тој додаде, дека исказите на сведоците, кои имале сознанија за случувањата кои претходеле на кривично правниот настан и сведочењата...
Post Views: 4
Официјално заврши проектот „Единство во Различноста“. Во склоп на овој културен настан кој денес се одржа на струшкото пливалиште, беше организирана изложба со дел од фотографиите кои учествуваа на конкурсот на тема „ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИЧНОСТА“. Воедно, беа доделени наградите на авторите на наградените фотографии, кои како самите кажаа, инспирацијата ја нашле во Струга, соживотот на нејзините граѓани како и нивните секојдневни навики.
Проектот „ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИЧНОСТА“ започна со реализација во октомври 2010 година и траеше шест месеци. Беа одржани 4 меѓуетнички дебати,...
Post Views: 0
За прв пат во Охрид, организиран државен натпревар на угостителско – туристичките училишта. Идејата и организацијата на овој настан е наша, вели директорот на овој училишен центар Секула Баткоски. Претставници од седум градови од Република Македонија зедоа учество. Покрај од нашиот град, своите кулинарски вештини ги претставија и учениците од Скопје, Тетово, Крушево, Гевгелија, Штип и Македонски Брод. Се натпреваруваа готвачи, келнери, бармени и фламбери. Интересно е тоа што натпреварувачите имаа подготвено и своја презентација за градот од кој доаѓаат.
Директорот...
Post Views: 0
Мултиетничкиот проект на НВО „Езерка“, „Пунте“ и „Толеранца“ од Струга „Разликите се наша предност“, се поактуелен . Годинава за прв пат на Божиќна софра сите заедно уште еднаш докажаа дека верата луѓето ги зближува.
Политиката настрана од верата. Ова е пораката на свештеникот и оџата, на денешниот Божиќен ручек, кој се одржа по повод празниците во угостителскиот објект „Св. Ѓорѓија“ во Струга. Овој настан стружани ќе го запаметат и ќе го споменуваат долго, бидејќи ова се случува за прв пат во овој специфичен мултиетнички град. Проблемот на комуникација кој што се наметна...
Post Views: 7
Стружани во паника. Повторно од езерските води на струшкиот дел од охридското крајбережје, извлечено безживотно тело, овојпат на жена. Во рок од нецели два месеци, стружани се соочија со две кобни саботи. Плажата „Галеб“, повторно актуелна како место на настанот. Како што добро е познато на 11 септември, во водата на езерото беа забележани три мртви тела на сограѓани на оваа општина. Денес нов давеник. Очевидците на овој немил настан не је препознале жртвата, само забележале како безживотното тело го носи езерската струја која на овој дел е посебно изразена.
Од СВР...
Post Views: 4
Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 29 август 2015 година (сабота) на патеката „ Климе Савин“ , од манастирскиот комплекс „Св. Наум“ до градското пристаниште, во должина од 30 километри.
Организаторите на годинашниов 29. маратон, Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан во Република Македонија.На Охридскиот пливачки маратон, според пристигнатите пријави, ќе учествуваат 24 маратонци од кои 12 мажи и 12 жени...
Post Views: 5
Од утре 13 до 23 август Месецот на кошарката во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид, Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години.
На првенството ќе учествуваат 20 селекции кои ќе бидат поделени во четири групи од кои две групи А и Б ќе се играат во Спортската Арена Билјанини Извори додека групите Ц и Д ќе се играат во Струга во Спортската сала Тими.
Во првата фаза, која трае во период од 13-ти до 17-ти Август, репрезентациите ќе ја одиграат првата рунда на шампионатот, натпреварите по групи.
Во оваа фаза ќе се играат...
Post Views: 3
Пророштвото на старите Маји го посочува 21 декември 2012 година како можен датум за крајот на светот. Во обид да направи егзорцизам на овој суден настан, Кампари објави албум на темата. Во фотосесијата, Мила Јововиќ носи 12 надреални фустани кои ги претставуваат некои од можните катастрофи што ќе доведат до крајот на светот. Се разбира, календарот завршува со датумот 21 декември…
{loadposition content9}
Post Views: 6
Дипломираните и активни студенти на ФТУ и работодавачите на едно место. Компаниите од областа на туризмот, агенциското работење, услужните дејности и шпедицијата денес имаа можност да се сретнат и да поразговараат околу нивните потреби и желбите на оние кои бараат работа. Факултетот за туризам и угостителство организира „ Денови на кариера“ со цел да се надмине недостатокот од комуникација помеѓу понудата на работа и побарувачката.
Во Охрид доминира сезонскиот карактер на ангажирање, а нашите студенти секако дека можат да влезат во таа празнина. Имавме многу понуди,...
Post Views: 10
Во едно неодамнешно интервју актерката Скарлет Јохансон откри како го одржува својот беспрекорен тен со помош на два „направи сам“ рецепти кои се дел од нејзиниот ритуал пред да се појави на црвениот тепих.Скарлет Јохансон навистина изгледа идеално – секси, гламурозно и негувано. Таа вели дека за беспрекорна кожа не се потребни многу пари, бидејќи состојките од нашиот фрижидер се доволни за да имаме прекрасен тен.
„Многумина веруваат во употреба на природните производи и конзумирањето многу вода се доволни за убава кожа. Јас користам маска од мед која ми помага да...
Post Views: 2
По повод Светскиот ден на планетата Земја, на ден 22 април, (среда), со почеток во 13 часот, на Градскиот плоштад ” Св.Климент Охридски”, во Охрид, ќе се одржи музички хепенинг, фото-работилница и ликовен перформанс.
Овој културно-едукативен настан e организиран од здружението ТАКТ заедно со група волонтери и вљубеници во природата.
“Истиот има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, заради заштита и зачувување на водите на Охридското eзеро.
Најавено е присуство и од градоначалникот г. Никола Бакречевски додека во програмскиот дел, за жал, откажано...